Здравје боже кога ќе имам дете, сигурно нема да го затворам во една соба и нема да пуштам никого. Но, мислам дека поразумните нема да дојдат веднаш туку ќе почекаат да поминат тие 40 дена, а она лигавење буквално лигавење на детето најчесто од страната на постарите да ми го бакнува и лигави никако . Сега мајката може да си прави молитва и на две-три недели - скоро се породи една братучеда и попот и рекол дека не мора да чека 40 дена.
секоја кука си имат свој обичај а камо ли насекаде.....кај нас најблиските исто одат одма кога бебето ке се родит а за подалечните не само шо одеа покасно туку некој и до првиот роденден си чекаа... јас кога си дојдов дома со малото буквално никој не дојде и збеснав од досада аку бев со царски и одвај одев ама луге ми фалеа!!!! и нормално свекрва ми си кажвеше вака се прави онака се прави AMA најглупаво ми дојде што ми реце не требало првата вечер да вечерам на маса со нив?!?молам?а каде под маса?!?прво не ми дошло ни до јадење а таа не треба да седиш со нас на маса да вечераш..... ааа да и маша се оставало под креветот од бебето за кога ке излезиш од соба да не е бебето само?!? женички прајте си како ви одговарат вас та од адети никогаш не ке излезиш надвор,и што е најважно како и да одлучите секако ке ве зборват така да накриви си ја капата и терај!!!
Кај нас на пример одат кј бебето пред 40 дена или т.н. Со питуличина(колачи, пити а во поново време и бомбоњера) и со подарок (парите што му се ставаат на бебето) но ОБАВЕЗНО денски...Сепак тоа е до местото, куќата обичаите.. Јас, здравје Боже, ко ќе имам бебе нити ќе го кријам од други (како што многу го прават тоа) нити пак ќе седам дома дури да поминат првите 40 дена нити ништо од тоа... но секој со своите сваќања и обичаи
Не би требало да се оди до 40 дена. сепак тоа е период во кој мајката и бебето треба да закрепнат, т.е. бебето да се адаптира на новата околина, а нели сеуште е нежно и кревко. Е сега, друго е да ти дојди најверната другарка, мајка, татко, брат, сестра, а друго е тетки и баби. Ние бевме на повојница Спојлер со свекрва ми после една недела откако се роди бебето. Јас ја убедував дека е рано, ама не, запна таа, морало да се оди. И искрено ми беше многу незгодно таму. Мајката ненаспана, не можеше ни на газ да седи убаво, накривена беше, па бебето плачеше, па цицаше. Се осетив вишок и дека им правиме гужва. Навистина ми беше многу незгодно. Ама свекрвица моја тешка жена е!
Ова 40 дена е повеќе заради бактерија да не фати некоја зошто е изложено на болести бидејќи е сеуште мало и нежно. Иначе ептен ми е глупаво за тоа ако сакаш да го видиш бебето претходната вечер да си немал секс. И шо сега, одиш и пред врата те прашуваат :"Абе вчера имаше секс?" Ако е да, не те пуштаат да влезиш. Абе глупости!! Баш ме интересира да ги прашам тие што би било ако сум имала секс и сепак влезам. Јас, ако дојдат, фала богу нема од на врата да им речам да си сјодат, крајно некултурно е тоа. Ако се подалечни само да го ѕирнат, и после во друга соба на кафе муабет. Ако ми се блиски еве и другарки, ајде нека го погледаат 5 минути. Па и јас би сакала бе да си го покажам моето бебувче.
Aбе сериозни сте за сексов? Jас првпат слушам за ова,ме зачуди друга работа,имаме нов член во фамилијата од кај мажот ми,уште една внука имаме,и сакавме да одиме да ја видиме и ни рекоа Hе идајте сега,темница е,не чинит,дојдете друг ден Hе знаев за ова,дека не се одели в темница кај бебе Jас кога се породив си излегував денски,не претерано во тие 6 недели,навечер не излегував зашто малава спиеше,ама и тогаш ми велеа немој да простираш облека од бебето навечер и ако ја простираш денски да го правиш,ама пред да се стемни да ги собериш нормално јас не ги послушав A ова повојница е она за молитва? Aко е ние на керка ми на 6 недели и направивме
Девојки што се прави кога првпат ќе видиш бебе? Му се даваат пари? Му се носи поклон? Што се носи? Дај просветлете ме малку ме чекаат неколку нови бебиња а никогаш до сега не сум била. И да, постари се до 40 дена.
Можеш да им купиш нешто, гледај да е непарен број(едно или три), ако има уште едно дете во фамилијата, брат, сестра, земи му и нему нешто и се оставаат пари, како да кажам под бебето, до бебето И толку
Па се носи нешто благо (или спремено од тебе или бонбоњера), се носи поклон или пак се остава поголема сума пари. Ако купиш поклон тогаш се оставаат барем 100 ден на бебето и се кажува демек еве ти ги париве да си купиш сон, сестричка/братче.
