Би сакала да ги напишете вашите искуства околу доаѓање на гости за да го видат бебето. Од страната на свекор ми ( мм има многу роднини ) па пред некој ден и кажале на свекрва ми кога ке се породам цела група ке дошле дома. Како да им кажам дека одма првите денови не сакам никој да дојде , зашто бебето треба да се навикне прво со мене и мм па потоа други..а и бебе ко бебе ми е страв да не прифати нешто мм вика абе ке им кажеме фино да не доагаат , нека помине 1 месец па тогаш. а пак свекрва ми па како ке им кажеш може да се налутат итн.. па подобро да ми се налутат него да прифати нешто бебето. многу ме нервира вака кога прават некои па го лигават , а и да дојдат одма што ке видат - бебе ко бебе само ке спие , ке јаде и толку. Баш ме интересира како било кај вас/..
На повојница се оди после 40 дена. Има многу адети кои треба да се почитуваат кога се оди да се види дете на пример не треба предходната вечер да се има сексуални односи, жена со ментруација не треба да оди итн. Секој свесен човек не треба да оди до тие 40 дена. Имам многу внуци од први братучеди за некои сум гледала да поминат 40 дена, но за внук ми што е до мене не, но една недела не се гледав со дечко ми за да отидам кај малото. Можеш и ти и маж ти, па и свекрва ти да си кажете деа не сакате луѓе до 40 дена.
Да, како што напиша марама, на повојница не се оди додека бебето не наполни 40 дена поточно додека на го однесеш во црква, единствено на внука ми не дочекав 40 дена и отидов веднаш да ја видам, секако не треба да биде мрак.Мислам дека можеш слободно да и објасниш на свекрвати кој се твоите желби повторно, иако првиот пат се налутила, сепак не се работи за нејзино дете, тоа е твои и ти како ќе си наредиш така ќе биде. Како што рече и самата на тоа бебенце му треба адаптирање со тебе, со мажот ти а најмногу со просторот. А добро тие роднини на сvekor ти, толку ли не размислуваат навистина не ми е јасно
блиски луѓе од типот на брат,сестра,мајка и татко можат да го видат бебето дури ако сакаат кога ќе го донесат од болница и да му стават некоја пара како што е адет,ама само блиски ептен блиски,сите останати далечни и подалечни роднини треба да се стрпат и да почекаат да поминат 40 дена затоа што тогаш и бебето и мајката се леончиња така се вика мислам,и кога заоѓа сонцето не треба да излегуваат надвор ниту да има спружено нивни алишта на жица или пак некој да доаѓа кај нив навечер.секој кој има желба за предвремена посета нека си роди бебе па нека си го гледа 24/7 никој нема да му брани.значи заклучок за одење на повојница исклучиво по навршување на 40-на дена.
Оние работи за алиштата, за сонцето, сите оние бабини деветини ми се преку глава. Ова да не се правело, она да не се правело. Бог да чува, па што смее да се прави ??? А за посета на новороденче-НЕ. За подалечните роднини нема да дозволам да го видат најмалку додека наполни 1 месец. Сепак бебенце е бре, новороденче, кревко сеуште. Треба малце памет да имаат останатите,бебе е во прашање кое лесно може да закачи бактерија некоја. А за најблиските (моите и родителите на маж ми, золва ми, брат ми) секако дека ќе го видат, ако не дома, во болница сигурно. А останатите, пак ќе повторам, нека си го гледаат на слика до 40 дена. Инаку, на повојница се оди ИСКЛУЧИВО после 40 дена. Ама нашите јужни соседи можеби се поинакви, па којзнае како ќе те сфатат ако им забраниш да го видат малото.
И јас не сум за одење пред 40 дена, ее дечко ми има внук, нонстоп ме викаат да го видам, ама нема шанси, иако спаѓам во блиските И мене исто ми се многу глупави тие бабини деветини, ноќе или дење, особено моментот со менструацијата.
Ставрно ме иритираат муабети од ваков тип , дека ќе ми се тупосаат гости после пораѓај дома.Ама не ме чуди , има луѓе без осет. Во тие денови на мајката не и е до ништо додека да си дојде при себе, а не па гости да пречекува, кои очигледно сите ќе сакаат во раце да го држат да му се лигават и не знам што уште не. Јас да сум на твое место нема да ми биде незгодно да им речам да не доаѓаат до 40 дена, исто како што на нив не им е незгодно веднаш да се стрчаат да дојдат. Се знае кој иде да го види малото , само браќа и сестри и родителите.
Еве ви и една реална ситуација. После породувањето нели како и сите вие и јас ги слушав постариве што ќе ми кажат. Едно 15-20 дена издржав без луѓе ( без моите мили другарки) и пукнав. Им се јавв и ги викнав, аман ве молам дојдете, зашто ќе полудам. Така да, немојте пред време да носите заклучоци, пошто стварно не се доседува во изолација само со родителите и сопругот.
Другарки и јас ќе си викнам, гости нека идат ако сакат (сепак не претерано) но бебето да го видат и да го галат и бакнуваат-неееееееееееееееее.
Апсолутно никаков контакт со бебето, од врата ќе го ѕирнат и толку, затвараш врата и во дневна на кафенце и муабет
И јас во вакви бабини деветини не верувам а јас ке им кажам па ако разберат во ред ако не нека се лутат ич не ми е гајле. Ке исклучам телефон му кажав на мм и не им отварам врата па што сакаат нека прават
Доволно се сите свесни - роднини дека кај новороденче се оди после 40 дена, со исклучок на најблиските. А и да дојдат, го видат бебето 3-5 мин и се оди во друга соба ( ако се има услови според мене бебето треба да се изолира во посебна соба). А тие бабини деветини јас не ги практикував освен што пазев што јадам за да бебушот не го мачи стомачето.
