Врнежливо,и снег падна малце посабајле,депресивно уффф го мразам што убаво си грееше сонцено а сеа е за едно дрво и тоа покастрено.
Vremevo denes e celoto katastrofa , ah koa ke se stopli veke ednas sakam LETOOOOO [mod-kirilica:162iym1l][/mod-kirilica:162iym1l]
Ептен ми е мерак ова онака спикерски да ви го прочитам. Отсекогаш сум сакала да бидам спикерка на ТВ и со бели лакирани нокти, држејќи хартија со искуцан текст да прочитам нешто налик следново. Ви се обраќа Пирамидата, Македонска телевизија. Почитувани гледачи, времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од снег, особено попладне. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура се движи од минус четири до нула, а дневната од нула до четири степени. Ви посакувам пријатен ден. Довидување Лелеј мераци! Ептен бре сакам да сум спикерка!
Таман за моите нови чизми што мислев дека нема да имам прилика да ги облечам сезонава. Мислев дека прекасно ги купив, дека пролетта нема да ми даде шанса да ги прошетам низ градов, ама не! Ете така, денес жива среќна во добро и мерачки осмислена модна комбинација со зимски пуфкасти чизми! Не ми смета ова нештово што сака да биде снег, напротив, ми оодговарa, иако сочувствувам со сите снегонејќачи!
^^ Не, не нејќум така. Сакам како во 80-те па и почетокот на 90-те кога спикерството беше сведено на хартии и хартии преполни со текст, една позадина, двајца спикери кои читаат се - И временска прогноза. И нели секогаш ноктите со белиот лак им беа во гро план (на спикерките де) Пардон за упадот во времето. Сепак денес најавуваат силни врнежи на снег. Нина24, ќе имаш шанса да ги искористиш чизмите. Јас одам за Аргентина да играм танго! Не ми се допаѓа повторниот студен бран. Бела чао! Еве и јас едитирам
20цм снег! Па ќе се истопи до кај мај нели, нели? Сепак е ова нашиот прекрасен град кај што снегот очигледно обожава да паѓа за јас да каснам кај и да тргнам и 569 пати да ми се расипува трамвајот..... шмрк
Пирамитке ептен благопријатно се почувствував кога ја прочитав твојата прогноза, а во ушиве ми зунеше фоничен глас со јасна дикција...како во стилот на Бранка Станковска. Верувам можеш и подобро од неа. Сепак нема да го пропуштам денес високопочитуваниот Глигорче и неговото несмасно мавтање со рачичките. И да, мразам вакво не(време) и сета пропратна опрема што треба да ја носам (читај: ракавици, шал, капа)
Од грдово време цел ден неможам да се расонам.Само се маткам натака навака и никако да се решам да излезам кучето да си го прошетам,премногу ми е ладно
Колку само ми делува времево и така сум си нерасположена времево ме реши . Само на вакво време дома пред телевизор со моето омилено ќебенце за социјализација ќе почекаме подобри временски услови
Токму на неа мислев, на Бранка Станковска! Браво Свити, баш ме погоди како мислев и како би ја најавила веста Никој не може подобро од неа, Бранка е легенда! Дури и балканската е - банка кога ја најавуваше , ја најавуваше со истиот тон Патем, да прашам, има ли бе некој по Флориди, Австралии, Африки, Филипини, Тајланд, Индонезија и Индија....некаде каде што е топло па да ни пренесе малку од сонцето а? Има ли?
Пирамитке, морав да го споделам со тебе . Ти можеш и подобро, знам јас Спојлер http://365.com.mk/gallery2/main.php?g2_itemId=9993 Се извинувам за офф топик.