Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Време за одење на повојница

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 22 март 2011.

  1. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.199
    Допаѓања:
    8.776
    Пол:
    Женски
    Кај нас повеќето праќаа по мајка ми поздрави. Најблиски како мои тетки и негови дојдоа сега. Чекаа да затопли за да седиме надвор. Муабетот ми е ако сака некој да те испочитува може да прати некако.
     
    На Cka, cresa-jagoda, Autumn Love и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Adorabela

    Adorabela Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    2.070
    Пол:
    Женски
    Во право си.Еве јас ќе се земам за пример....породена царски,дојдов во понеделник дома во вторникот одма луѓе....не со повојница туку по некој нивен адет со лепче и пари да го виделе бебето:?:.
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.202
    Пол:
    Женски
    И јас се согласувам дека после 40 ден е сепак рано. Кај нас најблиските другарки дојдоа уште неколку дена откако се вративме од болница, ама пред тоа се тестираа за Ковид, и секако носеа маски. Тоа траеше кратко колку да се видиме. Првите неколку пати носеа маска. После јас им реков дека веќе немс потреба. Исто и една сосетка доаѓаше, исто така со маска, и не седеше кратко, колку да нѐ види. Други гости (на повојница) дури откако бебето направи 4 месеци.
     
  4. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Мене кога ми се најавуваа да ми дојдат да го видат бебево им викав почекајте за брзо ќе правиме крштевка и ќе ве викнеме. Одма правевме после 40дена крштевка и ги викнавме сите што ни се најавуваа за дома. Така да мој совет е ако сте во можност да си го крстите порано бебето за да не пречекувате по два пати гости.
     
    На Knizhevnik11 и Kaja991 им се допаѓа ова.
  5. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Здраво, ме интересира мислење неутрално, можеби и малку офф но генерално се однесува на повојница.

    Семејството на мм живеат во др град, досега иделе кај нас исклучиво по потреба како лекар, обврски сервис, и едвај на наше молење за станов 2 пати вкупно за 2 години ( со секакви коментари, одење пропстно по Др куќи), тоа е пропратено со спиење како се сместиме така зошто имаме двособен стан.
    Денес правиме дома муабет и мм ми вика секако они ќе дојдат штом си дојдеш, како да не дојдат?!?!?
    Прво, обврска се зошто оди ги зима, разносува, враќа.
    Второ, веќе нема простор за спиење со нас во спална па и во дневна зошто таму стојат реквизитите за бебе, а и нема кој да чисти пред и после (да, мајка ми иде на саат време ама за помош околу чистење, спремање пред регистрација, да не беше таа немаше ништо досега да се постигне само а јас бремена).
    Трето, они се 3 возрасни и 2 мали деца кои нон стоп беснеат, галамат, викаат по нив, се превртува све, а и секој месец се настинати зошто така се челичеле и не ги прегледува педијатар со крвна слика, туку тамошен лекар за сите возрасти ( од нив и јас префатив во 7ми месец на регистрацијата), а просторот ни е тој, еден ѕид дели спална и дневна.

    Јас му кажав дека сите овие години се молени, чекани, испочитувани, се што требало и не требсло сум трчала правела, но сега сакам мир и време за нашето семејство - т.е еднаш да си дојдеме со лесно од болница, да се стабилизираме, да се оправам што побрзо, да фатиме ред и да се научиме тројцата меѓусебно, или ете мајка му да дојде па и да припомогме околу обврски а не класично гоштевуње зошто е сосема нова состојба и услови...но како тоа брат му да не дошол, па сакав да му кажам како мн пати што сме гореле а не дошол, како што не влезе во црква на венчавка зошто малата не им била крстена па те остави сам и ред др ама со наивно добар човек како мм нема разбирачка.

    Моите се друга прича, веќе прашаа и ни купија што сакавме (Др не ни прашаа воопшто на оваа тема, ниту како сум, ниту дали треба помош зошто свекрвата ги чува двете деца живеат заедмо), цело време трчаат на испомош за пазарење, чистење, по болници со мене, финансиски исто, и веднаш дома се повлекуваат.... Мекици ќе си организираат и дома и во ресторан и на работа, исто како што почастија кога се регистрирвме....

    Дали во мене е проблемот што ценам дека минимум 40 дена не сакам галами, бактерии и шетање низ дома??? Дополнително, не само малите, и свекрвата е секој месец настината, се им било од ладна вода, а во корона не веруваат и се со народ нон стоп.
     
