Сестра ми и братот на мм го немаат видено бебево не знам ни кога ќе го видат. Не ми кажувајте дека "морале" да дојдат, не може да ги одбиете Вие сте си родители и вие одлучувате како со детето. Ние си се понашаме ко да сме си во Америка и си се гледаме на вибер. Да тешко е за сите нас. Ама тоа е сакале сфателе сакале не. Дома во пандемија не прибирам никој
Бебе полни 2 месеци. Мајка ми и сестра ми со сопруг и децата го имаат видено. Децата седат дома. И ете среќа сме имале, после повојницата закачија корона сестра ми и фамилија. Друг никој. Само мајка ми ни е контакт периодов, мора некој тодлерчево да го прошета барем на воздух.
Ние само кај моите имаме одено 3 пати, но од крајот на септември никаде не одиме. Излегуваме секој ден со количка на воздух, но веќе и тоа ми е страв. Јас со антибактериски марамчиња притискам копчиња на лифтот, исто и кваката од влезна така ја отварам. Во лифтот сме обавезно сами, плус последните денови ја покривам со тетра низ ходниците и во лифтот. Комшиите малку чудно ме гледаат, но ми е гајле . Вчера, откога прочитав дека Филипче рекол да не се излегува многу без потреба, не ни излеговме надвор, а и плус многу дуваше. Ја извадив на тераса еден час, ама како да не и се допаѓаше. Она ужива да се вози. Планирам да тргнам маси, столови, цвеќиња од тераса, па таму кругови да правиме со количката. Да се навикне на тераса и мене ке ми е многу полесно. На враќање тешко ми е, секој ден бришење на тркалата дезинфицирање.... Ужас Од кај се појави вирусов, многу е безвезе, затворени во 4 ѕида, со никој не се гледаме, никаде не одиме, плус страв да не се разболиш, или на некој близок да не му се случи нешто . Да чува Господ од полошо, но и ова е како војна без бомбардирање.
Не кажав за повојницата. Луѓево си избегаваат трошкови и мана короната нит некој и подал нешто на мајка ми да ми даде нит на врата ми оставил, а како што ми изгледа нема ни да дојде некој некогаш. Ќе трае ова, ќе помине може и роденден и толку после што. Дури чудно ми падна дека сте пишале дека ви носат, си викам сирото дете несакано не им е ич мерак на луѓево
За некој ден прави 6 месеци, моите и неговите не го допреле, само од далеку го гледаат и само на отворено. Мајка ми плачеше, ќе пораснел и нема да ги знаел, па муабети дека други баби си ги гушкале и капеле внуците, а таа на 5 метри го гледала. Ич не ме интересира, а па што ќе успееше да ме омекне со споредување со други, сврши голема работа И' одржав лекција и сега самата бега. Што е за право, никој досега не ми рекол дека сака да ни дојде, очигледно сум успеала во животов да селектирам со какви луѓе да си имам работа. Ама па и јас и мм го мислиме истото, веројатно потешко е ако мажот мисли дека не може да се помине без неговите или браќа/сестри да ни се вртат по дома. Двајцата бегаме од сите, буквално од сите. @K7M10J Не се замарај, не мора никој ништо да носи, не е ни важно тоа. Мене најблиските ми оставаа пред врата или со достава ми носеа, но и да не беше така, немаше да ми е криво. Тоа што му треба, ќе си му купите вие, најсакано си е. А сега и криза ги фаќа некои, не е за замерување ако не дадат.
И кога немаше корона луѓето беа фини, се што имаа праќаа по баби и ни носеа. Порано срам било да не ги пречекал, сега свесни се луѓето дека е мачно цела ноќ да думкаш и после да гоштеваш.
Јас не очекував ништо од никого и бев многу пријатно изненадена од поклоните што ме чекаа дома. Најблиските му праќаа алишта, памперси, злато, пари, а од не толку блиски особи добивавме играчки, мечиња, облека, кашички. Колку и да не сакаш поклони многу значи кога ќе видиш дека некој се потрудил и испратил. Родителите и сестрите му изнакупија навистина многу и покрај тоа што им рековме дека не треба ништо. Е сега, не добив 10 релаксатори како кума ми ама добро
Епа за ова зборам, јас сум тип на човек што обожава подароци, и да купам и да ми дадат. Долго време немавме деца, со каков мерак сум купувала за деца, и да не славеле роденден или и да не ме поканиле пак сум носела. Син ми во мај наполни 2 години, не славевме, отпосле кумовите дојдоа надвор седевме. Две мали колички му дадоа. Може е до мене ама јас да сум кума на дете во ова време има дупло да се потрошам од планираното за да му го напраам кејфот баш дека не го слави роденденот. Отидов офтопик
Се согласувам. Децата особено обожаваат поклони, треба да се потрудат луѓето малку повеќе. Па и јас сакам поклони, уживам кога ми е роденден, ептен се трудам околу сите и ми возвраќаат за роденденот. Ако си ми блиска знам што сакаш и што ти треба и ќе ти купам поклон да се прерадуваш. Кумот наш дојде само еднаш и му донесе облека и ферари хаха, се пресмеавме. Мал е уште колата е за 2-3 години ама вика не знаев што, вие се му купивте.
