Ами кој ќе и гледа на некоја в цицки реално? Јас неам користено, се вратив на работа откако направи година, ама сите што ги знам без разлика дали на ад или доеле сите си ја користеле таа пауза, па ваљда ради тоа почнале работодавците да бараат некаква си потврда.
Да, точно дека следи за доилки, ама факт е дека повеќето ја користат за да си дојдат порано дома и да бидат со детето, да го земат на време од градинка. Моето на 9 месеци ќе тргне во градинка, што има врска што е на ад, ќе си користам 1 саат и крај. Да ми бараа потврда за доење и тоа ќе набавев.
Дечки, како и да е, дали доела или не, користела ситуација или не, следува. Не сум сретнала некоја да има проблем, еве како пример конкретно мои колешки користеле, а работам во приватен сектор (каде што поголеми се шансите некој да ти ги комплицира работите). Само што убаво кажа членката погоре, работава е на тенчење само, односно зошто нешто да биде едноставно кога може да биде и комплицирано.
Еве јас ќе бидам првата што ќе има проблем и нема да и дадат. Мене не ме ослободија кога бев одлободен од државата за пеколни температури додека бев бремена, па сега ова. Ме тераа да потпишам дека своеволно доаѓам на работа… ќе треба да ја одбијам дур да почнам.
Нема потреба да ја одбиваш, јас големата ја доев до 1 година, цицаше после работа и навечер, тргнав на работа кога имаше неполни 9 мес. Изгледа јас сум единствена што не го барала тој саат . Што знам, некако фул форс се вратив после двете, глава не можам да кренам, а не па порано да искачам.
Моево како што уште сега не е спремно очигледно за solid foods, ќе цицаме до којзнае кога… мала е 5 и пол е ама ништо не прима, се плука, се. Една лажичка нема голтнато до сега. Јас и да ја побарам, нема да ја добијам таа саат време пауза.
Жал ми е искрено, нека им служи на чест. Не е хумано во секој случај, плус тоа правиме муабет за еден е*ан саат, ама тоа е, во вакви случаи сфаќам какви ‘газди’ постојат, ама тоа е веќе друга тема.
Еден мал апдејт Ми рекоа дека во законот пишува пауза, значи можам да излегувам колку пати сакам до саат и пол и да се враќам, а никаде не пишува дека може да се користи на крајот на работното време.
Во договор со работодавецот секако може. Зaконски, како што пиша @marama не е одредено дека порано еден час треба да си одиш, туку дека имаш еден час пауза за доење во текот на денот. Како ќе ја искористиш зависи од тебе и од тоа како ќе ти дозволат на работа. Јас користев од 11:30 до 12:30, затоа што така ми одговараше најмногу. Го земав малиот од градинка (на адаптација беше), го носев дома, го успивав, па се враќав на работа.
Ако работата ти е далеку, нема смисла да ја потрошиш во пат. Па од таа причина повеќето користат при крај на работното време.
Каква потврда ? смешно е малце како потврдува педијатарот еве пример одиш за да цица таму да види па да пише?! шала на страна Какви имбецили од народ сме. Кај мене не бараа ништо само се договорив да си одам 1ч порано зошто 2ч патувам ваму таму за до работа во гужвите и воопшто не ни се направи муабет да одам и да се враќам. Баш од ЧР ми рекоа сакаш сабајле покасно сакаш попладне порано оди си. Во закон точно не стои ама тој ропак што го пишувал нека оди да стигне во 1ч и да нацица бебе и да отиде од/до работа а ова работодавциве злобни - немам коментар
Мене не ми се исплати да се враќам па пак да одам. Плус работам до 17 часот, па порано да си одам повеќе ми значи. Ова е памет колку човек да се вложува во работата. До сега ни пауза не сум правела кога имало работа, а секако имам еден час. Ама од сега има да си дремам и да си ја користам паузата, а не да работам, никој не вика фала.
Користи си пауза без грижа на совест. Јас кога немам што да правам лутам лево-десно од што не сакам да ги навикнам како на претходните места (каде буквално имав burnout) и чекав едно (никогаш, никогаш слушнато) фала. И како е тргнато и со пауза нема да го слушнам, ама па ми значи..и сама си го кажувам. Офф-топик сум, ама да се најде.