Fala ti me utesi malku. Mene mi e i za zenava sto ke ja cuva da i napravam nekoj red da i e polesno. Ne e tastena so babi pa nikoj ne jq cuval osven tatko i dosega. Abe oni se bistri nego nas ni e potesko izgleda
Luge znam deka sum moze dosadna ama tuka.mi e najlesno da se iskukam. Neznam zosto volku tesko mi paga vrakanjevo na rabota ama epten me faka depresija i duri osekam kako napadi na panika mi prolupiva srce na momenti. Mislam deka so prvoto ne mi bese vaka. Mi se place non stop. Go gledam i sincevo nekako mi e tazno on e golem i razbira, vaka bese poveke so mene go zemav porano od gradinka i si bevme cel den zaedno. Se nadevam deka ke mi pomine brzo ova cuvstvo otkako ke vlezam vo bubanj na rabota. Aj da si se isplacam dur ne dosol mm ke me kara ☺
Фаќаат кризни моменти факт е. Преку ноќ треба да излезеш од еден ритам и да фатиш нов. Не се сеќирај, проаѓа. Баш она кога ќе влезеш во бубањот само тераш после. Јас викам некој саат помалку да ми беше работното време ќе ми беше таман. Ако ти е средено прашање кој ќе ги чува децата и каде немаш место за грижа. Јас до последно незнаев дали син ми дома ќе седи или ќе го будам секое сабајле и носам и тоа ме убиваше во поим. Башка бабата претходно го гледаше еднаш во 10 дена. Па да видиш што убаво си се погодија од прв ден. И и јаде, и мирен и седи на соблакање, па го шета со саати. А со мене само се лигави, пелена неможам да му сменам.
Doma ke bide nqjdovme zena ke ja cuva. Vaka koga e sama so nea e ok ama samo ako me vidi ili slusne odma pocnuva da place. Doaga veke 2 nedeli zenava da se naucat i ti vikam vaka generalno se ok pa ke vidime koga ke bide skoro po cel den so nea
Душо, ти се секираш а мене па да ми видиш памет, иако имам уште 4 месеци дома јас скоро секој ден му кукам на мм дека неможам да ја оставам у градинка и да тргнам на работа, уште од сега се нервирам, абе срце ме боли кога ќе помислам да се одделам од неа! Чудно но и мене за првото не ми беше така а сега побудалувам!А мене ради патолошката и порано ми го отворија боледувањето па треба на 8 м да ја оставам! Мм ме кара и ми вика да не си го растурам мирот предвреме ама мене сѐ тоа ми е во мисла! Колку месеци имате? Како се снаоѓа во градинка? Се редактирам, сега читам дека жена ќе го чува, уште поарно...ајде не се секирај!
@M&M shtom odlicno pominuvaat koga ne si prisutna ti, nema potreba da se grizish, ke bide se ok, poleka si se naviknuvaat edna na druga.
I jas uste od 4, 5m pocnav da ja mislam ama sega epten mi se blizi pa mi e tesko. Znam deka ona ke bide dobro jas kako ke bidam neznam ☺. Decata se naviknuvaat brzo nie sme za nikade. Inaku ne mi se pusta vi gradinka mala mo e plus nemam pomos i mi treba covek i za nea i za golemoto. Inaku denov denes maximalno iskorisyrn. Skoro cel den sme nadvor so mali pauzo, sinko ne mozam da go priberam i so mene i so komsii cel den sega samo sto dojdovme go podbra tatkou pak nadvor. Vecet ke padne u nesvest za spienje
Јас наредната недела тргам на работа само прва смена (исто и мм оди само прва), Е сега имам проблем свекрвами се нафати да ја чува НО има услов ..да ја носиме ние малата кај неа , она да не се малтретирала да иде, а замислете живееме раздалечени само 300 метри (преку две улици), мене тоа ми е многу апсурдно, сепак малата си е навикната дома на играчките на релаксаторот , на дубакот, играчницата , креветчето , и плус иде зима јас од постела да го вадам детето успано да го носам кај неа па нели е малтретирање . Јас незнам како да постапам сега, што да правам, женава не разбира или не сака да разбере ... дома сакала да си седит ... немам мозок ме фаќа паника
Не се оптеретувај така. Можеби така е и подобро. Ако жената е во години, така се чувствува посигурно. Во своето седело да си е. А и да си потера домашните обврски. Такви си се некои жени едноставно. Малтретирање е да, наутро недоспано или уште во сон да го спремиш и носиш, ама за толку мало, е сепак помало зло од градинка. Мислам, не ме сфаќај дека ја бранам свекрва ти , туку сакам да ти помогнам сама да си се растеретиш од грижи и непотребни мисли. Подготви си и најди од пријателки или роднини вишок опрема кој има, за неколку месеци да ти позајмат. Од помош да и биде и на жената а поубаво да му е на бебчето. Се разбира и на вас, за да не вршите трнаспорт х 2 ден на колички, играчници, дубаци, и слично.Оти така, ќе н еможеш да се доспремиш и доспакуваш да излезеш од дома. же треба од 4 саат сабајле да почнеш со спремање . А играчки....релативна работа. На бебе и не му се потребни нешто посебно.
