Форумџика на годината

Враќање на работа

Дискусија во 'Бебе' започната од leona83, 17 октомври 2014.

  1. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    1.385
    Пол:
    Женски
    Нема ред. Јас и уште неколку колешки не го користевме тој еден саат, јас поради моја добра волја затоа што добив долгоочекувано и посакувано преместување, па не сакав за еден саат да правам проблем. Другите не знам од која причина. Арно ама една колешка си побара и нејзе ѝ рекоа дека првпат слушнале за такво нешто и дека не било обврска на фирмата да ти го даде тој еден саат ако ти сама не си го побараш. Ни дадоа и еден документ, нешто во стилот дека они не ни го забраниле тој еден саат и ние сме биле информирани за сѐ (немаше ни потпис ни печат, само едно пусулче искуцано). И така :)
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.245
    Допаѓања:
    15.387
    Пол:
    Женски
    Тој саат е законски даден зошто дете до 1 година може и да нема 3 цели оброка и затоа во исхраната неопходно е и доењето. Над 1 година може да цица, ама не значи дека ќе гладува ако не го надоиш. Веќе треба основната исхрана да му е цврста храна, а не доење. И затоа нема потреба да те ослободат од работа за тоа. Ќе доиш пред и после работа.
     
    На јolene, H.VAGA, Fenix05 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.637
    Допаѓања:
    3.493
    Пол:
    Женски
    Сурово е да се враќаме на 8ипол месеци на работа.
    А па ко ќе ми речат као абе Америка 3 месеци му е ,па не е нормално тоа за да се огледуваме на нив АЛО !
    Сори ,само се надоврзав.
     
    На intj_girl, dummy, Baby warrior и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    5.877
    Пол:
    Женски
    Мн се мали и таман сега најмногу им требаме. Јас веројатно нема да се вратам на работа и одлучувам да си ја чувам барем до септември или до нова година ќе видиме како ќе биде. Не ми дава срце да ја оставам
     
    На dummy и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  5. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.637
    Допаѓања:
    3.493
    Пол:
    Женски
    Морам сеа ,ама не знам во која тема беше ти текнува ко велеше да пркне едвај чекам на работа да се вратам :rofl::rofl:
    Баш си помислив леле ко ќе треба ќе бегаш (искуство јбг хаха )
    Извини морав да те рчнам :D
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    5.877
    Пол:
    Женски
    Да скроз ми текнува првите месеци кога плачев дека сум цел ден во пижами :( ми фалеше канцеларијата ми фалеше да се дотерам сабајле … се. И сега некои работи ми фалат ама ќерка ми не си ја оставам во јасли :| мн ми е тешко да помислам на тоа
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  7. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.181
    Допаѓања:
    1.722
    Пол:
    Женски
    И јас со тие мисли, земав 3 месеци плус да седам со неа, бар до годинка да истераме па здравје во градинка
     
    На Трагедијаупмм и Baby warrior им се допаѓа ова.
  8. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.199
    Допаѓања:
    5.441
    Мислам дека нема мајка што и е сеедно да и оди детето во јасли. Јас ќе продолжам со отсуството од работа до годинка, мислам дека е доволно седење дома. Од една страна сум тажна и не ми се оди ама пак од друга сум среќна што конечно ќе имам поинакво секојдневие и многу работи ќе се сменат. Дека ќе ми биде супер лесно, не верувам ама дека ќе бидам малце психички подобра и порастеретена - верувам.
    Како поминува времето некако почнувам и на себе да си мислам, да детето ми е најбитно ама па тоа не значи дека треба да бидам жртва по секоја цена.
     
    На katerina.femina, happygirl, Feniksgirl и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    5.877
    Пол:
    Женски
    Да барем до годинка некако да се изгура макар и со неплатени 3месеци. Премногу се мали на 8-9месеци и баш тогаш пролазуваат почнуваат да се дигаат штознам некако ептен мислам дека им требаме. За ментал хелтх јас имам инсопствен бизнис кој си го продолжив по пауза од 5месеци и си го терам а за работава што ми е базична мислам малце ќе ме почекаат 8) иначе и имам колешка со два мњсеци поголемко од ќерка ми се врати во декември на работа и ми се јави да ми каже колку е убаво кафето на раат и колку и е интересно на работа и така …. Ама баби чуваат кај неа кај нас таа опција е исклучена
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  10. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.199
    Допаѓања:
    5.441
    Мојот е 10 и пол месеци и искрено периодов ми е многу напорен веќе неколку месеци, се надевам штом прооди ќе биде полесно. Да не беше на доење мојот би се вратила пред годинка без многу мислење, ама вака некако сум врзана и не сакам да му кратам многу од млекото. После година планирам “ригорозно” да го одбијам зошто навистина не можам, веќе доењево ми станува голем товар.
     
    На Baby warrior и dummy им се допаѓа ова.
  11. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.774
    Допаѓања:
    14.863
    Пол:
    Женски
    Јас да потврдам дека нема поубаво од кафето на раат и не се каам воопшто што тргнав на работа. Сфатив колку ми фалело да излезам од дома и да се отргнам од 24/7 константно исто. Секако после работа времето и е целосно посветено нејзе. Поднесовме и за градинка, ќе видиме кога ќе ја примат. Градинка ми е и ќе ми остане секогаш нешто најдобро што може детето да го добие.
     
