Враќање на работа

Дискусија во 'Бебе' започната од leona83, 17 октомври 2014.

  1. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.785
    Допаѓања:
    7.254
    Пол:
    Женски
    По одјава од работа и повторна пријава преку сопруг за дете и жена за здравствено одигурување мора да се направи истиот ден со одјавата во фзо? Мојава сметководителка е малце спора и комплицирано ми ги објаснува ствариве некој пластично процесот со документи го знае?
     
  2. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    15.703
    Пол:
    Женски
    Не знам дали добро ти го сфатив прашањето, ама осигурување се активира за неколку саата откако се поднесува во фонд. Така да и да не е истиот ден одјава-пријава, и да имаш прекин во осигурување, освен ако истиот ден не одиш на лекар нема ништо да ти значи. Кога ќе пријават во фонд преку мажот, за некој саат жената и детето ќе имаат осигурување.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.785
    Допаѓања:
    7.254
    Пол:
    Женски
    Е тоа / сметководителкава ми е тапа ми врти муабети како киша око крагуевца за инфово - ќе ти кажам / да се спремиш истиот ден/ да организизираш не знам што …
     
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    15.703
    Пол:
    Женски
    Истиот ден е битно за да немаш прекин во стаж. Прекин во осигурување не е битно и да има.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  5. I.Ta

    I.Ta Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2020
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    дали некој знае за дете до 1 годинка ако се земе боледување, дали кратат од плата или не? порано мислам дека не се кратеше до годинка..
    треба да се вратам на работа, а бебево не сака ни шише ни цуцла, си има оброци и само цица
    незнам што ќе прави кога ќе ме нема
    леле ме тепа некоја депресија периодов :(
     
  6. dorota

    dorota Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2025
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    81
    Мислам дека се исплаќа ама 100% не. Околу 10% од плата кратат и 90% плата земаш. Прво ти покрива работодавачот, а после си на терет на ФЗО.
    А за бебето, нормално е да не е навикнато на шишенце, ама кога не си тука ќе се навикне ќе си најде свој ритам.
     
    На I.Ta му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    15.703
    Пол:
    Женски
    До 3 години ако извадиш боледување преку детето е 70% и на товар на фонд од прв ден. Ако боледувањето е за тебе е 70% за 7 дена, 80% за 2 недели и 90% до 30 дена.
     
    На Tiny Love и I.Ta им се допаѓа ова.
  8. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    964
    Допаѓања:
    897
    Пол:
    Женски
  9. Butterfly.girl5

    Butterfly.girl5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    124
    Девојки, дали има некоја вработена во јавна администрација што и одобриле користење на паузата за доење на крај на работно време?
     
  10. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.612
    Допаѓања:
    5.121
    Пол:
    Женски
    Јас користев 1,5 час пауза и ја користев на крај на работно време. Тебаше само да поснесам барање за користење на паузата. Сега за второво бебе истото ќе го направам.
    На сите мајки им следува според закон, независно дали е јавна или приватна институција. Колку е применливо во пракса, не знам.
     
    На tambelina и Butterfly.girl5 им се допаѓа ова.
  11. Butterfly.girl5

    Butterfly.girl5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    124
    @Mimmi39 Да, според закон следува секако, ама зашто сакам да побарам да не е на средина на работно време, туку на крајот да можам да си одам 1,5 час порано, затоа сум скептик... Се евидентирате со титкање на картичка? Не ти правеа проблем, ти одобрија иако на крај на работно време?
     
  12. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.612
    Допаѓања:
    5.121
    Пол:
    Женски
    Не ми правеа проблем. И други колешки користеа таква пауза на крај од работниот ден, односно си одеа/одиме порано за 1,5 час.
    Се титкаме.
    Не знам во каква институција си, но најдобро е да прашаш во човечки ресурси.
     
    На tambelina и Butterfly.girl5 им се допаѓа ова.
  13. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    9.189
    Пол:
    Женски
    Која логика е на средина на работно време да одиш, какви гужви се, барем во Скопје. Мене со првото дете во приватна фирма, газдата ми одобри, јас покасно одев од сабајле пример, така ми одговараше повеќе. Ако ти е одобрено од ЧР/ менаџер, ќе си се титкаш порано и готово, ќе ти рачунаат работно време 6.5 часа.
     
    На tambelina и Butterfly.girl5 им се допаѓа ова.
  14. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    4.076
    Пол:
    Женски
    До кога ја користите паузава и како да ја побарам кај приватник сум не планирав да ја користам ,досега ниедна колешка не користела ама некако ме нервираат како се вратив само ме шетаат локациски 2 дена аеродром, 3 карпош ,4 не знам каде се оддадов пари по паркинг а и заглавувам во гужви.
     
  15. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    поред член 171 од Законот за работните односи мајката која го дои детето и по изминувањето на отсуството поради бременост, раѓање и родителство ќе започне со работа кај работодавачот со полно работно време има право на платена пауза во текот на работното време во траење од еден ипол час дневно во кое време се засметува и дневната пауза. Тоа право работничката која го дои детето го има се до наполнета една година возраст на детето.
     
  16. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.588
    Пол:
    Женски
    Јас користев на средина на работно време затоа што најмногу ми одговараше. Тешко идеше со адаптација на малиот во градинка, 2 месеци траеше, па излегував пред 12 за да го земам и да го однесам дома, па се враќав на работа.
     
  17. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    9.189
    Пол:
    Женски
    Па добро, како одговара секој си користи. Јас пример да излезам од работа, сосе гужви, не би имала време за било што во тој саат ипол, освен одење и враќање само евентуално.
     
    На Mandela и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  18. pikachu2

    pikachu2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, имам можност со скратено раб време да се вратам порано на работа за убав надомест 4ч.
    Дали ако потпишам договор губам породилно?
    Како да се заштитам во тој дел имала ли некоја искуство?
    Се работи за 1.5 м порано за обврска која ја работам само јас во фирма и им треба back up за време на одмори
     
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    15.703
    Пол:
    Женски
    Ако се вратиш порано на работа од породилно, ти следува плата плус пола од породилното до истекот на 9те месеци.
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. pikachu2

    pikachu2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што они не сакаат да ми дадат плата туку као некој надомест за некој саат плус и така јас губам бидејќи ми доаѓа колку породилното да зимам со пола породилно и тој надомест