И јас имам еден куп алишта од моето бебе што не му ги облакам и баш ги собирам во една кутија и планирам да ги донирам...( Повеќето ми се од кумовите, таков вкус си има жената ни за ќејф не ги облековме ) ( А имам и на старо (подарокот беше шо сакаш прај им ) од деца женски демек неизносени се алиштенцата моево е машко да ги поноси ♂️ ) Ама ете секаков народ (Од потесниот круг на фамилијата) Исто играчки еден куп, на моево се многу.. ќе донирам (сметам дека нема потреба од такви ) па барем ке се порадува некој на кого му се потребни... Прво бебе од машка,женска страна и од другарки и другари
Па тоа од слики, од онака кога сме се видувале, немам впечаток дека тактички. Не е битно, можеби ним им се убави, немаме сите ист вкус. Јас не сакам типично машки шпихозни со сини слонови, да речеме. Сакам неутрални бои.
Дај не зезајте Така се спушташ на нивно ниво Кога некој ќе ми донесе грд поклон, нештп што апла се гледа дека е извадено од нафталин, мене ми е инспирација да вратам со поубаво Пример: кумашинциве Не е дека не се ситуирани , се и тоа бааги. Ама кога ќе донесат нешто Нивното детенце е дотерано секогаш, му купуваат убаво. Или е нешто за инат, или се такви незнам.Или не им е битно. Ама јас како кума, пред се и како таква личност, таков партал и да немам нема да однесам.
За мене тоа треба да е обострано. Имам роднини и пријатели за кои се гледа дека бирале внимателно и кога треба да им вратам, гледам да е уште поубаво. Кога гледам дека некој не се замара, не се замарам ни јас. А се гледа дека се нови, дека квалитетот е супер, ама изгледаат како од најутепаното продавниче да ги купиле, колку да не се со празни раце. Не е за парите, во ваикики ке најдеш поевтини работи а штосни. Пред неколку дена бев, по 400 денари дводелни тренерки, сите би ги купила за синко да нема. Евр пример,
Кај нас повеќето пари ни носеа ние што сакаме да си купиме, имаше и неколку комплетчиња ама сите беа убави искрено. @Guns N` Roses најдобро прашај што им е потребно, можеби имаат алишта многу па да не им се толку потребни. Ама обично тоа се носи алишта и благо.
Додека не поминат 40 дена дури тогаш на повојница, секој е свесен дека не треба пред тоа да доаѓа. Има време кога, мајката и бебето дур се навикнат, да воспостават некој ред, да се опорави мајката.
Поминаа 6 недели и некоја жена спомна дека Вторник и Сабота не се одело ,и секако ќе одиме за некој ден кога они викаа "дојдете" така да... Само не ми беше јасно зашто баш Вторник и Сабота не се одело кога нигде не се пишува..
Нема такво правило, се оди кога ви одговара вас и на родителите, без бабини деветини вторник, четврток, недела... А ако те интересира зошто така рекла жената, прашај ја ќе добиеш објаснување.
А друго каде пишува? Има некоја книга за тие 6 недели или после? Одете кога сакате, ако они не сакаат во вторник и сабота (не мора да ги знаете причините), одете друг ден и готово.
Koronata mi zavrsi rabota da gi ripneme ovie povojnicive. Posle 40 dena samo use gosti mi falea uste vo hormonalen dizbalans,ne znaes kaj si,se potis ko mrdnata...use gosti da cekam
Jas bi sakala da spodelam edno iskustvo, koe licno go smetam za mnogu pametno i vo sklop so sitiacijava so Kovid e izmisleno. Bevme pokaneti na mekici, kumasinite pravea vo restoran. Vo retoranot imase masicka namestena za podaroci i odozvora baloni i imeto na detenceto. Ni bese kazano (so usul) deka moze sto sakame ( i voopsto ako sakame) da doneseme za bebeto bidejki doma na povojnica nema da se odi (zaradi kovidov) i taka jas si zemav alista za bebence i igracka i si pominav na redot, nitu za mene obvrska da odam pak, nitu majkata da me ceka dopolnitelno doma da se sprema. Zasto i da odam posle 6 nedeli (jas licno ne bi, rano e) ili posle 6 meseci za majkata e isto od aspekt na spremanje, cistenje i slicno. Ova e mnogu ubava ideja, se nadevam ke mu koristi na nekoj.
Ова е најпаметно до сега, јас се сеќавам кога ми се најавуваа гости а јас сеуште се навикнувам на тоа дека имам бебе. Срам не срам им викав понатаму. Кој ми се лутел нека му стои.