По некоја логика, како што не се оди после зајдисонце, не се оди ако имаш менструација итн итн, не се оди ни на задушница затоа што е ден на мртвите. Препорачливо е да не одиш, ама ако си во изолација, ако не се мешаш во луѓе, и ако родителите дозволуваат, оди.
Аха, и јас ќе се согласам со @LivingGlam , за вирусов не се секирај, ама опасностите од задушница па на повојница добро истражи ги
Да не беше вирусов се оди кога сакаш, ако не си суеверен. Ако си суеверен веројатно си ги знаеш правилата на суеверијата за одење на повојница. По тие правила веројатно имаш многу тесен прозорец за одење на повојница зашто или е верски празник или е некој пагански празник. Ама прашуваш во време на опасен вирус па добиваш очекувани одговори.
Јас сум атеист, за мене секако нема логика. Ама за тие што имаат логика останатите правила, и ова има.
Бебе 5 месеци. Додека трае ова со вирусот нема шанси за гости. Го имаат видено само најблиските ( бабите, дедовците, тетките и кумовите ).
Со ваков не разбран народ и те како има потреба од коментари. Љути се колку сакаш ја ќе коментирам. На сите апели да не се групираме и воздржување ти кај бебе ќе се тупнеш. Па после 1000 заболени имало, па ќе има. И уште години маскиве ќе ги носиме од луѓе со став како твојот.
Ваша е одлуката зашто бебето не може да каже нели? Има време за се, нека се смири ситуацијата, па ќе одиш. Еве како мајка на мало бебе ќе ти кажам дека страшно е безобразно некој да ти дојде на гости во време на сезонски вируси и капак на се во ваква пандемија. Може родителите се од оние што не веруваат во вируси ама ти биди совесна и одбиј ги иако те викаат. Освен ете ако ти е внуче, па си се пазела досега за да можеш да го видиш. Едноставно можете да излезете на отворено 1 саат со маски на дистанца и да го видиш бебето од подалеку зашто тоа не носи маска.
2 баби, 2 дедовци, 2 тетки, 2 кумови, родителите и бебето. Минимум 11, од кои пола со други контакти.
Абе бебево 3м мајка ми не го има видено, не па некој друг. Ако гледаме така, и вирусот е невидлив (дух), па од него зошто не се плашите?
Сите беа посебно, во различни денови. Значи 2+ мама,тато и бебе. И тоа не е сигурно. Но, за сега така е.
За кумовите можам да се согласам. Но, едната тетка е моја родена сестра, другата од мм. Како да им кажам не доаѓајте, кога на двете им е прво внуче?
Така, вирус има, не доаѓајте. Нивното задоволство е поважно од здравјето на внучето? И тие ако се свесни нема ни да прашаат дали да дојдат. Исто и бабите и дедовците. Освен ако не живеете со едниот пар баба и дедо во иста куќа. Се друго е ризик. Затоа реков, со кого сакате гледајте се, ама дека било неопходно - не било.
Во потполност си во право. Ајде на моите ќе им кажам. Нема да замерат. Но, ако им го кажам тоа на од страната од мм ете ти апокалипса. Ќе речат во куќата што тие ја правеле да несмеат да дојдат. И ете кавги, нервоза. И мене не ми е ќејф што доаѓаат. И да нема вирус. А, не па во време на пандемија. Но, НЕМОЌНА сум.