Јас користам саат на крај на работно време, паузата од пола саат си ја користам во текот на работното време. Уште пред да се вратам на работа, кога зборнав за можност за работа од дома зошто и дојам, самите ми рекоа дека ми следува пауза за доење. Еден месец бев во канцеларија, после тоа ме пуштија од дома и се' уште ми следува, зошто дојам. Распределена бев кај нов тим лидер па препрашуваше во ЧР дали и од дома ми следува , ама не направија проблем.
Дали по закон, може да се користи 3 месеци неплатен одмор, после породилното? Некоја да има такво искуство?
Има неплатено родителско отсуство во траење од 3 месеци кое може да се користи до 3 годишна возраст на детето. Можеш наеднаш 3 месеци или на 3 пати по еден месец, ако не сакаш наеднаш да го користиш. Член 170-а од Закон за работни односи. Јас сум моментално така на неплатено родителско 3 месеци. Додека си на неплатено родителско отсуство придонесите за здравствено осигурување ти ги покрива фондот.
Да, само што јас најавив еден месец претходно, чисто да знаат. Во суштина нема основ да не ти одобрат, тоа е право што те следи по закон. Ќе поднесеш писмено барање, најди го членот од законот, цитирај го во барањето и преку архива достави барање, и еден примерок од барањето чувај за себе со приемен штембил. Чисто ти да се заштитиш и да имаш се црно на бело. Во прилог на барањето достави копија од извод на родени од детето како доказ дека детето не е постаро од 3 години.
На две места прашав, ми кажаа дека кога би била на неплатено е исто како да сум невработена односно ми престанува работниот однос тие месеци (логично) но ми кажаа дека и придонесите не ми ги покрива никој. Треба нешто посебно да се поднесе/направи за да ми ги покрива фондот? И каде?
Точно те одјавуваат од агенција за вработување и не ти тече стаж и не ти плаќаат придонеси за пензиско и инвалидско. Придонесите само за здравствено осигурување ги покрива фондот, не треба ништо да правиш, како посебна ставка им е неплатено родителско отсуство, не треба ти ништо во фондот да носиш.
Мајки, ај подучете ме. На породилно сум до 13ти септември. Сакам да продолжам да седам дома уште. Имам и одмор две недели. Како да направам да продолжам што е можно повеќе. Дали после породилното можам да земам одма боледување па после тоа одмор? Или да земам прво одмор, па после тоа боледување пак? Можам ли да спојам две боледувања за да ми се фати месец дена ? Ве молам некој што има искуство да ми каже како да направам
Две боледувања можеш да споиш само ако пример земеш прво од матичен општ, па по завршување одма наредниот ден да отвориш од гинеколог пример. Ама не смееш да имаш ни еден ден непокриен. Или со посебна дијагноза отвораш од матичен, па специјалисг после да ти продолжи може. И од педијатар за детето може да отвориш.
Можеш. Не сум сигурна за гинеколог, ама општ матичен може една недела. За да може две недели мора барем крвна слика да имаш или нешто друго (ртг пример) што ќе покаже дека има причина за понатамошно боледување. За анемија кај бебе можеш и до еден месец да земеш.
Од педијатар, па од твој матичен. Тебе матичниот може да ти пиши 15 дена, мене така ми даде. А со педијатарот се молевме па ми даде само една недела. Јас користев прво одмор, па после боледувањата. И 3 дена неплатени зедов, па ми се собра некако еден месец