Би сакала да отидам на некое место каде што народот си го живее само својот живот, каде што не би постоеле злонамерни луѓе, би немало злочини и предавства. Каде што сите болести би имале лек, некаде каде што парата ќе има вредност. САМО ДА ПОСТОИ МИР И СЛОГА ПОМЕЃУ НАРОДОТ.
Ќе направам прво добар план кај би било најпродуктивно, за да спречам катастрофа или две, и ако ми остане време ќе се вратам пред некоја година за да си мавнам шамар заради некои одлуки,
Би се вратила 7 год наназад .. ако не може толку барем 14 месеци... ако не може ни толку, барем 4 нека се И себична сум..не би мислела да му помогнам на светот.. само на неколку драги луѓе..
Секаде. Прво во минатото да исправам 2 грешки и да проживеам некои работи повторно, а потоа во иднината да видам како е да знам дали да се мачам или да си планирам самоубиство.
2006-2012 да си се вратам во детството пред да појдам во школо,односно времето пред да го посетам пеколот
Не знам дали би одела во иднината, и дали тоа би било можно воопшто. Мислам дека времето не е линеарно како што ни се чини, па и патувањето напред назад низ него не би било така изводливо. Верувам во паралелни универзуми. Сакам да верувам дека иднината не е предодредена во целост, туку дека со нашите одлуки може да ја менуваме во одредени правци. Повеќе сум љубопитна за минатото и што точно било особено во далечното минато. За него има контрадикторни теории. Да видам како настанал животот на земјата, како живееле и какви биле предците на човекот, вклучувајќи ги и оние кои не се развиле во денешниот човек. Сакам да ги проверам теориите за нашиот настанок, настанокот на денешниот изглед на земјата. Првите цивилизации кога се појавиле и дали се теориите кои денес се учат за ова уствари точни.