    Последна измена: 10 јули 2022
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    13.202
    Пол:
    Женски
    Едно е да дојдат на кафе, иако и тоа не го оправдувам, а друго е на излегување од болница со нов човек, они да ти дојдат на преспиавње, па и цела сурија од 100 души. Осет немаат ли тие луѓе? Немој да си ги примила. На тебе прво нешто што ти треба е раат и тишина, а исто и на бебето. Ви треба време за вас, да искористиш да поспиеш со него, да одмориш колку што можеш, да му се изнарадуваш. Плус, нема да знаеш кај се наоѓаш, хормони вријат, тебе уште до гости ти дошло.
    И имам едно прашање: зошто сите да дојдат? Па и тоа кога ќе си дојдете од болница? Доволно е свекрвата да речеме, ако веќе доаѓа да ти помогне по дома со чистење и сл. Овие другите шо ќе прават? Ќе ви висат над глава како свеќи?
     
    На Mikha4, MilaSs12 и Rubiii им се допаѓа ова.
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.619
    Допаѓања:
    39.729
    Пол:
    Женски
    А чекај, они сакат да дојдат или маж ти ги викна?
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Бога ми не е во тебе проблемот.
    Бога ми треба да кажеш не па куд пукло да пукло.
    Јас кога дојдов дома од болница немаше никој мојте неговите и мојот помал брат. Видоа бебе, јадевме што јадевме и им реков ајде сега чаооооо.
    Малце по грубо пошто свекор ми и татко ми се запија мислиш пак де зимаме со маж ми. И си отидоа. И се избањав и си легнав, после 4 дена во чисто и во МОЈОТ КРЕВЕТ И НА МОЈА ПЕРНИЦА и ја гледав како спие може едно 5 саата (со доење) и ди заспавме со мм. И после тоа никој не дојде и веруј ми кој разбра разбра кој не, не ми е гајле ни ден денес.
     
    На MilaSs12, nevermet18 и Rubiii им се допаѓа ова.
  9. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    @nevermet18 зошто они така идат, свекрвата сама со автобус не знае, последно кога дојде мораше да ја земеш и однесеш, а и деверот не вози низ Ск, па автоматски мм ги пречекува ако доагаѓаат топтан, а сигурно комплет зошто нема кој децата да им ги чува - она е задолжена.
    Требаше за чистење да дојде, се договаравме све ама кога ми кажа однапред да и најавам 2 недели за да остави децава, плус се сетив дека зимсње и враќање кошта колку жена да платиш, и реков не треба, средивме со мајка ми вообичаено.
    @forumce засега е идеја на мм, ама искрено верувам дека ќе пројават желба и ќе дојдат. И да не спијат кај нас, циркус е секогаш, мислам последно и за регистрацијата направија све обратно од што им кажавме, закаснивме ради нив и накрај влезе само свекрвата, младите во кола преседоа со децата спиеле цел ден хахаха.. Циркус се ама мм го боли, и вечно ги оправдува, помагаме нон стоп, го јадеме секако :(
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.869
    Допаѓања:
    4.625
    Ако разбрав добро, имате двособен стан, една спална и дневна? И маж ти сака да ги викне на спиење неговите + брат му со деца, кога ти ќе се вратиш од болница со бебе после 3 дена од пораѓај???
    Мислам дека сама си го знаеш одговорот, ама еве вака уште еднаш по да потенцирам.
    Гости за помош, без разлика кој е, максимум 2ца, во таков простор максим 1, и тоа само ТИ ако сакаш е дозволено. Околу спиењето и тоа ако е најнеопходно, инаку НЕ!
    Сите се различни, јас бев у депресија, молев да дојде свекрва ми, друг немав за помош исто сме во мал стан. Маж ми ме убедуваше дека не треба и во право беше, не можевме да се разминеме. Ама ми се најде ееептен минимално, да знаев како ќе е, немаше да ја викам, не беше неопходно навистина. А да не праам муабет што ќе треба гола да шеташ. (facepalm) Па крвишта, па ако те боли рана, ако имаш шиено, ти ќе немаш време да се избањаш, а не гости да имаш...
    Леле не, не и не на овој предлог, извини ако ви пореметив планови. :)
    Ако се за 1 ручек од кога ќе си дојдете не ми личи страшно освен ако ти не сакаш, ова со спиењево е хорор само вака што си го замислувам. :D
     
    На Mikha4, MilaSs12, Rubiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.619
    Допаѓања:
    39.729
    Пол:
    Женски
    Ти треба на маж ти да му кажеш да не им спомнува ништо. Некако како да ги обвинуваш нив,а реално не ти ни спомнале за доаѓање
     
    На Mikha4 и Rubiii им се допаѓа ова.
  12. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Хахаххаа хорор и претходно личеше, во брачниот кревет спиевме со свекрвата еднаш :rofl: другите напикани на софата пуштена во дневна, ствари насекаде по земја, тоалет чекаш ред, пушти им кревет собери им, спремај јадење, кујна прибери и трчај на работа (facepalm) ама ај за мир у куќа, си викав бројани на рака се средбиве, е сега што како ќе биде не знам, ама морам дома со мм да се разберам, петто нема ^_^
    Само за нив е тежок, се лути, му е жал, и само за нив сме се карале цела врска, друго немало, белким ќе се памети некогаш]:)

