Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Време за одење на повојница

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 22 март 2011.

  1. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.588
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е до нив, до маж ѝ или до неа, ама сѐ ми се чини дека не се на иста фреквенција.
    @Rubiii разговарај со маж ти, поканете ги и твоите и неговите на ручек (ако сакаш, се разбира), потенцирано и толку. Ако им одговара да дојдат така супер, ако им е терет или малтретирање или нека се снајдат за преспивање или нека не идат воопшто.

    Ама искрено, без лутиш, мене глупо ми е мајка ми можи да дојди, за неа има место и услови, мајка ти не. Каква сака нека е, и таа и таа е мајка/баба. Или двете или ниедна.
     
    На Sunrise!!!, nevermet18, hello-kitty.90 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Фала на совети дечки, има што да се примени.
    Сигурно би сакале да дојдат, досега сме ги молеле и пречекувале до максимум, претпоставувам дека и тие ќе посакаат да дојдат иако досега дали 5 пати само свекрвата праша како напредуваме, за мене не е прашано зошто така морало и нетреба да се жалам, дали нешто треба и сл тоа никогаш,а младите не кренале тел на темава, дури имавме и друг повод, без честитка сме досега.
    И за регистрацијата прв пат им кажавме директно да дојдат, тој и тој ќе ги чека, испадна во 5 до 12 си дојдоа однапред кај некој роднина на спиење, човекот узалуд ги чекаше, фатија такси и закаснија сите на регистрацијата, дури младите не влегоа и преседоа во кола тие 3 часа, што значи тие се такви и тераат по нивно, иако ние плативме за сите порции и солидни 100 евра ...

    Во однос на делба, никогаш не се делени, едноставно немаат желба да се дел од нашите моменти ( селење, доедукација, регистрација, еве принова... Никогаш не дошол некој на помош, на честито), а моите до врата ни носат сами ручеци, алишта испрани кога немавме машина, на испомош и одма си одат - нема седенки зошто не сакаат да сметаат, ретко да поседи на кафе мајка ми пример така што не се приметни и угостени упола.

    Како вика старата народна - на човек со сила не можеш да му дадеш, туку само да му земеш, и за љубов и војна требаат двајца. :)
    Немам што да се замарам, јас дома ќе кажам што ми одговара, натаму мм нека си постави баланс, јас доволно направив за сите нив, чиста сум и мирна.
     
    На nevermet18, mal.ecka, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.084
    Кај мене свекрвата сама се накани и дојде, маж ми вика ќе ни помогне за бањање, за јадење, прво бебе дека ни е, ок викам, не ми се расправаше ама требало
    Станот двособен урнебес внатре
    Си седна жената една недела, без осет да си оди
    На крајот се налути сме ја бркале, не те бркаме сакаме мир да имаме
    Нит детето ми го избања нити еден ручек ми направи
    Страв и било и мене страв не страв го бањав
    Ако земев да јадам одма си седнуваше боже гостин е и мене ми е раб само да слугувам, јас правев јадење, перев, пеглав си средував по дома
    За кој к беше дојдена еве уште незнам
    Кои нервози ги поминав еј
    Моите дојдоа ден после откако не пуштија од болница, го видоа на саат и си отидоа
    Не дека ми е свекрва ама стварно без осет беше, вриев цела недела
    Така да совет од мене сп време кажи си разбери се оти само ќе се нервираш
     
    На BambyLove, nevermet18, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.149
    Допаѓања:
    50.526
    Пол:
    Женски
    Мојата свекрва и свекор дури и во болница дојдоа да ја видат колку и се радуваат само, секако и дома ќе дојдат.
    На маж ми баба му и дедо му исто ќе дојдат си начекале правнуче и се радуваат многу.
    Сестра ми и брат му на маж ми и засега тие, другите после 40дена кој има желба и сака нека дојде.
     
    На Sunrise!!!, Anturium, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  5. BambyLove

    BambyLove Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2023
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Здраво што се носи поклон за мекици а што за повојница пд кумовите
     
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.591
    Допаѓања:
    24.050
    Пол:
    Женски
    На мекици благо се носи, на повојница договор, нас кумот ни донесе бебе камера, алишта и пари. А пошо набрзо е крштевката, купија и релаксатор и тоа знаеме дека е поклон за крштевка. Најдобро е да се праша шо фали и зависи од буџетот на кумовите. Може хранилка,релаксатор, ете камера, подлога за играње долу. Сепак зависи колку се во можност.
     
  7. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    80
    Koga ke vi dojde bebe doma na 40 dena , neli go setaat vo 3 kuki posle molitva, kako se precekuva bebeto?
     
  8. grungy

    grungy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Гледам тука е поактивно па да прашам. Ако не е за тука нека се премести мислењето.
    На повојница ќе одам кај бебенце 2 месеци има, првпат да го видам. Ме интересира за носење обично што ви носеле/што носите?
    Мерак ми е некоја јакничка сега за пролетва да си ја носи ама не знам за величините, да не згрешам.. дали елече некое или јакна сега за периодов што би било најдобро? Знам дека брзо ќе ја надрасне затоа и ми е највеќе, не сакам нешто еднаш да го облече и толку..
    Фала ви однапред. :)
     
  9. DaisyDream

    DaisyDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2020
    Пораки:
    1.876
    Допаѓања:
    4.612
    Пол:
    Женски
    Jakna moze ima, a brzo se nadrasnuva
    Jas bi spihozni so patent ako najdes, velicina 3-6 mes. Kolku para mislis tolku, i ligavki mozes, toa doprva ke koristi,i nekoe tropalce ili glodalka. Eventualno trenercinja ama pogolemi zemi gi za na esen 9-12, poso jas na primer eden ton imav kupeno 0-3 i 3-6. I site ko za belja mi donesoa 0-3. Kaj imav, kaj e bucko pa za mesec i pol sve sobrav poso bese knap, doma imam bebeski alista 0-3 da sitkam ke pocnam :D
    P.s. jaknicka veke ako sakas, isto zemi ja 9-12 za na esen. Poso veruvam imaat za sega. Da ne stoi dzabe.
     
