Времето моментално е ужас, одлично за снимање хорор филм. Студено, со повремен дожд или снег, ама најстрашен е ветеров, кој шиба како луд. Ги слушам предметите како леткаат надвор и самиов звук на дување е крајно страшен. Ме остава без сон.
Температурата во Скопје во моментов изнесува 4 степени Целзиусови, времето е облачно. За време на утрешниот ден не‘ очекува претежно облачно време со можна појава на сонце и температура до 7 степени Целзиусови. Патем, ако тежите помалце од 50 килограми, наполнете си ги џебовите со камења.... да не ве одвее ветер.
Аман нека помине месецов. Мразам март, непредвидлив упм. Денес може да пука сонце, утре метро снег пред врата да те поздрави. Ролетниве на т'нко се држат. Канделабрата ја гледам како се ниша и се ми се чини дека во прозор ќе ми заврши.
сончево со повремена наоблаченост...не оти нешто сонцево ме затопли..ама да не се жалам..боње ми е вака..како и да е..грее..