Општи прашања ^Фактички испод 11 000 треба да се примањата, затоа што за бруто се работи. Реално, нема да земат сите. Моја другарка ја одбија, а ги исполнуваше сите услови. Работат и врските тука малку (повеќе)
Женски, овие ваучериве знам дека ќе ги доделуваат после 17-ти Декември... Арно ама, мене ме интересира да не знаете отприлика до кога ќе може да се искористат ? Како беше за претходните години кога доделуваа?
до 15 декември требаше да се искористат, за сега за овие што ќе ги доделуваат не знам, побарај во законот за ваучерите таму би требало да има наведено или кога ќе ви ги доделуваат ќе ви кажат.
женски кај мене на страната на факултетот веќе има истакнато список кој има одобрено ваучер, и утре треба да си ги подигнат од студентски, така да проверете си. Јас не добив, искрено не се ни надевав, башка мн малку бе земале само 14 души од цел факултет
Морам да искоментирам бидејки сум страшно изреволтирана!!!!!!! Кај мене на факултет исто само 14 љуѓе добиај ваучери од кои 2 од моја група морам да кажам дека немаат врска примањата ТУКУ ГОЛЕМИТЕ ВРСКИ! иако знам се и како иде во оваа држава ама имав надеж..љуѓето кои добија ваучери предобро ги познавам на едната девојка мајкаи работи во државна аминистрација со плата до плафон два родители без здраственио проблеми а другиот е СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИН без наше државјанство плака 500 евра семестер бидјеки е странски дрзаавјанин без уверени од ујп се разбира има двајца родители во друга земја живее во стан тука го изнајмува и не е социално загорзен..Срамота толку сум се разочарала не ми се веруваше ама тоа е..
Ова со ваучерите е само мачкање на очи ништо друго. Ајде што нема на некои факултети уште нема резултати,па на оние што има има по некои 20души од еден факултет.А од секој факултет аплицира по 300души најмалку... Читав на другите форуми и има многу,многу не задоволни студенти. Врските работат,тоа е. Аплицирав и јас,кај нас уште нема резултати ама џабе,не се ни надевам. Ако е вака за ваучерите,којзнае како е за стипендиите.
А која е логиката да аплицираш, да добиеш ваучер и истиот да го продаваш по форуми за 12 500? Ептен не фер. Едит: Сега читам дека не биле сите апликации прегледани, ќе имало и накнадно. ( не знам колку е ова точно) #mon, налевајте ни надеж, ние ќе чекаме ко копилиња.
А кај го читаш тоа, од каде ги добиваш информациите? Има ли некој страна каде што има истакнато резултати?
^RainGirl92, кај мене на факултет имаше список за тоа кој добил ваучер. А ова пред малку шо го пишав е од форум, затоа во заграда стои дека не знам колку е точно. Мене ако ме прашаш, јас ќе ти кажам дека шансите да е точно се еднакви на 0. Ко прво договорите со дуќаните истекуваат на 25, а и во случај утре да има нови списоци ќе добиевме некое известување.
Јас денеска прашав на студентски на филолошки и ми рекоа дека од утре натака ќе бидам известена т.е. ќе ми се јават
Се знаеше дека ќе работат врските.. Какви загрозени има кај мене на факултет бе грев да ти е да ги гледаш, и па ќе бидат одбиени. Поради оваа реформа си реков ќе гласам за Груевски, ама гадно се зафркнав. Да му се плукнам бре што луѓе се само мачкај очи.. Но, морам да кажам дека според муабетиве, многу од студентиве па сакаат да ги злоупотребуваат ваучервие, т.е. како задња опција им се, да шетаат со таблет да прават чалам.. Додека некои кои стварно имаат потреба останаа извисени.. Катастрофа
Морам да ви кажам нешто, јас аплицирав во првиот рок и ги исполнував условите и без никакви врски, како што се надевав и добив ваучер. Ама за вториов рок, се запрепастив од колешки што имаа се и повторно аплицираат за овие ваучери и колку само се испотиле за врски да најдат за да земат. Срамота е веќе, треба да земе тој што 100% ги исполнува условите и никој друг.
Исто и јас од првиот рок без врски како што се надевав бидејќи ги исполнував условите добив ваучер. Е, сега работата е тоа што првиот рок беше само за апсловенти и примањата беа до 12.000 ден и од логика дека до апсловенти не стигнале сите студенти кои се прва или втора година значи помалку апликации имало а и не чести се семејства со само 12.000 денари плата месечно. Сега аплицираат сите студенти од прва до четврта година а и примањата ги зголемија на 15.000 денари а сами знаеме колку се искривени вредностите во нашава држава и секој млад човек е на факултет така да конкуренцијата е огромна и секако дека не може сите може да добиете ваучери.
Девојки точно е тоа дека ке има пак списоци, т.е. не е конечен списокот што е објавен. Инаку ме прашаа неколку јас сум на пмф. Зарем уште нема по другиве факултети? Само до 25 ваши ваучерот. Кај нас денес е објавен вториот список ама јас не можам да го најдам ми вика дека е на главната страна на факултетот. Ај која ке биде љубезна да ми помогне да го најдам, инаку еве го првиот http://www.pmf.ukim.edu.mk/c/portal/lay ... B.1001.432
И јас сум на пмф ако го најдеш другиот список те молам ако сакаш постирај го на темава или пратими го во личнапорака ,... и јас не можам да го најдам...
Имате список и на страната на филозофски,за сите што сте таму, ако не знаевте да ве известам... На стоматолошки уште ништо нема, а не ни очекувам на странана безвезна...