Успеав да читнам дел од коментарите на темава. Ме интересира искуство со јасли. Каде ги носите во Скопје, како ги чуваат, анимираат бебињата итн? Односно, дали знаете како им поминува престојот таму? Не познавам никој што работи на такво место ниту родител што носи бебе таму. Најчесто имаат жени по дома. Јас не знам што ќе одлучам, имам неколку месеци до истек на породилното, па сакам да слушнам искуства од мајки. И како им е работното време? Јас имам смени на работа.
Дали породилното боледување мора истиот ден да се затвори до кога ти завршува?? Тотално заборавив денес, зошто ќе ми го продолжат, а заборавив да го затворам. Може ли утре да одам или веке сум си направила проблем
@pilenka породилното боледување не се затвара, односно ти не треба ништо да направиш. Кога се отвара породилното лекарот го наведува периодот на времетраење со прецизни дати, што значи дека има дата на почеток и дата на престанок на боледувањето. По истекот на таа дата автоматски боледувањето престанува. Доколку остануваш на работа во истата фирма најнормало си одиш на работа и од следниот месец ке ти префрлат плата. Поздрав!
Испаничена сум до немајкаде. Боледувањето не ми го продолжија иако малата ми е алергична на млеко. Незнам како да постапам. Во моментов користам одмор од минатата година. Може ќе отворам и некое боледување плус, ама загрижена сум зошто не е запишана во градинка, а и да ја запишам дали ќе можат да и даваат храна без млеко и дали ќе се нафатат за ад. Уствари мојата и не прифаќа никакво шише. Се нафати свекрва ми да ја чува, за краток период, ама не знам како ќе се снајде. Досега ниту ја чувала, ниту ја ранела, ни заспивала. Петсто прашања во глава, дали ќе издржи без цице додека дојдам од работа, можеби можам да се измолзам за еден оброк, ама луѓе, не пие никако од шише. Користел ли некој неплатен одмор, мајки?
Jas se vrativ na rab vednas po zavrsuvanje na porodilnoto. Mojats nikogas i do den denes (samo sto napolni godina pred nekoj den) ne prifati sise. Sega cica noke i jas koga ke dojdam. Mlecni proizvodi mozes da i davas dodeka si otsutna...jogurt, kiselo mleko itn.
@Artemida81 оф да можам да и давам млечни производи, ама неможам. Алергична е на се млечно. Дозволено и е само ад на новата без лактоза.
Извади потврда дека е анемична за да ти продолжат боледување. Од друга страна веројатно е околу 8-9 месеци нели?Јаде кашички.Зошто си толку загрижена што не пие млеко? Не ти е неопходно ако јаде зеленчук,овошје,месо,жолчка
@joy1 највеќе ми е за градинката, свекрва ми ми се нафати за чување ама кратко. Во градинка не ми се верува да може јас да им носам храна што е без млеко, на пример бисквити и поима немам што друго за доручек. Ајде млеко нека не пие, ама ни жолчка немам воведено, а и други зеленчуци. Сега ќе треба со брзина на светлината да воведам нови намирници како на пример леќа, грашок и сл. И се плашам што нема да внесе никаква течност додека дојдам, ни вода, ни сок, чај, ниту млеко. Инаку, да осум ипол месеци е.
Јас се вратив на работа неделава. Пола работно време во канцеларија, пола од дома работам. Додека сум на работа беба е со маж ми, после се менуваме. Периодов ќе мора така. А од нова година, после роденденот, почнува во градинка. Сакала, не сакала, тоа е. Мислам дека вака на пола работно време постепено ќе се навикнувам да не ја гледам. Не само неа, туку и мене ми треба период на адаптација. Мислам дека мене повеќе. Среќна е со татко ѝ, си играат, успешно ја храни, ја успива. Немам гајле сега за сега.
i jas sim vo ista situacija koristam odmor od ovaa godina pedijatarot ne sakase da.mi dade boleduvanje a moevo bebce samo cica ne saka nisto da jade i se gade povrakja vednas samo banana i krusa i toa max 50 gr ako izede. sise ne saka nitu od caska asalno pie. pocnav da se izmolzuvam bar nekako majka.mi da i dava. veke 9 meseci polnime denes i ne saka da jade samo cica. epten epten sumzagrizena se razmisluvam i za neplateno akovaka prodolzime. ne znam dali da.menuvam i pedijatar za boleduvanje posto toa za nea ne bilo pricina za boleduvanje a kako da ja ostavam taka koga.mene.me vadi od pamet so gadenjeto od jadenje zaspiva samo so mene so cicanje..sto da pravam majki ??
Jas bi smenila pedijatar.neznam sto im e problem da dadat 15 dena koi tebe i te kako ti trebaat a i oni treba da se svesni deka se mali bebinjava. Jas treba dekemvri da trgnam na rabota ama srediv nekako za prodolzuvanje( ako uspeam do godinka bar) no ako ped ne mi dade bolovanje ke moram da ja smenam
kako mislis do godinka da prodolzis? pedijatarot moze samo 15 dena a posle na.komisija? sega ne znam i kaj nov ped dali ke mi dade boleduvanje...
Da komisiski.koga treba da trgnes na rab? Jas vo noemvri ke ja potprasam za boleduvanje ako rece nemoze imam fora od eden mesec da se prefrlam kaj drug
do 15 ti noemvri sum na odmor godisen...celiot go zemav. idnata nedela ke ja prasam pak a ke go prasam i mojot maticen lekar. a moze da se koristi dve nedeli od.moj maticen i dve.ot pedijatar za bebeto bez.komisija?
@mami blue јас со веродостојна дијагноза и конзилијарно мислење од тројца доктори за нега на дете до една година и изричито доење не успеав на комисија. Сум немала една контрола во месец септември, само од јуни и август. И мислеа дека лажам, боже мили.
Абе аман? Јас стварно не знам што ќе се деси ако остане некоја мајка уште два - три месеци дома со детето... Ќе пропаднат фирмите...
Мамички ако имате врски за на комисија само тоа ви треба,кај мене свеки работи медицински центар таа ми среди.Не се појавив на на матичен ни на комисија а седев дома уште 3 месеци.Од матичен добив 15 дена демек анимично ми било детето,набавив таква крвна слика од лабараторија со низок хемоглобин,и после на комисија уште месец дена,па пак уште месец и така.Затоа ако имате врски фаќајте тоа е спасот.
Минатата недела почнав на работа . Како што имав уплав, добро поминавме. До средината од јануари ќе ја чува мм, а потоа во градинка. И оставам два овошни оброка и 60-тина мл. измолзено млекце. Проблем имаме малку за заспивање, ама ќе се снајдат. Кога си доаѓам си ручка, цица и си преспива. Кратко е времето што ни останува додека си легне за галење, ама тоа е.
Почнав и јас на работа.Со оглед на тоа дека сме на ад добро поминуваат со татко и.Плачки сеуште нема дека незнае каде одам ама се на се задоволна сум од чувањето на мм.Едноставно мораше ова да се случи