Дубаи си или сум грешка? Мислам дека во скопје сите се испозаразени :/ се чуваме ептен се надевам ќе успееме да се допазиме...
Дома никој не примаме поради пандемијата ни кум го нема видено ни баба, дедо, тетка дури и од свекрвата се одалечивме зашто многу шета...Само онлајн се гледаме..Искрено е тешко дури малку чудно не гледаат пријателите Ама тоа е гости може дури за прв роденден во Август (ако биде се во ред) Такво е времето. Подароци праќам и ми враќаат не гледам кој што како а и не сум фан на подароци срам ми е
Јас избегнувам пријатели да ми доаѓаат, ама луѓево се без осет. Неќна една пријателка сакала да дојдат, ама да ме ПРЕДУПРЕДЕЛА дека кашла и има проблеми со синусите, ѝ течел носот. Реков ај да причекаме малку со посетата. Вчера ми пиша дека ќе прави тест за корона, не затоа што имала, туку затоа што ја мачела хронична кашлица веќе некој период. Каде бре ќе ми доаѓаш и ќе ми држиш дете со хронична кашлица? Па не е само коронава проблем, сега почнуваат и настинки, грипови...
Исто и јас избегнувам гости, ама првенствено поради колоната, па после и поради настинките. Туку и мене ми се јави другарка да дојдат на гости, а на работа имала позитивна колешка. Викам извини ама ја се плашам дома имам бебе 4 месеци, не е време за по гости. Не ми тврдеше дека она нема корона и ми се познати дека ја одбив. Пред 2 дена ми се јавија дека е позитивна. Прво мило ми е што ја одбив средбата, а второ после ова искуство немам доверба никој да ми дојде дома, луѓево свесно, па и со симптоми се шетаат и кријат.
Јас се породив во Март, минатата година, и само мајка ми и брат ми дојдоа да ја видат Бебка. До 40 дена не сакав мафтање со гости, најглупо е да се одело до 40 дена, да не знајш ти да се гледаш дали бебето дали гостите. Ич не сакам мафтање со повојници.... овде кај едни роднини бевме дури летово, бебето се роди лани во Ноември, ама почнаа вируси, настинки, корона и јас не сакав да одам воопшто.
Не постои човек што во овој период би го удостоила со пречек дома. Ама никако! Ние со никој не се гледаме, апсолутно со никој. Додека беше топло, само сп моите и толку. Сега веќе ниту со нив. Во двор, на 5 минути, блиц-средби. Моите година направија, речиси никој ги нема видено. Се родија предвреме и никој не доаѓаше. Таман пркнаа, фати корона. Ќе се социјализираме од пролет, здравје. Здрави и живи само. Инаку,безобразно ми е човек да воопшто помисли да оди во посета на бебче за време на пандемија...
Феминки, ве молам за совет. Што би можело да однесам на повојница кај другарка за бебето, не сум многу запознаена со овие работи.
Алишта и благо. Прашај што и треба. Ако земаш сама, земи едно две бројчиња поголеми. Пример ако е 3 месеци бебе, земи големина 6 9 или 9 12 ако е покрупно за пролет. Обично сите имаат алишта за период од месец два.
Исто и радосница е убав подарок ако нема веќе или од оние калапи од глина за да направи отпечатоци од рачиња/стапалца.
Јас па сакам да не ми носат алишта Мене другарките ми даваа украс со неговото име, детска ламба, полици за на ѕид во вид на облачиња, играчки и сликовници. Алишта среќа не ми купуваше никој. Детско лонче, тенџерче за варење храна за кога ќе почне да јаде на околу 5-6 месеци, музичка играчка на креветче што се закачува, подлога за играње на земја.
Преѓи бригу другоме @Guns N` Roses би те советувала да се држиш понастрана од козметики, колекции за хигиена на бебе, влажни марамици, такви ствари.
Другарки и другари друго му купуваа, но затоа од роднини од свекор ми доби плишан скафандер во мај, бројче 0-3. Тамам за до август-септември Затоа со право не сакам облека да му подаруваат
Синко за роденден доби работи за 3 4 години. Ни сметка, ни да кажат каде да ги сменам. Доби и два трицикли. За повојница немав утки за големина, само за око неубави работи. Среќа имав каде да ги откачам. Добив и нешто дупло, па ни рекоа се сме купиле, не сме оставиле ништо да ни подарат. Си мислам да, ке чекам други да ми купат за да има синко. А не ни прашаа што ни треба, ако веќе толку сакале да помогнат. Мене ми е лесно оти имам каде да ги дадам. Да беа женски ке си стоеја така. Ама децата си ги носеа алиштенцата, јас аздисана сум изгледа.
Можеби им било незгодно да не им ги облечат, па ги облекле во прилика кога си можела да ги видиш ти, чест да ти направат, не дека им се допаѓале Јас па немаше да ги дадам ако не ми се допаѓаат, секогаш за други сум купувала со мерак и нешто што ми се допаѓа. Најголем кејф ми било да шетам по продавници и да одбирам за деца и шубе ми е да однесам така, башка ќе се секирам случајно да не ги видат тие кои ми ги донесле работите. И да не се знаат, пак шубе ќе ми е.
Со оглед на тоа дека такви поклони сум добила од нив, не, не ми е. зар и ова го има? Никад не ми текнало да му облечам нешто за да видат другите дека го носи.