кај нас се иди после 40 дена а некој поблиски може да дојдат и после 2_3 недели ама се знае нема мн седење........
Koritsaki, мислам дека прочитав во некој пост дека си мажена во Грција или се лажам? Ако е точно, јас имам снаа гркинка по мајка. Кога се породи, им се јавиле и одма дојдоа сите роднини. Во првите 40 дена сите дојдоа и го видоа. Така да мислам дека кај нив тоа не важи. Инаку јас сум мн против, кај бебе дома пред да направи 40 дена, никако. За најблиски внучиња, да сум била, ме викнале. Секогаш чекам да поминат барем 2 месеци па после да одам на повојница. Бебе ко бебе, мало, спие цело време и јаде, што да видиш друго. Не е страшно и после 40 дена ако се оди на повојница нели?
Aбе тоа 40 дена го нема во други држави, сега не знам за овие поранешни југословенски држави, ама на други места да кажеш какви бабини деветини се смејат, кај нив обично одма одат да го видат детето. Се е тоа останато од времето во селата, болни никакви им иделе на гости, неизмиени, несредени, настинати па ајт со тек на време 300 глупости се смислени. Не излегувај после ручек, не давај пари, никако ако имаш менструација да го посетиш ќе се исфрлело, секс со дечкото претходно ЈОК. А божем детето од што е направено, од штрк донесено. Многу млади ги нервира и тоа како овие глупости, ама кога ќе имаш дете и ти го полнат бабите мозокот со се и сешто и си викаш за добро на детето се ќе слушаш и така 90% се придржуваат. Братучетка ми си шеташе со детето секој ден од прва недела до 40 дена. Го изнашета секаде, на гости го носеше, во гтц си шеташе со него во количка покриено, сите баби збеснаа леле сега ова она ќе му се деси. Живо здраво право најсреќно на свет си е сега Секоја жена си знае какво породување поминала, тоа е ново за неа, плус бебулето е најкревко тие денови. Ама ако таа е во супер состојба и не се замара со адетиве, нека си тера и нека си се шета и нека си вика гости. Секој си знае најдобро за себе и за детето. А на 40те дена се зима нели голема молитва во црква. За што е таа точно? Баш сега гледав на интернет 99% од мајките не знаат за што е. Детето со крштевката ја зима религијата не претходно. А на 40 дена е за мајката и таткото, некои велат за гревот да го исчистат, некои за здравје и среќа. И се плаќа, нормално како што кај нас се се плаќа
Кога јас се породив искрено освен моите и родителите на мојот сопруг не сакав да примам никој друг ,не заради адети туку затоа што се породив со царски и во првите 2-3 недели тешко се движев ,не можев да се исправам.Јас сум тип на човек кој кога е болен не сака да го гледаат други луѓе и затоа најотворено им кажав на сите останати роднини дека кога ќе се опоравам ќе се видиме.
јас искрено сум против ваквите работи останати од порано, и кај мене во мојот крај се се практикува:да не се оди кај бебето навечер, во вторник не се одело, ако имаш добиено исто така(кај кога сум била мала кај нас дошла некоја комшивка па јас цела сум се нафрлала, и уште многу други работи. ние со мажето се договоривме кога ке имаме бебенце нема да се замараме со овие работи, затоа што колку помалку знаеш толку подобро а и јас сум за тоа да се излегува надвор со бебенцето за се навикнува на надворешниот воздух, а не 40дена од дома не извадено, и оп наеднаш после
Фала богу кај мене освен најблиските, никој друг не дојде на повојница пред 40 дена. Не верувам во бабини деветини туку едноставно бебето е мало, кревко и греота е да има контакт со безосетни гости, од таа гледна точка сум против одење на повојница пред 40 дена. Инаку за оние работи не се излегувало преку ноќ, не се оставале алишта навечер и сл. е тоа стварно нема врска. Значи ништо од тоа не сум практикувала па фала богу ништо не ни е на мене и на ќерка ми. А за добиено дека не се одело кај бебе, па ако докторката има добиено што нетреба да оди на работа
здраво.епа вака.јас се уште немам детенце,но и јас многу пати со маж ми со свекрвами сум праела муабет за тоа кога да се оди кај родилка...јас сум за после 6 недели...и кога јас ќе имам малецко не сакам да ми идат комшии,овие оние,се знај само најблиските.и маж ми многу пати има речено и се инаети со свекрвами дека кога ќе дојде некој со повојница нема да го врати ама нема да го види детето...и свекрвами туку се лути неможиш така незнам шо ова онааа...и тој и вели мое дете моја грижа тебе да не ти е гајле шо ќе прам и во право е....ние така сакаме и неможи никој да ни каже што да правиме со наше дете...еве јас кога ќе се роди некое дете кое не ми е ништо јас одам после 6 недели што е и правилно.секој има посебно мислење моето е оваа ....поззз
Овие адетиве со алиштата на жица, зајдисонца прв пат ги читам, само знам дека на мајка ми кога сум била бебе и се тупнале околните оговарачки од маало и после цела сум се исипала по лиценцето и тоа со месеци додека не нашле некоја природна маст и спремил некој или поима немам, дали некоја имала добиено или па ме пипнале со прљави раце не знам. во секој случај јас лично не би отишла кај некој додека е толку мало бебето, а и кога би отишла би го погалила само за раче ништо повеќе. е сега што е право ако толку се чува бебето заштитено од се, при прва прилика одма ќе се разболи баш затоа што нема стекнат имунитет на ништо во изолација. али во секој случај барем месец дена никако пипкање и лигавење на бебушот