Ама за почитта спрема султанката беше муабетот . Султанката била крајно почитувана. Инаку, јас би го избрала било кое време, освен денешницава. Да не се објаснувам зошто, едноставно мене ме привлекува минатото а не иднината
Aaa сеа разбрав, ќе прескокнуваме чекори... нема постапно, пленица, миленица и така натаму -ица. Браво, браво... на наместено, кој е како тебе. Се шалам. За минатото, јас со моите ставови за некои права на жените, би можела само како турист да преживеам. Шала на страна, ниту јас не би сакала да гледам во иднината многу, многу. Ептен некогаш да ѕирнам во момент на слабост. Инаку, сакам да ми е предизвик, да се борам за нејзино подобрување.
Во 18 век, во Западна Европа - Италија, Франција... Заради модата, архитектурата, омилени ми се филмови и серии со таа тематика... го обожавам тоа време А мoже и во Викторијанското време во Англија
Ко имав 5 години, да му кажам на мајка ми неколку работи за нејзиниот и за мојот живот во иднината... Да ја натерам да размисли, да ја натерам да замини од овде... Да ја натерам да живее, и да ги дочека сите радости во мојот живот и во животот на брат ми заедно со нас!
bi odbrala 2 destinacii 1.NA 2-3 godisna vozras se do 13godini povtorno da go izminam toj period koga bev bezgirzna i koga najgolemata maka i nervoza mi bese da ne me otkrijat na zmurka ili da ne mi se padne ista tetovaza vo nekoja bezvezna guma detska za dzvakanje 2. na bahamite bora bota whatever so se vika samo malku plaza sonce odmor i sloboden um
Јас би одела назад во времето, точно кој период не знам, ама можеби околу 1960-1980, не многу назад ама сепак.
Јас би се вратила мнооогу години назад, кога не постоеле луѓе, туку кога имало диносауруси и Земјата го немала денешниот изглед Или пак би отишла неколку века во иднината
Би останала во ова време, не би дозволила да оди напред, Доволно е ова ниво на развој на општеството, на технологијата. Можда е интересно од она што го глеаме по филмови да живееш во 17-18 век, али сигурно не е така, па тогаш немале ни вц, ги немало ни приближно денешните услови за хигиена.
Убаво е кога го романтизираме минатото па сакаме да живееме пред неколку стотици или илјадници години, но факт е дека порано луѓето живееле многу потежок и победен живот од сега и дека имаме среќа што живееме во денешницава токму поради тие причини. Навидум за обични болки во денешницава не постоело лек во минатото итн. Инаку јас би сакал да да отидам во иднината да видам што ќе се случи со бомбите на Заев, дали ќе доведат до нуклеарна катастрофа, дали ќе го срушат режимот, што ќе биде со државава за 10 год. дали да барам друго чаре или пак како што тргна работава дали еден ден ќе го славиме Св. Никола Груевски(качен на коњ како се бори со ламјата со три глави Црвенкоски-Заев-Шеќеринска) како државен празник.
Во Југославија, да го почувствувам „Одењето на Господ“ во таа земја... да видам зошто и ден денес жалат моите родители и сакаат да се врати старата и силна Југославија...
Јас во минатото не би одела, ни во времето на хуманизмот и ренесансата ниту во п.н.е. Би сакала да одам во иднината
Проклетство, го пропуштив, до следното доаѓање најверјатно ќе бидам мртов. Во тој случај ќе патувам со времепловот до третото доаѓање. Имам важни прашања!
Во 1998 само колку да купам нешто акции од Гугл. Би било убаво и враќање со цел да се убијат злосторници поради кои загинале милиони луѓе иако тоа би било ризично поради временските парадокси и влијаењето на иднината, што ако се врати човек во уште полоша сегашност?
Ако почнеш така да размислуваш нема крај, можеби тие парадокси ќе доведат ти да не постоиш во иднината(или било кој). Твоите родители никогаш да не се сретнеле итн.
Тоа е само една од можностите, повеќе мислев на враќање во нуклеарна зима или во некоја диктатура како во 1984. Секогаш постои можност за враќање и поправање на ситуацијата, освен ако не се расипе машината
Имам размислувано доста за тоа што би било ако би било, но толку е сложено што не можам да дојдам до никаков заклучок, затоа и сакам да читам научна фантастика има интересни идеи. Од друга страна пак, дали доколку Хитлер не би постоел дали би се спречила втората светска војна, дали тој е само продукт на своето време итн. Имам нешто читано/гледано дека антисемитизмот и национализмот постел во Германија долго време пред Хитлер(имам некои претпоставки, но не знам баш како се појавил), доста познати личности како на пр. Вагнер биле антисемитисти итн. Епа сега дали и без Хитлер би постоела војна или дали би била до тој степен масовна. Овие мисли онака ми дојдоа, но има доста за што да се размислува.