Бета хцг е многу индивидуална, така да зависи како ќе биде кај тебе. Кај мене , бета на 13 ден 1310, близнаци носам. Со среќа и со лесно.
Кај мене на 14ти ден беше 2100, еден сакус се виде на ехо. Не е превисока, таман е и упатува на здрава бременост. Со среќа.
Девојки, јас имам криотрансфер на бластоциста направен на 13.04. Прв бета хцг тест на 22.04 со резултат од 89,9. Врот бета хцг тест на 24.04 со резултат 166,6. (направен точно 48 часа после првиот). Утре ќе правам поторно, за да видиме што се случува. После првиот тест имав некоја надеж, дека може убаво ќе се зголеми, ама за жал не е зглемено баш дупло. Знам дека со тестот утре ќе биде појасно се, ама се плашам дека ако пак е зголемено, а не е дупло, тоа може да укажува на вонматочна бременост што е најлошата опција и се плашам од компликации.. Дали знаете зошто во Авицена кога одиш да пушташ бета ХЦГ секогаш прашуваат дали е за утврдување или за следење на бременост? Што им менува тоа? Прашав сега последно, ама дечкото што боцкаше не знаеше и само ми кажа дека така им е протоколот.
Провери и утре вредност и биди во контакт со докторот кој ти правеше трансвер, што те советува тој. Инаку дуплирањето е различно кај секој, исто како и вредноста, не мора да значи нешто лошо. А и во други лабаратории прашуваат иако не знам што им прави разлика, јас вториот пат кога одам, ме прашуваат и им кажувам дека сум со ИВФ и дека следам дали се дуплира вредноста, заради тоа правам пак. Со лесно, убава вредност да имаш.
Со утврдување на бременост ќе добиеш позитивен резултат на пример и ќе пишува на пример >2000. Тоа поголемо од 2000 може да биде 2500, ама може да биде и 7000, нема да знаеш точно. Со следење ќе добиеш точна вредност на HCG.
Ако е така би имало логика, ама не е. И на првиот тест (за уредување) и на вториот (за следење) има точна вредност.
Мислам дека ако се добие >15000 вредност тогаш го повторуваат тестот со разредување за да добие точна вредност, а до 15000 апаратот може да ја измери вредноста.
Седми ден после криотрансфер, правев со селф клиар, покажа мнооогу бледа цртка . Не е за сликање, па незнам и дали мојве очи од што сакаат ја гледаат . Па имав и лаболвик тој ништо не покажа . Рано е . Ама незнам ни до денес како дотрајав.
Дали ги правеше тестовите со прва урина наутро? Може вториот да не покажал ништо зашто не била концентрирана урината доволно. Ептен е рано, најдобро почекај уште некој ден и испитај бета. Ти посакувам да биде успешно.
ембрио трансфер на природен циклус вратени два 5ни ембриони. Позитивен тест на 6ден(многу бледа линија се селф клиар)одма отидов во авицена 10 ми беше бетата.Потоа секојден си правев домашни тестови и беше се поцрвена.На 13 ден извадив повторно бета во авицена беше 1150.После две недели ,денес на 01.12 (6,6 недела)слушнавме срценце ❤️
Трансфер на две бластоцисти -6ти 7ми 8ми и 9ти ден од ЕТ позитивни домашни тестови -9ти ден од ЕТ бета хцг 254.68 -11ти ден од ЕТ бета хцг 686.16
Dali e vo red po proroden pat preku krv 35beta ...pred toa prijatelka pravese testovi bea so bledo linija...denes ma eho nisto ne se videlo i prelu krv 35...maticnata i zazvoni i rece ima bremenost..pak napravi test sega edvaj malku se gleda od predhodnite testovi..
Да, рана бременост е тоа. @fana имаше 40 бета, успешна бременост. Со таа бета сега, за 2 недели ќе види плодче Јас на 2ри декември имав бета 235, на 20ти декември тек бев на ехо и имаше активирана срцева (едвај ја фати), 6 недели бев на ехото.