и приската излезе добра фала на Бога...намален ризик. ми се јавија во петокот да ме известат. ти честитам за ќеркичката.и јас од секогаш си посакувам ќерка,а маж ми син и сигурен е дека ќе биде машко .па ќе видиме..почна да ми биде сеедно.што ќе даде Господ,тоа. ти сигурно веќе почна и да го осеќаш бебето како мрда или? поздрав
Ете гледаш дека се испадна во ред??? Џабе само се потресуваше. Ај сега опушти се, и уживај си. Фала ти на честитките, ајде сега и на вас за некое време ќе ви кажат кој пол е бебето, иако искрено и не е важно, само да е живо и здраво, дете е дете па дали е мешко или женско не прави разлика. Моево веќе мрдка, не многу често,ама го осеќаме и јас и маж ми кога ќе ја стави раката. А на ехо ептен ептен мрда, па може затоа и малце порано јас го осетив. А плус и слабичка сум, и може и до тоа да е. Поздравче и се најдобро.
дали вредностите на нухалниот набор се валидни и после 12 недела односно колку треба да се придрзуваме на тие мерки после 13 недела. кој ке ми одговори....
Па нели може да се прави приска тестот од 12 до 14 недела? јас лично не направив анализа на крв само со ехо ме гледаше докторот, ама другарками го правеше во 14 недела и ехо и анализа на крв и се беше ок поздрав
Јас правев негде 20та недела мислам На клиника има Приска 1,2 и 3 и кој број ќе биде зависи од гестациската недела.Инаку и на ехо се мери вратниот пршлен чии што димензии го покажуваат истото она што и приската.Доколку мерката е 19 или 1.9 (кај секого различно ,а мерката зависи од видот на ехото) ,тогаш се е во ред.Мене гинекологот ми рече дека морам да направам затоа што по протокол на ГАК ја барале,а не затоа што тој се сомнева во нешто .
Нухален набор се мери од 12-14недела, за дали и колку се точни резултатите во другите недели ќе си прашаш на гинеколог. Скринингот во 20-22недела е за ехокардиографија.
значи ме интересираше за нухалниот набор затоа што јас не правев ни приска 1 ни 2 мојата матична заборавила или сметала дека според возраста дека е непотребно да се прави, земав второ мислење од друг гинеколог сакав да ми извади параметри и да правам приска 2, меѓутоа тој виде дека се е ок срце раце нозе бубрег ...... само што ми рече дека нухалниот набор е 2,нешто (не запамтив), дека тоа се менувало со растењето на полот и дека таа нухална туба се гледала само со приска 1 а 2 не била толку веродостојна за тоа. Плодот е ок јас сум 17 недела останува да се следи на 21 недела како е развиена само што рече што помала вредност тоа подобро. Затоа ме интересираше мислење ?
Истото и јас се прашував,пошто не го направив приска 1 ,го прашав гинекологот дали да правам приска 2 во 17 недела,тој ми кажа дека нема потреба затоа што вредностите во 12 недела ми беа 1,3. е сега сигурно дека како поминуваат неделите вредностите се менуваат тоа е нормално и логично,расте бебчето нели леле паметот ни го извадија со овие приска ајде само позитивно,јас се замарав цел месец со тоа,сега веке не мислам и ми е многу подобро на мешево барем! поздрав
јас сум 21 недела и го немам правено тој тест на ехо ми рекоа дека бебшето супер напредува дали не е во ред што не сум правела приска :geek:
па и јас не правев тоа, прашав дали треба и Др.Филиповски ми рече дека нема потреба. Многу сум среќна што ме поштедува од непотребни тестирања и испитувања.
I jas ne pravev prisca,bidejki vrednostite na nuhalniot nabor bea vo normalnata granica. на мене ми измерија 1,0 нухален набор на точно 12та недела и мислам дека е во рамките на нормалата.Но мојот док. по грешка напишал 0,1 и што да ти кажам малку ме испаничи додека да свати дека згрешил но добро е што беше само грешка
Zdravo na site i kaj mene nuhalniot nabor go izmerija 1,0 megutoa na prenantalniot skrining vidoa deka nozinjata i racinjata mu se pokusi za 12 dena pa sega ke pravam amniocenteza a drugite organi mu rabotat sosema normalno se e vo red.Premnogu sum zbuneta se plasam da ne ima nesto i od samite rezultati so ke gi dobijam.Pozdrav na site i se nadevam na dobri rezultati
Дали на некоја од вас и кажале на скринингот дека нухалниот набор е над 2мм, а после да се воспостсви дека се е во ред со бебенцето?И која е горната граница која се смета за нормална?Ви благодарам!
Има такви случаи. Имаше една членка пред неколку месеци само не можам да се сетам за да ја означам. Направи пренатален тест, излезе океј и роди здраво бебенце само тоа знам. До 2.5 или 3 мислам дека е границата, на неа и беше околу 4мм баш запамтив.