..ми договара вонредна средба со креветот! Против моја волја секако, имав многу планови јас.. да чистам соба, учам и учам, учам.. Ама мора да се отиде на средбата, ми зависи остатокот од денот баш од неа.
Денес времето е убаво за месец февруари,мирно.Сабајле не беше ич ладно,а ни сега.А за вечер ќе видиме...се надеваме дека ќе биде убава петочна вечер.
Во моментов времето е облачно со температура на воздухот од 9 степени Целзиусови. Во текот на попладнето се очекуваат врнежи од дожд и снег. Фала. Чао.
Еве морам да ви кажам дека моментално се наоѓам во Њујорк и тука времето е облачно и нема снег толку. За во МКД мора да кажете вие ) Поздрав!
Ужас. Ми мириса на депресија, ми мириса на дожд. Ме тера да размислувам негативно, ме тера да бидам пасивна. Сакам да престане да врне, сакам чисти улици, сакам да уживам во времето. Сакам да се ослободам од книгиве од школо, сакам мои книги да читам. Немам време. Престани да врнеш, ме депресираш.
Меланхолика во бескрај. Не ми се свиѓа. Врне и е тмурно. Сакам да сум активна, ама каква активност на вакво време?! Сакам сончеви зраци испреплетени низ мојата коса, нежно ветре да ми го милува лицето.. Сакам пролет веќе еднаш!