Хитлер можеби бил нешто како катализатор но за да се спречи целосно Втората светска војна би требало враќање во 1914 и убивање на Гаврило Принцип и неговите другари а тоа значи барем 20 луѓе, тешка задача Или друг пристап, да се пренесе проститутка со соодветни облини, силикони и сето тоа за да го заведе Франц Фердинанд со цел да го предомисли да не оди во Сараево. Со тоа би се избегнал ланецот на настани кој донесол до две светски војни, појава на нацизам, фашизам и комунизам и многу други настани, а тоа би значело спас за половина милијарда луѓе и сето тоа поради силиконски импланти
Не сум опасен, уште помалку историчар само што овој начин на размислување ми е да не речам наследен, поради тоа што скоро и да нема генерација од моите претци (барем оние до кои стигнува семејната меморија) кои не ги зафатила војна, со сите трагични последици кои ги носи. Дедо ми и баба ми имаат раскажувано детално за војната, можеби малку несоодветна тема за муабет со внук но што е тука е
Поради тоа јас пропагирам легаглизација на проституција, луѓето не се свесни дека може многу рани да се залечат или спречат.
Некаде каде што нема да има нервози и сикирации,на некое мирно место каде што ќе се опуштиш за момент и ќе заборавиш на сите тие проблеми ...
Не сакам да се враќам во времето, тоа што било поминало, и исто така не би сакала да се вратам ни со причина да исправам некоја грешка, значи се се случува со причина, живи луѓе сме ако не се грешките од што ќе учиме. Но ако стварно можам да одам во било кој период во времето би сакала да одам во иднината ама некаде подалеку.. Во 2900 хехе 3000 година, да видам како би изгледал светот.
Атентатот врз Франц Фердинанд бил повод, а не причина за 1СВ. Двата блока веќе постоеле, само барале рачка да влезат во меѓусебен вооружен конфликт. Основи од историја, аман.
Он топик - јас ќе се шетам низ времето, само релаксирано како набљудувач. Би променила нешто, ама од мојов животен век исклучиво.
@sjdgo баш сакав и јас истото да го коментирам тие не знаеле ни на карта каде се наоѓа Србија Би сакала да се вратам во средно школо
Би се вратила во 2011 и би се борела за таа љубов тогашна никогаш не заборавена од страна на двајцата. Е тогаш се би било совршено !!!
Прво што ми паѓа на памет а претпоставувам и на повеќето е да се вратиме во минатото да промениме некои одлуки со цел ова време и иднината да ни бидат подобри. Али поубаво кога ќе размислам би скокнал кон иднината, многу ме интересира дали ќе се разреши дилемата со Господ и дали холограмите ќе станат секојдневие
Да би можела би го вратила целиот мој минато за да сменам многу работи за сега да ми е подобро, би го вратила времето кога можеше без врски да се вработиш.
Би се вратила во 18 век.Може и 19ти. Ги обожавам фустаните кои тогаш ги носеле.Делуваат многу женствено и моќно. Или во Викторијанската доба во Англија,кога жените и од високите,а и од по ниските слоеви носеле преубави фустани.
фустаните се преубави но претешки за носенје и скомотни за седенје морале да прават соодветни столови за дамите и на вратите поминувале странично заради нивната големината , и во wc секогаш биле придружувани за да им го креваат фустанот. А и хигиената им била катастрофа е поготово во зима... Го знам затоа што го учев
Прво би отишол во времето на фараоните, би го чувал фараонот и со тоа би ги уживал сите тие богатства, злато и слично. Би јадел грозје од златна чинија, и би спиел со најубавите жени во кралството. После тоа би заминал во времето на крстоносните војни. Отсекогаш сум сакал да видам како изгледало тоа. Би заминал после во времето кога Македонија била до Индија, и би им однел еден шлепер современи оружја и бомби и ракети, и би им дал план на владеење за следните векови. Така можеби ќе сме дочекале поубаво време тука. Ако не ми успее тоа, тогаш би отишол во Хитлерова Германија и би го убил Хитлер уште пред да ја нападне Полска.