    @forumce ние ги премолевме за прво доаѓање, тие сами јок.. е после по потреба идеа накај ск па и кај нас со спиење.
    Додуша спомна еднаш свекрвава, ќе си дојдеме кога ќе се роди внукот, Абе сигурно ќе идат во нивен стил
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.619
    Допаѓања:
    39.729
    Пол:
    Женски
    Леле не си прави филмови уште сега и подбери го маж ти да не им спомнува ништо, пошто ќе испадне дека молете за помош
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  14. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Сигурно дека им е мерак да го видат бебето, и нашите најблиски дојдоа да го видат истиот ден или наредните денови. Ама седење со осет.
    Нека дојдат, ама без преспивање, па и цел ден нека седат, ама реално е дека место за спиење секако нема. Претходно сте се прилагодувале без бебе, ама сега има бебе и такви компромиси не можете да правите. Можеби они и не сакаат да дојдат на преспивање, најубаво е со убаво да си прозбориш со маж ти. Не да се караш, ама да му кажеш.
    За зимање и возење, зошто би правела проблем, нека ги земе и врати, освен ако не треба скроз од дома да ги земе. Нека дојде девер ти до Ск до каде може да вози и од таму маж ти нека ги земе и решен проблем.
    И онака викаш дека се далеку, па нема постојано да ти доаѓаат.
     
    На Rubiii, IRBBB и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.303
    Пол:
    Женски
    @Rubiii кажи дека можеш да ги примиш на ручек и да си фатат патот за дома. Не можеш да им забраниш внуче да видат ама 2-3 часа и крај. Да се тука кафе и торта ама од друг град нека порача маж ти ручек. Преспивање три колена не препорачувам.
    Ич не мисли и кажи си. И природно и царски да си ке ти е тешко додека одмориш и фатиш ред со доење ад итн.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.578
    Допаѓања:
    2.499
    Пол:
    Женски
    @Rubiii стрпи се да се олесниш, па ќе кажеш дека не си во состојба гости да чекаш на спиење, нека дојдат да ве видат на саат време. И ние сме во мал стан како вас, кога не пуштија од болница беше веќе 8 ми ден заради други компликации, јас бев супер но моите и неговите дојдоа сите на саат време, кафе, сок и сиктер. Ќе ти треба одмор, одмор и одмор... Рачунај гола ќе шеташ, ќе сакаш туш и раат. Помош, повеќе е испомош. Мене искрено помош ми требаше само 2м кога бебе по цел ден беше будно и вриштеше.
     
    На Jordanovska-K и Rubiii им се допаѓа ова.
  17. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    А што е тоа повојница?
     
  18. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.588
    Пол:
    Женски
    Мене ми беше многу мерак моите, неговите и брат/сестра да дојдат на ручек денот кога не зеде мм со бебо од болница. Не знам, сакав со потесна фамилија да го прославам тој момент. И пак истото би го направила со наредно бебе.
    Мм зеде јадење од надвор, јадевме, го видоа бебето, по едно кафе и сите по дома. Кај нас не остана никој, ни тогаш, ни некогаш после тоа. Не дека нема место, ама би скренала со други луѓе и во совршен еквилибриум да ми се хормоните, а не па после породување. Повеќе сакам да ми е сѐ газ преку глава и да јадам шо било, отколку друг човек освен мене и мм да ми се мавта тука. Сори нот сори.

    Он топик за повојницата, кај нас освен нашите пред 40 дена дојдоа и 2 пара најблиски пријатели шо ни се. Дојдоа на наше инсистирање, бидејќи ние од прв ден дома почнавме да излегуваме со бебе во парк и пак таму бевме со нив. Ич не ми сменуваше дали дружбата ќе ни биде на клупа во парк или дома. Напротив, ми годеше друштво.

    На неполни 3 месеци правевме крштевка, така што тетки, стрини, вујни си поминаа на ред, немаше потреба да идат дома.
    Голем дел од роднините испратија пари или подароци по нашите родители.
     
    На Sunrise!!!, hello-kitty.90, Anturium и 3 други им се допаѓа ова.
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.303
    Пол:
    Женски
    Прв пат кога се оди кај бебето, јас го знам како видување.
     
    На Jordanovska-K и edna_malecka им се допаѓа ова.
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.303
    Пол:
    Женски
    И кај мене беше исто. Нашите беа со нас. Тогаш живеевме со свекрва ми, масата полна со јадења мои омилени, се тип топ средено, многу убаво си поминавме. Тоа се баби и дедовци кои се пресреќни што добиле внук.
    Ама ситуацијата кај членката е поинаква, луѓето и без осет се малку.
     
    На Rubiii и IRBBB им се допаѓа ова.