Остави нека пробаат и сама ќе сфати дека дома е подобро. Стариве мислат знаат што е најдобро, ама кога ќе им падне кичма „случајно“ доаѓаат до маестрално решение дека дома кај вас е најубаво за двете.
Јас го носев моето од еден крај на градот, на друг бидејќи на мојата мајка и беше полесно дома да го чува. И подобро помонуваа кога е таму бидејќи жената беше порелаксирана а со тоа и сетето. Дома кај мене се чуствуваше постегнато и детето ми беше понервозно.
Има ли некоја што порано тргнала на работа? Законот дава 50% повеќе плата, ама побитно ми е дали некоја оставила помало бебе од 9 месеци дома? Како се снајдовте?
@Cka мислам дека кога се тргнува порано на работа, ти следува половина од боледувањето + плата. Инаку, другарка моја го остави бебето на 4,5 месеци бидејќи мораше да се врати на работа затоа што сеуште немаше земено решение. Го чуваше мајка и'... но, после 3 месеци голгота, самата даде отказ. Рече уште еднаш дете оставање толку мало НЕ. Но сепак може и од детето си зависи нели, а и од оној кој ти го чува
Братучетка моја во Америка на 3 месеци се врати, таков бил законот, ама она не дои. Јас се мислам на 7 да се вратам, ама ќе видиме како ќе биде. Колку оброци би имало тогаш дете од 8 до 4 саат?
@Cka Во Америка породилно имаат од само 7 недели и тоа мислам дека се неплатени. Да фондот ти плаќа 50% од породилното до предвидениот крај, доколку го прекинеш и порано се вратиш на работа. Иако мислев дека мене ќе извикат да се вратам порано -тоа не се случи.И тоа е супер. Моја пријателка се врати на работа по 40дена.Доеше.И беше мноооогу многу напорно.И жал.Мислам дека денес има мала грижа на совест.Не е за парите туку за професионалната обврска.Така и налагаше работата. Доколку не ти е загрозено работното место седи си дома и гледи си бебето.Времето лета дур видиш. Ти си знаеш како ќе биде. Во зависност од кога ќе започниш со дохрана еве да кажеме дека ќе можеш штотуку да му убациш втор оброк на 7м.Ќе доиш пред да излезиш, ако ти го дозволат правото за доење(скоро саат и пол со се паузата) сакаш измеѓу сакаш на крај од денот.Значи доиш во 7ипол и тргаш на работа .Во 10 му дават појадок каша на бебето.Кај 12 ако можиш ќе одиш на паузата, и и кај 2-3 уште еднаш каша.и таман ќе си одиш... Ова погоре со саатнината е хипотетички.ама отприлика...така некако. А по мене породилното треба да трае 1г. Тоа е таман.
Јас треба да почнам да одам на работа кога синко ќе има полни 8 месеци .Душава не ми дава да го оставам на било кој ,незнам како ќе издржам .Со умот дома ,со трупот на работа Јака ти душа на 7 што сакаш да тргниш на работа И мене ме интересира ова за оброциве па ако има некоја искусна мамичка да ни каже.Ние сме 5+ и планирам пред 1 недела пред да наполни 6 да почнеме со пробување вкусови
Јас го оставив на 4,5месеци. Најголема грешка во животот. Пред да излезам за на работа го доев, потоа имаше два оброка ад, па кога ќе се вратам продолжувавме со доење. Синчетого чуваа мм и свеки, детето си беше весело, си напредуваше соодветно, ама јас си направив проблем со градите, го доисцрпив телото, незнаев кај сум. Сменив работа, малку порелаксирано, сега чекам близначиња, ама знам дека породилното ќе го користам до крај и плус ќе земам уште одмори што имам, па дури и неплатено родителство, а на работа ќе тргнам кога ќе бидам спремна јас, не како минатиот пат. Мојот совет и мислење се да си седиш до крај на породилно.
Fala za odgovorot. Svesna sum deka e najdobro do kraj da sedam ama mi trebaat pari mi bese bitno samo kako ste se snasle i koga ste doele. Ima li opcija so izmolzuvanje i dali moze so kashicki toj period da bide bez mleko?
Ако ти е близу работата имаш во текот на денот еден час за доење (законски) кој ти следи до една година на бебето. Јас на пример тој час си го земав на крај на ден и си заминував од работа во 15 часот.