Времето денес е....никакво! ...сиво...чат-пат влажно....ама човек ќе помисли есен доаѓа а не пролет ...rain rain- go away!
леле времево денес е катастрофа де вене де престанува и такво е тмурно каде е сонцето или пак нек падне снег уште е зима
Денес времето... некако слично на моето расположение - сончеви зраци низ некое облаче, но возбудата расте бидејќи од утре се очекува да падне по некоја снегулка.
катастрофално лошо.врне,дува и тоа не знае самото што се наеднаш да направи . п.с.како велат времето е превртливо исто како луѓето.
Облачно, птенцијално депресивно, влажно ( ама лошо влажно, не она доброто ). Кој е слаб на психа нека си седи дома, нека пие кафенце и нека чита книга.
Врнежливо, малце ладничко. Но сепак ми се допаѓа Чист восдух и пријатна свежина. Само да не се намалат температурите под 0
Времето денес да беше човек ќе му влезев со клизач,ќе го зашамарав и ќе го пребиев од ќотек,ама онака скроз!До душа никога не би истепала човек,ама времево си го заслужува.Тамам прежалив,не ги изживеав овие зимски денови релаксирано,не ги осетив,ама ок,полошо ќе беше да се случуваше со пролетните кои следат...и ете ти го,се врати,синуси ми оболе,грло исто така!Ајт!
ЛаднИчко така, си провејува снегче.... море мижи Асан да ти баам е работава, се‘ не‘ зеза само. Ќотееееек
Кога и да ја прочитам темава пред очи ми е Глигор од метео...сумлива сум Како и да е времето денес не можам да ви го дефинирам по што да го прашам и него сигурно нема поим какво е и што му е. А тамам се израдував дека ќе се стопли