Зависи кој период од денот дошле. Ама ручек ако дошле за време ручек. Мезе, поховано, салата, млечно/сувомеснато нешто, кифлички, благо.
Ние порачуваме и храна за сите до сега што имаат дојдено, сувомеснато, кифлички, скара, пица, зависи кој ми иде на гости тоа порачувам, но секогаш имам изнесено и храна.
За сите сум вадела храна. Зависи кој и колку блиски. Некогаш домашно подготвено, некогаш порачано скара, пици, поховано итн. Крем салата, сувомеснати итн.
Зависи од тоа во кој дел од денот ќе дојдат. Ако е попладне најчесто нарачувам од корпа, пици или пастрмајлии плус апетисани благичко колачиња купени сокче алкохол кој што пие
Да се надополнам, мене повеќе ми менувало возраста на луѓето што идат, отколку времето кога идат. На мои тетки/вујни/стрини или од маж 60+, па и 70+ години, никако не ми идело да ставам пица, макар и дошле попладне. Сум одела на опција некоја пита, сувомеснати или ќебапи. Обратно, на млади, другари наши или братучеди пак повеќе ми личело маса со пица, пастрмајлија, апетисани, колачи итн.
Леле мајки како имате сила за гости па и гозби толкави. На повојница веќе па во последно време не се ни оди ни вика , бар за скопје е така. Искачаме низ парк, шетање, кафе некое...ама да се тупнам на гости кај некои со бебе и да очекувам ручек, па и финансиски е терет , а тие дали 2 саати спиеле тоа па ич. Ама добро секој си знае колку може.
Од Скопје сум и дома ни доаѓале за повојница. Времето кога да дојдат, сме го кажувале ние. Ако им одговара добро, ако не следна прилика. Воглавном гости и пред бебе и сега со неа, договарам викенд да е. И мене , за мене лично зборам , ми е глупо некој со ќеса подароци за дете спремил и да му кажам ај во парќ ќе шетаме. Не дека дома од пиле млеко вадам, ама мезенце, пијачка да. И утре сме договорени за на гости повојница, се договоривме за кое време им одговара, бидејќи како за моето што си имам ред, така почитувам и на други. А ако сум утепана, културно одбивам гости. Дали ќе се лутат или не, нивни проблем.
Не е дека цело скопје прави како шро пишав ама генерално сега гледам дека се избегнува. Кој како си сака така најдобро само да не се прави нешто "затоа што морало повојница" или зошто ни е непријатно да одбиеме. Прво себе и семејството после сите други
Па искрено идат само најблските. Прво дојдоа моите изнакупиле се и сешто и бидејќи бев со царски, а бебе беше мало најскромно ги пречекав со торта и кафе и секако дека не ми замерија. Другарки најблиски, прв братучед со сопругата, најкултурно се најавија дека сакаат да ја видат малата на кратко, на едно кафе, доколку сме во можност. Изнакупиле подароци, се потрошиле никако не ми беше згодно да не изнесам закуска, а и не спремам кој знае што, нарачувам и сервирам на маса за 5 минути.
Скрос исто мислење делам. Со другарка на кафе излеговме, јас и носам подарок за прв роденден на ќерка и, а таа мене подарок за бебе. Излезени од дома, во кафич и двете бевме препородени. Други роднини и пријатели ниту се јавиле да прашаат како сме, ниту па дошле. Најблиските само пари му дадоа на бебе кога дојде од болница, без купување облеки. Знаат дека се сме му купиле. Подароци добивме на мекиците. Инаку, 2 месеци е бебето.... дали е нормално никој да не се јави досега? Ни кум, ни кумашин, ниту први братучеди? Не ми е јасно, искрено.
Се надоврзувам на твоево. Во помал град сме. Веќе и тука се случува на крофни/мекици, соседи, подалечни роднини да донесат поголем подарок и после да не доаѓаат плус дома. Ама никако не ми иди, да ми се јави кум пример или старосват и да му речам ајде на кафе ќе се видиме во кафич. Еве нека е и тетка ми или кој и да е друг поблизок. Си тераме традиционално со дружби ние по дома. Имаме и такви роднини и пријатели кои скоро 3 години се немаат јавено. Ама генерално најблиските уште од вториот месец на дете, до кај 5-6ти месец поминаа.
