Времетраење на лутеинската фаза

Дискусија во 'Интимни прашања и проблеми' започната од Tribbiani, 9 јануари 2011.

  1. Tribbiani

    Tribbiani Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Што подразбирате под лутеинската фаза и како на наједноставен начин ја одредувате?!
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.300
    Допаѓања:
    200.493
    Пол:
    Женски
    Лутеинската фаза следи после фоликуларната фаза, а во која прснатиот фоликул се претвора во жолто тело (corpus luteum) под влијание на LH (лутеинизирачки хормон). Ова тело го создава прогестеронот - важен хормон за забременувањето и одржувањето на бременоста, но создава и помали количини естроген. Овие два хормони ја стимулираат трансформацијата на ендометриумот и неговата подготовка за имплантација на оплодената јајце клетка. Притоа, има промена во цервикалната слуз (промени во белото прање - бело е, со нормалниот специфичен мирис, погусто е) - погуста, помалку ја има поради тоа што се затвора грлото на матката. Ако нема оплодување на јајце клетка и имплантација, следува лупење на ендометриумот и менструација.
    Наједноставно се одредува според белото прање во која фаза си, посебно ако имаш редовна менструација. Пред да прсне фоликулот, исцедокот е тегав, како белка од јајце, за веќе штом прсне, стане бел, густ и го има во помали количини - значи си во лутеинска фаза. А штом стане беложолтеникав, густ и пообилен, тогаш за ден-два ќе добиеш.
     
  3. Lavinija

    Lavinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    33
    Дали некоја од вас имала проблем со покачен лутеинизирачки хормон? (LH)