    На BellaBibi, Cloverrrr, Spidy и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Kitanova77

    Kitanova77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Јас сум од оние што мораат да се вратат на работа. Бебуш ќе биде скоро 9 месеци. Среќа мајка ми е веќе во пензија па ќе го чува она. Е сега маката ми е што мене работата ми е во две смени и незнам како ќе се организираме со цицање и оброци. Сега моментално е 7 месеци имаме појадок и ручек ама после тоа си сака и да цица.
    Совет од поискусни мајки дали да воведам и АД? Пробувам еве и да се измолзувам и да замрзнам ама не собирам многу како на почетокот.
    Или едноставно ќе се смени до 9 месеци па ќе му бидат доволни оброците и да цица пред и после раб:)
     
  13. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.706
    Допаѓања:
    12.157
    Пол:
    Женски
    Потврдувам, откако оди во градинка, ново дете е. Си има ред за сè, и те како се пушти со зборењето, да не набројувам, 100 бенефити. Јас секогаш ја сфаќав градинката не како некој да го чува детето туку моментот на социјализација. Е сега кај мене испадна по убавото сценарио, ја доев до год ипол па и се фати да има год и 10 месеци неполни кога тргна во градинка. Можеби и на година ипол би ја пуштила да знаев дека вака од одма ќе се прилагоди ама и вака не испадна лошо. Е сега некој нема избор мора порано да си ги дадат дечињата во градинка, ама деф зборот ми е, нема по убаво од дете што си оди во градинка. Ќе го тера 6ти месец, освен нос течење и поткашлување, немала ништо друго, дали 5 дена била отсутна. Така да, секој нека види кога му е нај соодветно детето да тргне во градинка ама за пуштање ич да не се мисли.
     
    На naturally и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  14. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    5.877
    Пол:
    Женски
    Дааа таман работа, ептен сакам да оди во градинка нема збор за тоа. И јас имам мн убави спомени од градинка ама на 8ипол/9месеци се бебиња и мн психолози викаат дека до година ипол/2 социјализација нема … едноставно активности и чување додека е мама на работа за да обезбеди плата. Ќе почекам веројатно до септември или декември ќе видам како ќе биде целата ситуација тамсн ќе биде 15-18месеци ќе оди ќе збори па ќе видиме… секако во приватна ќе ја запишувам така да не ми игра улога за терминот да го чекам / нема место во ѓорче државниве градинки гунгула е а немаме луѓе по градинки за врски
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  15. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.181
    Допаѓања:
    1.722
    Пол:
    Женски
    Е мене овој момент ме плаши што моето време после работа за со неа ќе биде прекратко. Работата ми е “флексибилна” ама обично од 16 до 19 што би било време после работа јас сум турбо на состаноци и не можам глава да кренам… Осеќам дека ќе морам нова работа да си барам за да не си го запоставам детето. Друга мисла ми е сабајле покасно да ја носам во градинка дека сабајлињата ми се полабави и немам состаноци па ќе можам да поседам со неа ама не знам колку е изводливо така…
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.774
    Допаѓања:
    14.863
    Пол:
    Женски
    И те како има социјализација после година, не си свесна какво човече ќе имаш дома, не дете. Значи се разбираат, враќаат и тек учат ново и примаат. Одлична социјализација е градинка на таа возраст. Нормално секој родител како се чувствува, ама верувај и да ја пуштиш порано нема да се каеш.
     
    Последна измена: 31 јануари 2026
    На Baby warrior и naturally им се допаѓа ова.
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.161
    Допаѓања:
    26.616
    Пол:
    Женски
    Јас од понеделник се враќам на работа, бебка ќе биде точно 9м.
    Дома ќе ја чува дадилка, истата жена и големиот што ми го гледаше до 2год, па потоа тргна во градинка тој. Здравје, и бебка планирам тогаш да ја пуштам во градинка, на 2год и нешто, не порано.
    Имам измешани чувства, ем сакам да се вратам на работа, да сменам од каши и пелени, ем ќе ми фали времето со децата. Ама верувам дека ќе фатиме нов ред и ќе ни биде добро на сите :)

    На оваа скапотија 3м неплатени ми се луксуз искрено. Вака барем позната жена ќе ми ја чува дома, нема да оди во јасли толку мала.

    Наместо подојот меѓу појадок и ручек, ќе почне ужинка, а за подојот после ручек веќе ќе бидам дома, ќе си одам пола саат порано од работа додека наполни 1год.
    Не фаќа шише, значи не пие АД ни вода, ништо.
    Ама веќе има 3 оброци, и плус ужинката.
     
    На katerina.femina, Baby warrior, Kitanova77 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.256
    Допаѓања:
    8.315
    Пол:
    Женски
    Саат ипол порано можеш да си одиш, или ќе користиш 1ч во сред работно време? Сосе паузата саат ипол се фаќа.
     
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.161
    Допаѓања:
    26.616
    Пол:
    Женски
    Да, знам дека саатипол ме следува, ама само пола саат порано ми треба да си одам за подојот. Ќе го користам на крај на раб време, не на средина.
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sanja192

    Sanja192 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Дали на Неплатено родителско отсуство може да биде таткото? :)