    На grungy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Ве читам дека ок е да дојдат блиските на ручек не на спиење и си викам јас ли сум дивљак или во право сум па ај да побарам мислење.
    Договорот кај нас е само маж ми да дојде по нас во болница бидејќи јас не сакам фешти сликања балони лигавења пред болница. Е дома бидејќи сме на посебни спратови со посебни влезови, свекрвица ќе направи ручек и ќе дојдат и моите родители, ќе јадеме и дали она дали мајка ми ако ми треба помош ќе помогнат и толку секој дома. Не сакам никој бидејќи јас и сега сум бог да чува со хормоните. Е сега до тука се во ред. Двете сестри си напомнаа дека сакале и они да го видат бебето. Двете се мажени со по две деца. Јас не сакам никој пред 40 дена. До мене ли е?
     
  11. Skyler81

    Skyler81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2024
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Сите сме различни, јас на пример не можев да замислам да си дојдам дома со бебето, а да не се таму браќата, и моите и на сопругот, со семејствата нормално. И јас сум била кај нив кога се враќаа снаите со внуците дома, ми беше мерак и они да бидат присутни кога ќе си дојдеме со бебче. Ама пак ќе речам кој како си сака, така треба да биде.
     
    На Sunrise!!! и Ena05 им се допаѓа ова.
  12. Emilija28

    Emilija28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2024
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Majki, dali sum losa i gresam so toa sto ne sakam da mi se sobiraat na povojnica gosti sekoj den.
    Ednostavno ne se osekam spremna da cistam gotvam i sluzam za gosti.
    Pogotovo od stranata na maz mi.
    Ziveeme kaj mene i majka mi mi vika deka sum mnogu sebicna.
    Bebus ima 3.5 meseci.
    Ama samata pomisla da mi doagaat sekoj vtor den luge da mi go drzat i gnjavat sinot vo ova vrene so virusi me plasi.
    Gi viknav starosvaticata i kumovite do sea i drugi nekako ne mi se vikaat a se najavuvaat sami.
    Kako da gi odbijam a da ne gi navredam.
    Ve molam za vase mislenje
     
    На Antebellum, Anyshka и Ena05 им се допаѓа ова.
  13. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.562
    Допаѓања:
    10.751
    Пол:
    Женски
    Не си себична, јас скоро до година бев како подивена кога некој ми доагаше, хормони до плафон, не сакаш да знаеш каква бев кога се вратив денот со дете, а свекрва за 5 минути дојдоа со нејзини роднини. На маж до ден денес му префрлам за тоа.
    Како се чувствуваш така прави, нема што да се објаснуваш. Ти и бебе сте најважни.
     
    На Antebellum, Anyshka, Ena05 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Emilija28

    Emilija28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2024
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Od moja strana gostite sakam da gi viknam koga ke se potstopli i ke stivnat virusi vo kukata kaj sto ziveat moite.
    Mu vikam na mm da si gi vikne negovite gosti kaj negovite doma .
    Ke otideme i tamu i tamu.
    Ama svekrvica uporno dosaga sestra i da dosla a jas nonstop gi odbivam.
    Baska ona e tolku dosadna i naporna licnost i gi ligavi decata po lice i race a jas ne sum tip sto mozam da se vozdrzam i sekako ke ja opomenam i na svekrva mi i kazav da i kaze na sestrickata , a ona pa mi vika nemoj da ne se naluti.Vikam ili kazi i ti ili jas ke i kazam ic ne mi e gajle.
    Znaci rodninite od kaj mm ic ne gi mirisam .
     
    Последна измена: 29 март 2024
    На Antebellum, Anyshka и anggell им се допаѓа ова.
  15. farahfarah

    farahfarah Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Koga doagjaat na povojnici pred ili posle 40 dena
     
  16. Skyler81

    Skyler81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2024
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    После 40 дена.
     
    На farahfarah му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.516
    Допаѓања:
    17.079
    Пол:
    Женски
    Кога ќе сакаш тогаш.
     
    На Elliana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.448
    Пол:
    Женски
    Ич да не ти доаѓаат сега период на настинки. Кај нас дојдоа, и 2те деца ми настинаа, бебето 45 дена, заврши 10 дена со инфузии и бронхопнеумонија. Сега никој не прибирам дома
     
    На Autumn Love, Aschenputtel, marrisa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. farahfarah

    farahfarah Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    E da ama pa nemoze da ja cuvam do godina vo zvono jas planiram i pred 40 da si ja setkam po malku da se naviknuva a za gosti mi odgovara oti pa po cel den sam doma ne se sedi a ako izlezam bez nea kje ja mislam
     
  20. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.410
    Допаѓања:
    7.558
    Пол:
    Женски
    Па првите 40 дена е премало. Јас сакав да ја извадам на месец и педијатарот ме искара, дека е преладно и презагадено, да си почекам уште малку да пркне. Баш заради случката погоре, не би ризикувала.
     
    На marrisa му/ѝ се допаѓа ова.