Според сликите од детството а и она што ми е останато во сеќавањата, навистина можам да дадам огромна пофалба за мама. Навистина многу убаво ме облекувала, одбирала прекрасни парчиња кои уште подобро ги комбинирала. Изненадувачки но јас немам слика на која изгледам смешно во облеката кога сум била мала. Имам 2-3 промашени комбинации кои сум ги направила кога самата сум почнала да се облекувам, денес кога ќе ги видиме тие слики мајка ми се смее и вели јас кога те облекував немаше вакви промашувања Голем дел од работите кои ги имам носено како мала, мајка ми ги има зачувано и изненадувачки е колку се квалитетни и прекрасни. Дефинитивно ако имам ќерка би и облекла нешто од нив, затоа што толку убави работи немам видено сега по детските продавници.
Кога бев мала мајка ми ме дотеруваше и не се замарав што ќе носам. Како што гледам по сликите и она не се замарала многу што ќе ми облече Шала на страна не сум многу кичеста на сликите, по задња мода увек сум била, сукњи на преклоп, ресасти блуски со топчиња на краевите, сукњичка ,,ламбада,, итн...
кога се гледам на сликите не сум смешно облекувана воопшто за разлика од другите дечиња кога ги гледам сликите од школо може ради тоа што тетка ми од странство ми праќала алишта и сеуште ми праќа, а малку што ми останало во сеќавање тоа се розеви гумени чизмички и бела бундичка со долго крзно, се сеќавам дека неславно заврши, ја изгорев на шпорет а и некои фустанчиња сеуште ги чувам, имам едно цело со ружички и чипка
Мислам дека немало дете со повеќе црна облека од мене. Гледам слика со девојчиња во розево, само јас со црна ролка и црвено одозгора. Badass уште од бебе