Абре што знам за тие меретни 40 дена, од една страна не за џабе се измислени, треба време тоа бебуле да отвори очи што се вика, да се адаптира барем малку, да зајакне колку-толку... исто и мајката. Јас на повојница носам благо и играчки. Ако е малечко де, ќе порасне. Некое тропалче, или оние што се местат над креветчињата на навивање со музика, цуцли имам однесено, шише, четкиче за коса (кое впрочем беше како да сум го украла од Барби), ама цената не беше смешна... Нејсе, не носам алишта. Сите му купуваат тоа. А и пари не оставам, без везе ми е.
Јас лично не верувам во тоа дека 40 дена не треба никој да го види детето или пак да не се изнесува од дома. Во ред за првите неколку недели, ама после тоа ако е убаво време е дури препорачливо да излезе на чист воздух, да го зајакне имунитетот. Во врска со гостите, може да дојдат најблиските уште првите денови, па мерак им е на сите. Е сега, за комшии, колеги од работа и сл. нема потреба, ќе си почекаат малку.
Убаво си е кажано, до 40 дена па и после бебињата се многу нежни и секој вирус или бактерија може да се одрази со последици на здравјето. Моето малечко на 16 ден се исфрли со ситни бубулици, прво по лицето, па градите, па на крај рачињата и ножињата. Педијатарот го виде и рече ништо не е, жешко е прегреано било, ово оно, па храната што сум ја јадела. После еден месец го однесов кај друг педијатар чисто за споредно мислење и таа не натера да направиме крвна слика и излезе дека т.н алергија е од вирус, а не од храна.
Кога ке имам бебуш кас секако дека на најблиските ке им дозволам да го видат пред да направи 40 дена,а за подалечните сепак нека почекаат 40 дена,а и мислам секој разумен би почекал.А за тоа да не дојди некоја која што имала односи претходната вечер или со менструација ми се тешки бабини деветини и без врска.
Тие 40 дена не се бадијала измислени од народот. На мајката и бебето им треба време да се навикнат еден на друг, да си земат некаов ред, бебушот да се навикне на надворешната средина. Еве за ова ги признавам тие 40 дена, а за другите бабини деветини врска немаат со реалноста. Мене и за двете деца ми требаа едно два месеци за да влезам во колосек и рутина на секојдневниот живот. И тогаш само мајка ми и свекрва ми ги признавам за гости. И кога треба да одам некаде пред да направи бебето 4 месеци не им одам, тргнувајќи си од себе колку му се менува редот на бебето ако има гости кога е помало, а и умор е за мајката. Е сега има некои мајки одма си излегуваат на шетање со бебињата (им завидувам) , искрено јас кај ладно беше многу со виулици кода се роди ќерката, не можев веднаш да се адаптирам, иако ми беше второ дете.
Јас сега скоро ќе одам на повојница кај другарка ми и нејзината малечка. Поминаа 40 дена, па и повеќе, и некако сеуште ми е шубе да одам, прво зошто она е тазе мама и огранизмот сеуште не и е вратен во нормала а и малечката е кревка. Од друга страна и јас настинав, па додека не се опоравам и имунизирам нема шанси да одам. Речиси секој ден се слушаме и навистина сакаме да се видиме, ама рано е некако. : ) А инаку, што да и купам за одењево? Поточно, што да и купам на малечката? Некои тропалки играчки? Јас сакав малечки чевлички такви ко чорапчиња да купам, или за другарка ми марама/слинг/кенгур...такво некое?
Ако си настината почекај додека да заздравеш гревотка е да не се превати на малото Кегурите (марамите ) исто така се поскапички , ама ако ти е блиска другарката зашто и да не Иначе поклон за малото можеш некое боди, или играчка тропалка ... или пак постелинка за детето кебенце и перниче * јас за моето купив убава и ефтина од една продавница за бебешки работи Анжи мислам дека е викаше кај зелен пазар Јас од моите другарки добив Радосница во кое се запишува се за бебенцето и стварно многу убав поклон Ама сепак ти си знаеш најдобро
Почнаа да ми се најавуваат гости за на повојница, па сега се мислам што се вади на маса Поточно ме интересира дали има некој адет, што е задолжително да се извади. Дали некој е запознаен со адетите ?
За адет јас не знам дали има ,ама па не се распрашувај многу за да не те боли глава .Јас бев многу практична кога ми доаѓаа,купував по 100-150 грама сувомеснато и тоа 3-4 вида и по 2 вида кашкавал и правев ордевер.Купував по еден француски леб и го сечев на кришки.Еднаш купив поголема количина на ситни колачиња од Канела и ги смрзнав и кога ќе дојдеа гости вадев по 10тина.За пиење сок ,пиво,вино и толку.
meu и јас правев слично како АИТ си земав сувомеснато од кам и кога ќе дојдеше некој отварав .. мм имаше купено пиво , сокови и вино и така.. инаку јас дома си направив колачиња ете така ми беше мерак си ги замрзнав и сеуште имам па и сега кога доаѓаат другаркиве ставам по некое колаче нешто за мезе зависи што пиеме и што ќе се најде по дома..
јас имав веќе месено (јас и свекрвами) уште дури бев бремена и замрзнато и ко се најавуваа гости само ќе подкупев сувомеснато и пијачка и ќе одмрзнев кифлиња и сл. и толку и не се замарав јас многу многу ако идат луѓето за јадење поарно нека не идат а тие што сакаат да најдат мани и масата тип топ да ти биди пак ќе најдат