1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вредности на нухален набор

Дискусија во 'Бременост' започната од efimija.t, 27 јули 2012.

  1. efimija.t

    efimija.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    50
    Здраво,девојки.
    Би сакала,ако можете да ги споделите вашите вредности при мерење на нухалниот набор.До која вредност се смета за нормално?Дали оние кои имавте над 2мм се исплашевте и правевте дополнителни испитувања?
    Дали ви беше измерен на обично 2д ехо, или 4д ехо?Дали тоа го направивте кај вашите матични или побаравте мислење од најмалку два лекари?
    Јас во понеделник ќе одам на овој прв скрининг,каде се мерат вредностите на нухалниот набор и носната коска,па малку сум исплашена и би сакала ваше искуство да слушнам.
    Ви благодарам.
     
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Кога го прочитав насловот си помислив дека си добила „незадоволителни“ вредности, па сега се распрашуваш што понатаму, ко тоа - ти уште ни на преглед не си била :D

    Ефимија мила, на тебе е само да се опуштиш и да уживаш. Остави ги специјалистите да си го извршат прегледот, после тоа и онака ќе добиеш објаснување, па целиот овој предвремен стрес ќе ти изгледа тотално непотребен.

    Relax :)
     
    На efimija.t му/ѝ се допаѓа ова.
  3. efimija.t

    efimija.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    50
    па до некаде и имам,според мене,но не и според матичната.вчера бев за микробиолошки и при ехо прегледот ми вика-во ред се развива,го гледаш ли како мрда?нухалниот набор е во ред.(ме гледаше на ехо старо сигурно 20 год.минимум)јас ја прашувам колку.ми вика-2.5мм.
    аман викам ова многу,нели не е во ред толку.шитав јас по форуми и страници на нет.е како да не-ми вика.ми кажа дека воие се нормални вредности и дека таа знае подобро од тоа што јас го читам.
    но,мене сепак ме јаде.па ќе видам во понеделник кога ќе треба да ме гледаат на 4д.
     
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Многу МНОГУ релативна работа се тие „вредности“ мерени со 2,3, па макар и 4Д. Се` зависи од стручноста на тој што го користи, ништо друго. Затоа тие “критични“ скрининзи се прават кај добри и проверени доктори, кои не се расфрлаат со бројки туку така, и кај кои грешката во бројката е можеби +/- 5%, не 30!

    Значи, вредностите што ти ги кажала матичната може и да не се во границите на нормалата (според тврдењата на интернет), ама па ни ти, ниту таа, знаете колку е точно нејзиното мерење....ме сфаќаш?
    Човек кој знае од таа проблематика ВЕДНАШ ќе те алармира ако нешто не е во ред, верувај....

    Каде ќе одиш на 4Д?
     
  5. efimija.t

    efimija.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    50
    вчера многу читав.и колку што видов,горна граница е 3мм.па го измери за 2 секунди,од каде да знам дали е точно.
    ќе одам во Штип кај Органџиски.а ако има потреба,ќе побарам и друго мислиње.се мислев во Сиситина кај Димчев.го фалат многу.ако успеам воопшто да закажам за толку скоро,обично треба месец однапред,а тогаш ќе е касно за тоа.
     
  6. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Ефтимија,не се секирај. Мене кога ми мереа пред две недели,докторката пола саат прво го гледаше, па ми го ,,вртеше,, бебето, за после да го измери. Рече дека мора точно да биде свртено, за да го фати тој дел што и треба и да го измери.А твојава како за 5 секунди тоа го направила,и плус сигурно на 2Д ехо-не ми е јасно. Јасно да треснат нешто. Само за пример да ти кажам, мојата матична има 2Д и 4Д ехо. Еден ден искрварив, во паника отидов,ми стави инекиција и вика ај да го видиме бебето дали е добро. Ме легна на 2Д да ме гледа. Знаеш дека цело бебе не го виде...Вика го нема,ништо негледам.Мислев инфаркт ќе добиеме со маж ми. Идеме на 4Д, тоа срценце си пливка,си мафта со рачињата.Муабетот ми е дека на таа матна и глупава слика она неможе набор да ти измери. Тоа може исклучиво со 4Д,или евентуално со 3Д ако поарно гледа докторот и ако е постручен малце. Не ја слушај, во понеделник ќе видиш што значи скрининг, и ќе видш дека нема да има никаков проблем.
    Јас бев на ГАК, имаат 4Д ехо, докторката млада,фина, се ми објасни убаво, и ептен сум задоволна. Платив 150 денари.
    Без гајле биди, и пиши ни што си направила.
    Цмок :*
     
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Јас веднаш би ти рекла да си одиш во Систина. Не дека го форсирам Димчев (јас бев кај него) но е далеку подобар од Органџиски. Штипјанецот последниве години се фокусираше на ин витро оплодување. Иста цена ќе платиш и таму и таму. Само што Органџиски може да ти понуди за некоја илјадарка да ти даде видео од ехото :D

    А кога бев бремена, нухалниот набор го мереше сигурно 15 пати, за да го фати во најдобра позиција бебето.
     
