Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Време за одење на повојница

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 22 март 2011.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Абе јас да си прашам, зошто во нашиот крај го нема овој адет, а ваму маж ми ми посочи дека треба да спремиме нешто , да извадиме едно друго.
    Еве пример кај мајка ми кога бев викендов, доаѓаа гости, по повод бебето, но освен благо се друго најнормално се вади, грицки ако има арно, ако не пак арно, сок, кафе и толку.
    Ај ќе се снајдам некако, ќе ја предадам штафетата(бебуш) на маж ми ,па јас да успеам да спремам нешто.
    Ми се допадна ова со слатките што вика Јуник, ќе направам повеќе, па ќе ги смрзнам ако треба.
    А планирам и нешто месено да направам, па ќе видиме. За викендов имаме најави, се надевам ќе биде како што е планирано, па со време да завршиме и со гости. Сепак знам дека ќе има и после неколку месеци некој што ќе се најави да дојде.
    Од секогаш сум се нервирала вака кога доаѓаат по цела година што се вика гости :^) ивкова слава :lol:
     
  2. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Нас почнаа раштркано да ни доаѓаат од 2 месеца па натака, пред тоа јас не сакав ради бебето, искрено избегнував и одоколу им кажував да дојдат малку подоцна. Воглавно принесував ордевер, како што кажа АИТ, нешто за пиење, кифлички имав смрзнати, знаев и пици да направам од готови теста, свекрвата секогаш ќе ме обезбедеше со кифлички или што било да пројавев желба. Ако беа нивни пријатели или роднини на сопруогот, почесто доаѓаа долу кај свеки и таа буквално се ќе спремеше јас ќе помогнев колку можам и ем подобро ради бактерии ем јас не се секирав дали ќе биде ок. На моите пријатели дојдоа кај нив, а роднини ми донесоа подароци и за мекиците и за младенци па и за крштевка, триплирани дози... инаку доаѓаа кој како. Некогаш два три пати во неделата, некогаш во цел месец само едни. Еве денес имаме пак гости на повојница, а ние уште малку ќе правиме година :D
     
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Ете ова ме нервира ужасно :devil: на повојница , а детето 1година :^) , ае зошто вака прават |(
    И јас планирам да ја вработам свекрва ми, ако не друго да замеси нешто па да имам :angel:

    А за бактерии што спомна Гирл, искрено планирам детето да ми седи во спална, само на кратко да ја донесам да ја зирнат и доста е. Иако понекогаш и тоа кратко е премногу, но што да се прави, многу лош период ни се погоди, времето е катастрофа :worried:
     
  4. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Синко направи 2 месеци и еве почнаа да доаѓаат да го видат... Искрено, да есен е, да вируси и болештии, ама 1. сите сакаат да го видат 2. некои сакаат и мене да ем видат :rofl: 3. па и мене ми се зажеле душичката за муабети, кафенце во друштво...
    Да, ако се од страната на мм обавезно седат кратко па одат кај свекрва ми на кафе (да ми ја поживее Господ, срце е), а на астал изнесувам што има, може и мезенце и сл, а може и со солено, благо, сок и кафе да поминеме, кога како имам време да пазарам зошто не се наоѓа секогаш се во фрижидерот мој, а и не се најавуваат сите ден-два унапред...
    Туку секогаш си имам готово лиснато во замрзивач, и на парченца и табли, па ако имам време вадам табла и расукувам со фил, ако немам време, вадам парченца, редам на хартија за печење, кога ќе влезат гостите ставам да се печат и за 15 мин служам топло и вкусно лиснато... нема потфрлено и нема останато :P
     
  5. Marchesa

    Marchesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    965
    Не знаев во која тема да го поставам прашањево, веројатно сум на право место. Може ли да добијам некоја идеја за оригинален и не многу скап подарок за повојница? За девојченце се работи. Земав радосница сега за сега, ама сакам уште нешто, малку е ова... Help? :)
     
  6. lepadama

    lepadama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Земиму тренерчиња плишани розевки или сиво нешто со розево,и можеш пелени како завиткани јас така на една другарка и однесов за малата беше презадоволна.
     
    На stefi23m му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    118
    Леле меу баш ова намногу ме нервира многу глупави обичаи јас еве уште пред време се нервирам кога ќе помислам дека вакви работи ме чекаат глупости гости :envy: баш ивкова слава како што се знам каква сум знам дека бебушка нема да можам во свекрвами да ја давам а камоли кој стигне да дојде да ја гнјави не може моето бебче освен јас и сопругот не сакам никој да го фаќа :sweat: ко сака нека си роди :lol:
     
  8. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Кумови сме и имаме кумашинка мала, има дури 14 дена точно :)
    Секако да направи 40 дена, па сакаме да одиме на повојница. Па да си прашам, што вас ви донесоа кумовите на повојница? Благо секако ќе носиме, само подарок???
    Имаат количка, креветче, транспортер- релаксатор, од поголемите работи.
    Предлози и идеи?
    Јас неможев да дочекам 40 дена па пред 2-3 дена бев ја видов срцката и нормално не се оди со празни раце нели, па купив кебенце мекано шаренко, шпилхозни подебелки преубави и паричка ставив во торбичката.
     
