1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Враќање на работа

Дискусија во 'Бебе' започната од leona83, 17 октомври 2014.

  1. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.349
    Допаѓања:
    15.629
    Пол:
    Женски
    Не. Законот конкретно вика "работничката" има право на неплатено родителско отсуство. Генерално се од мајката му следува на таткото само ако мајката е почината или се откаже од родителски права.
     
  2. katerina.femina

    katerina.femina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Јас не сум запознаена со таков заокон. Сакам да користам 3 месеци неплатен одмор? Како оди процедурата? Бебе сега е 6 ипол месеци,сакам да седам до годинка..
     
  3. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.349
    Допаѓања:
    15.629
    Пол:
    Женски
    Како што за секој работник има неплатено отсуство 3 месеца, за нови мајки има исто 3 месеца неплатено родителско отсуство што може да се искористи до 3год на детето. Само известуваш на работа дека сакаш да го користиш. За тие месеци немаш стаж, после мора да ти го чуваат работното место.
    Инаку за тие што користат вакво нешто, да знаете дека кога ќе се вратите на работа, 6мес немате право на исплата од фонд за боледување. Имаше таква ситуација една пријателка.
     
    На katerina.femina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.875
    Допаѓања:
    3.899
    Пол:
    Женски
    Како оди ова ,земаш боледување ама не ти е платено ?
     
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.349
    Допаѓања:
    15.629
    Пол:
    Женски
    За да земеш исплата за боледување од фонд, треба да имаш 6 месеца непрекинат стаж. Ако земеш неплатено отсуство, треба од почеток да собираш 6 месеца. Во меѓувреме ако извадиш боледување, првите 30 дена ти се платени 70% од фирма. После 30 дена, или за боледување за дете што оди од прв ден под фонд, не добиваш пари. На боледување секогаш можеш да одиш, ама нема исплата од фонд 6 мес по неплатено отсуство, без разлика дали е родителско или обично.
     
    На katerina.femina, dummy, Burevesnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.875
    Допаѓања:
    3.899
    Пол:
    Женски
  7. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    958
    Допаѓања:
    895
    Пол:
    Женски
    По желба на приватниците.... мене ме тераат дури и трета смена да одам а малото сеуште цица.... си ја мразам татковината
     
  8. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    2.080
    Пол:
    Женски
    За боледувањево да те прашам, после неплатено родителско отсуство дали добро сфатив дека фонд нема да ми исплаќа 6 месеци ама дали сепак јас можам да отварам неплатено боледување во тие 6 месеци ако ми се разболе детето за да ја чувам дома?
     
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.349
    Допаѓања:
    15.629
    Пол:
    Женски
    Боледување можеш да извадиш, ама фондот не ти дава пари за тоа. За дете до 3 год мислам дека боледувањата беа од прв ден под фонд, значи неплатено ќе биде. Боледување за тебе лично е 70% првиот месец и те плаќа фирмата.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.875
    Допаѓања:
    3.899
    Пол:
    Женски
    Која глупост бе ,еб**и државата кај породилното е премало па се снаоѓаме како знаеме и умееме па и тоа шо ти го ,,дава" како опција со милиони сопки е (wtf)
    Извини тебе ти се падна да те цитирам ама за да може да задржи контекст муабетов морав :D
     
  11. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    2.080
    Пол:
    Женски
    Тоа е… еве една добра работа е што сепак не одев до завод да се пријавувам како невработена, уште ми важи здравственото активно ми е и си пишува таму дека сум на неплатено отсуство така ми кажа матичната
     
  12. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.875
    Допаѓања:
    3.899
    Пол:
    Женски
    Ете ,јас на мое здравје отворив пишу а дека не ми е активно :D
     
  13. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    2.080
    Пол:
    Женски
    Кликни пак, кај мене прво неактивно па после вика активно хах
     
  14. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.875
    Допаѓања:
    3.899
    Пол:
    Женски
    Не ,убаво си пишува неактивно
    датум на истекување 05.03
     
  15. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    2.080
    Пол:
    Женски
    Не знаат што прават кај мене значи хах. Кај мене е “неосогурани под ниеден основ” а осигурувањето “активно” до крај на април
     
  16. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.875
    Допаѓања:
    3.899
    Пол:
    Женски
    Не знам ,можеби ти платиле од фирма..
     
  17. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    2.080
    Пол:
    Женски
    не не, ме одјавија скроз без никакви придонеси така ми кажаа
     
  18. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.875
    Допаѓања:
    3.899
    Пол:
    Женски
    Абе гајле ти е на крај битно ти си имаш осигурување :D
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.288
    Допаѓања:
    5.579
    Мене матичната ми рече дека нема да имам активно осигурување ако земам неплатен.
     
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.349
    Допаѓања:
    15.629
    Пол:
    Женски
    Ќе се пријавиш преку сопругот додека си на неплатен. Не се оставајте без осигурување.
     
    На eliesaab и naturally им се допаѓа ова.