Мене никогаш не ме интересирало колку сум давала, па да мора да ми возвратат колку што сум дала. Сум сакала, толку сум мислела, не мора и другите колку мене. Може и помалку, и повеќе, и ич. Долго време немавме деца и со најголем мерак сум купувала, но не очекувам од нив сега и тие истото да го прават. Самата инсистирам да не носат и да не се трошат, секогаш ми било незгодно да примам подароци. Од луѓето не очекувам со материјални работи да ми се оддолжуваат бидејќи не ми се должни. Само сакам да ме почитуваат, а ако не дадат подароци, не значи дека не ме почитуваат. Ова за мене си кажувам, не сакам некој да се пронајде во муабетот, не мислам дека е погрешно ако е поразлично од моето размислување.
Не ми се должни...си ги знам луѓево околу мене и знам на кој му е мерак, а кој одвај чека мана да не се става во трошкови. Ај глеам погрешно сум разбрана поарно да си ќутам
Не те критикувам, не се лути. Само се надоврзав на муабетите за да кажам за себе. Нагласив дека за мене не е важно ништо од тоа, не е погрешно ако тебе ти е важно. Си дискутираме, не мора да размислуваме исто, нема потреба да ќутиш
Оли остај тоа,жал ми падна за мајка ти Мене ме омекна што пиша само. Алал да ти е како издржуваш,јас би и дала да држи бебе.Па дека се далеку моите ми е ептен мака,може да бев таму поинаку ке се осеќав.Ајде брзо ке дојде пролет За гледање,кога се роди во Април никој не доаѓаше,нормално,јас и без пандемија неќам гужви кај новороденче. Летоска беше мирно,речиси и да немаше регистрирани случаи,па ја видоа 10мина блиски што ни се овде. Сега пак сме си сами дома,шеткаме на воздух редовно,и во маркет кога нема гужва.
Јас те разбирам. Не е за парите, не е за големината на подарокот. За вниманието е. И за малку пари може да се купи интересно нешто и дете да се радува. И на моево никој ништо не му купил сем кумот и другарка ми. Ептен ме изненадија и двајцата - дојдоа до врата, стокмени, средени, подадоа и заминаа. Брат ми не го видел бебе уште ина 40дена подарок ми прати. Толку.
Блиска роднина се породи летото и ни на крај памет не ми беше да отидеме да го видиме бебето иако они не поканија. Ни рекоа дека можеме да отидеме слободно кога сакаме, они цело време биле по гости или им иделе гости. Се разбира одбивме, рековме да испратиме поклон може ама терање гослоци сега нема шанси. Има време ќе го видиме бебето, ако не сега за пола година, година кога ќе заврши лудилово.
Со кој памет родителите ќе те примат, ај што ти немаш. Срам да ви е , гости терајте тоа е побитно после немало кревет во болница Ич не жалам никој со овој однос @K7M10J сосем во право. Не е до парите , до вниманието. И некои подароци ми биле понижување за детево , искрено. И сум си рекла дека и јас така ќе правам, ама неможам да бидам таква. Едноставно до луѓето си е
Не знаев во која тема да пишам па ај тука. Бидејќи за 40 дена нема да одиме во 3 куќи како што е адетот... планирам кај кумовите да пратам благо колачи некои чисто ете да одбележиме бидејќи не можеме да ги посетиме Освен колачи се дава ли нешто друго/ има ли некои адети? Не знам ич што и како :/
Кај мене гостите што доаѓаат се сигурни со 2 теста доаѓаат @Milkiway прати само благо и доволно е тоа. Во црква може да си отиднете со маж ти доколку сакате и тоа е тоа.
Ништо од црква одење здравје догодина ќе си направиме крштевка и роденден ако дадат условите Да ќе пратам благо евентуално некој пијалак... Ни со тест не се да ги примаш. Колега на мм негатовен тест 3 дена потоа развива симптоми оди се тестира позитивен Ај белким ќе се спасиме наскоро од ова чудо
За во црква доколку се отворени тука, би отишла чисто да запалам свеќа и тоа е тоа. Во три куќи не би отишла, не би ризикувала... За во Македонија и јас сум малце скептик искрено, но тука кај што сум знам дека се многу одговорни по тоа прашање.