Денес веќе нема ненајавени гости. Така да, имаш целосна контрола кога ке ти дојде некој. Гости се најавуваат ден два претходно, и секогаш културно можеш да кажеш дека не сте слободни. Мене ми е глупо, мои тетки, или негови, со кои се почитуваме, да им кажам ај во парк да се најдеме. Со најблиските роднини не сме од вчера, и не сме за еден ден. Сите испочитуваа да дојдат во некое културно време, и никој не седел повеќе од 1-2 часа. Дури и инсистиравме уште да седат, бидејќи ни годеа гости. Да се разбреме, целото спремање не трае со денови, барем денес имаш опција да порачаш, и да е ладна даска, сецканото се реди за 15 минути. Кифли од кам се печат за 15 минути. И скара нека е, секако ја порачуваме. Ни се нема десено до сега, да ни дојде некој со празни раце, ни пак сме отишле некаде со празни раце. Е сега, да посака рандом комшивка да дојде на трет ден од болница, нема да ја примам секако. Плус, ако сте вие како мајка преморени, секогаш може да се повлечете со бебе во спална. Сум за модерни работи, ама наоѓањето во парк за една таква убава прилика, ми е непочитување.
Зошто се оптеретувате со тоа што да пренесеш за повојница кога се знае кој доаѓа на повојница претежно најблиските зарем од нив ќе ви е непријатно што да принесеш а и крајот на денот сервираш онака како и за секој нормален ден кога некој ти доаѓа на гости ништо специјално
Ние не почитуваме ништо вакво умре времето кога се правеа честови насекаде,се отуѓивме поладни станавме, дури и мекици скромни направивме,трошок ми е терет ми е ..секој ден го прежувувам ..мм на терени сама со бебе ..и некако додека фатам ред и се освестив бебево 3ипол месеци ми направи ..и сега дури почнувам да се навикнувам на новата јас на новиот живот во добри и лоши денови..додека ми легнаа работите и сфатив кај сум ...и нема да е исто нема да е вака ..затоа ќе си уживам прилагодена на ситуацијата..колку што можам секако ..а кој сака нека дојде само што би се пазела сега од вируси и настинки.Убав ден
Зависи колку сте блиски. Јас со кумата сум блиска, па постојано си споделуваме за дечињата, а и онака. Пишува, прашува за децата. Со една братучетка сум блиска, и со таа си пишуваме. И уште една другарка што не ме заборава, ниту ја заборавам. Другите, штама. Јас оттрпнав уште во бременост, многу блиски луѓе не прашаа ниту еднаш како сум. Додека не се знаеше полот постојано прашуваа за тоа, откако дознаа штама, не знам зошто, веројатно друго не ги интересираше... Вториов пат далеку потешко истерав физички и психички, па си реков дека ни јас веќе нема да се посветувам на луѓе кои не ги интересира како сум. Два месеци никој нема освен баба, дедо да дојде, а не е дека не примам гости, напротив, ми треба друштво и тоа како, само да дојдат здрави, ништо друго не ми е важно.
Не сум од СК ама мене ми дојдоа многу гости од како малата направи 40 дена. Искрено не ми сметаа, се најавуваа, прашуваа дали може, дали ни одговара и сл. На маса секогаш имав храна, мајка ми имаше месено од кифли, пирошки се и само одмрзнував по потреба, сувомеснато, салати, апетисани, благо. Ако некој сака да дојде да ја види не гледам причина зошто да не и онака се одтуѓивме и ретко кога се гледаме веќе и со роднини и со пријатели. Мене баш ми годеше да сменам муабет, пошто цел ден сама со неа убаво ми е кога ќе дојде некој.
Имам прематурче дома , самите доктори на ОИНТ и педијатарот ми кажаа да не ја мешаме со луѓе овој период . Не сме пуштиле гости дома на повојница да дојдат , фала Богу од моја страна сите се разбрани па ја виделе само на слика . Ама нешто што ме извади од такт и не можам да се смирам е следново , се јавува братучетка на муж ми, и и кажале дека сум се породила и дека детето имало два месеца . Преку телефон ми се обраќа, и ме прашува дали може да дојде , каде што и кажувам не примаме гости за повојница периодов ,и типкава што притоа не ја знам ми се обраќа со зборовите што тие ма каква повојница па мене ми кажаа дека тоа дете има два месеца, а не да чекаш ти 40 дена за повојница. Јас сум тетка и морам да го видам јас тоа дете, а ако не ми го покажете Господ да ве казни Нормално не дојде. Полудев , стомак ме заболе . Па да ве прашам како се справувате во слични ситуации?
Никако, не се замарам со небитни луѓе. На терминско родено бебе па се мислам дали да ми дојдат гости, пошо лежевме во болница пред два месеци, не па прематурче. Чувај си ја лепотицата и свиркај си.