    На efimija.t му/ѝ се допаѓа ова.
  8. efimija.t

    efimija.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    50
    фала ти многу силк за објаснувањето и утешните зборови. :) и јас се надевам дека ќе биде во ред во понеделник.што ќе даде Господ,тоа.
    и јас мислам дека на 2д,не се гледаат многу работи.среќа пак што не ми извади ум.подобро што ми кажа дека е во ред нухалната.замисли па да ме испаничеше.неможам да кажам дека не разбира,сепак е лекар,но застарени се со апаратурата.така да,се сомневам во резултатот.кај нас во Струмица и во државна,на одделение-гинекологија немаат 4д ехо.па мораме да одиме по други градови.Вие во Скопје сте супер.
    Важи,ќе пишам што ми ќе биде во понеделник.
    фала ти,уште еднаш.
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. efimija.t

    efimija.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    50
    да,можеби е подобро во Систина.ама бидна веќе.таму закажав,а во Систина којзнае дали ќе успеам за толку брзо.ако добијам лоши вести,секако ќе одам и кај Димчев.
    фала,за советот. :)
     
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Мене не мис е верува дека сеуште постојат ординации со 2д ехо :^)
    Досега само на 3д ме гледале и морам да кажам дека има разлика и тоа огромна. Јасно се гледа бебето и сите покрети што ги прави.
    Инаку мене кога ми мереа нухален набор, ехото траеше точно 40мин, прво слабо се гледаше зошто бешиката не ми беше полна, а после одреден период го чекаше да се сврти убаво и сигурно едно 4-5пати премеруваше, за на крај да добие конечна вредност.
    Јас би ти кажала да си побараш второ мислење задолжително, а доколку си во можност и да ја смениш докторката, да се обратиш во некоја по софистицирана ординација. Срамно е за нив на денешно време да се служат со такви апарати.
    Инаку јас за овој скрининг платив 1000ден. Блонд спомна дека даваат и цд ,но мене цд ми дадоа во 17недела, и бебето беше веќе по оформено па го имаме како плива и испружа рачиња, исто 1000ден платив како и секој преглед.
     
    На efimija.t му/ѝ се допаѓа ова.
  11. efimija.t

    efimija.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    50
    стварно ме утешувате.:)разликата е огромна во времетраењето на твојот и мојот преглед.
    ззатоа и ви бара искуство.
    многу малку си платила.каде го правеше ти скринингот?
     
  12. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Го правев кај д-р Павле Кокорманов, кај него одам веќе неколку години, приватно е , но сметам дека се разумни цени.
     
  13. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Ефтимија, што направи,беше ли на пак на лекар за нухалниот набор? Какови беа резулатите?
     
  14. efimija.t

    efimija.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    50
    сега се вратив од прегледот.пресреќна сум.Нухалниот набор ми е 1,29мм.и се друго што виде,кажа дека е супер.
    поради инсистирање на маж ми,направив приска.и ич не ми беше по волја,ама,зошто тој сакаше.малку за тоа помогна и лекарот,кој го убеди некако,дека тоа е светска практика и не се поставува прашање дали сакаш или не,само кај нас било изборно,па тој запна да сум направила.и ај и тоа.и сега се надевам дека нема да сум меѓу тие на кои им се појавува висок ризик и покрај уредните мерења на нухалната,па само да си вадам памет.
     
  15. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Ааааа НЕ, сега гледај па за ПРИСКАТА секирај се... Тебе штом на скринингот ти покажало 1,29мм, сега што сака нека покаже. Тоа е некоја си формула, врз основа на тоа колку години имаш,пушач ли си, колку си тешка, природно или вештачки зачната...глупости чисти. И ако имаш 37 години, 80 кила и пушиш по една кутија, сигурно ќе те стават дека си со ризик. Тоа не го гледај. Јес да сигурна сум дека и овој резултат ќе ти биде супер, ама пусти жени само да се секираме за нешто. Како за ехото што таа те исповади од памет. Сега оди тресни ја по глава,па на неа нека и отече нухалниот набор.
    Цмок и пиши за ПРИСКАТА.
     
  16. efimija.t

    efimija.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    50
    фала,душо,за вниманието и советите повторно.:)
    дај Боже и ова да биде во ред,како што викаш.си ги зедов вчера микробиолошките и тие се во ред.не и кажав на матичната за нухалната,да не почне да хистеризира дека не и верувам,па сум одела кај друг.:)
    гледам,силк,ти си пред мене две недели.јас сум 13н2д.ќе се консултирам во иднина со тебе за следните работи.
    поздрав
     
  17. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Нема проблем, све што ти треба ќе ти кажам и ќе ти помогнам,па сега сме иста категорија,мора да си помагаме. Најбитно е да си добричка и да не се секираш и нервираш без потреба.Тоа бебче све си осеќа. Иначе да ти се пофалам,мене ми кажаа дека носам девојче. Цмокче па пиши ни пак.
     
  18. saseiefi

    saseiefi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    78
    koga go merat nuhalniot nabor
     
  19. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Од 11 до 13 недела.
     
  20. saseiefi

    saseiefi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    78
    Fala Kallias