  9. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски

    ако немаат можиш да му купиш столче за јадење , ако сакаш поголема работа да има дадиш што ќе им остани ;) ;) ;)
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    rakce69, би те советувала тоа да е нешто што ќе го користи подолго. Да не е облека.
    Поразговарај со кумашинката, нека биде лулашка, релаксатор, можеби столче за јадење или нешто слично. Барем денес има доста избор.
     
  11. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Мене ме интересира што ви донесоа најблиските како золва, јатрва кога дојдоа прв пат да го видат бебето? Јас ќе имам внука од брат и сега не знам кога ќе одам прв пат што да однесам за бебуката и за мајката (снаа ми). Секако нема да чекам 40 дена бидејки едвај чекам да се роди и да ја видам :lol:
     
  12. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    За толку блиска релација немаш потреба да се мислиш, најубаво е да прашаш што им треба. Јас ја прашав сестра ми и полесно ми беше. Исто така и золвата моја кажа дека планира релаксатор да земе, гледала некој интересен, па се договоривме тоа да биде нејзин поклон и така.
     
  13. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Јас земав постелнина. Бевме со снаа ми и купивме. Сега ме интересира што уште треба, дали цвеќе или мал поклон за снаа ми и шпихозни, злато или нешто друго за малата не знам. Пари ми рекоа дека се оставало и тоа е ок. Како дојдоа кај вас со празни раце или ви донеле нешто, зборувам за многу блиски?
     
  14. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Кога се роди братучед ми (од брат на мајка ми), мајка ми однесе буквално се од алишта, значи од чорапчиња до палто, (додуша малку поголемко :lol: ама си го износи кога потпорасна), големо мече, тропалки и мислам тоа беше, не се сеќавам точно. И нормално нели, сите оставивме пари :) Прво внуче, нели, радости ;) За вујна ми, како и обично, нешто благо беше, а што точно не се сеќавам :D
     
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    ;( ;( Шмрц, мене никој ништо не ми купи... :D туку сериозно и за мајките мислите да купувате :^)
    Ок, како сакате. Јас родив две деца и освен мм кој ми купи цвеќе, никој ништо не носеше за мене.
    Сите си носат за бебето. Од многу блиските само сестра ми и моите кога дојдоа ми донесоа цвеќе, останатите ништо, само честитки да ми е живо и здраво :) )
    Искрено не ни очекував јас да бидам дарувана, колку што знам повојницата е за бебето да се дарува :?:

    Го даруваш бебето, оставаш некоја паричка, му викаш -да си купиш братче/сестричка/кола :D , оставаш железна паричка да биде цврсто и обично се носи и благо, било што (дома направена некоја торта, колач, или пак бонбиниера...битно благо да е :!: , за да биде благо бебето.) Толку.
     
    На macence4, Alondra и blond им се допаѓа ова.
  16. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Шмрц и од мене. Никојништо не ми купи, ни мм :D сите за бебето донесуваа. Ауууу, не, грешка, машината за садови ми е од баба ми поклон затоа што сум и родила пара внук 8)

    Золва ми кога прв пат го виде малиот, освен мече, не се сеќавам дали друго нешто донесе. Сепак по 1-2 недели донесе се за бебето, чорпачиња, тренерки, шпихозни, пижамчиња, бодиња неколку, паткички. И потоа секој месец му купуваше плус по нешто (тетка ли е, што ли е :) ). Во секој случај, супер од нејзина страна за се.
    За зимски деца (оние што се раѓаат во зима) би препорачала да купете ете како што пишале погоре, нешто во договор со родителите. На близок можеш да си кажеш што да ти купи, а облека сите други ќе донесат. Или пак купете гардероба што нема да е ептен мала (некое бројче поголема). Син ми уште носи некои тренерки од лани што го носеше како бебе :lol: му беа големки, ама ги израсна.
     
    На Spidy и Alondra им се допаѓа ова.
  17. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Кај нас тие што дојдоа, му донесоа поголемка облека и со паре го даруваа, од баба и дедо си доби количка и транспортер и пари, од другите му го опремија целосно бебешкото катче. За мама имаше цвеќе, а после неколку недели , сосема изненадно доби поклон од свеки да се поднови и мама за првата радост нејзина.
     
    На Alondra му/ѝ се допаѓа ова.
  18. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Свекрвами уште ништо не донела освен бонбоњера и еден плишан зајко моите и земаа облеки и пелените се нивна должност само днаш ме купиле пелени до старосватицата ни донесе кебе шпикозни патики глодалка сунгерче лигавче ,едно срце перниче кумата јорганче кебе фустанче патики , за мама освен мм цвеќе никој ништо не купи така да ако уште некој ни донесе ќебе ќе имаме за извоз :)
     
  19. kravina

    kravina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Реално е дека треба одмор и релаксиција на мајката и бебушот, време и бебето да се навикне на новата средина. Само што ние сме си тука малку наназад неколку години па практикуваме ( посебно ако имаш некоја роднина забегана) па морало според тие адети,обичаи.... Колку дена треба да се одмори за тоа мајката ќе си одлучи. Веќе кога кажавте за менструација, да ви кажам попат и случка .... Бев со снаа ми кај нејзината сестра која штотуку се породила и ајде ме викна мене да одиме , и тоа свекрвиште на сестра и ,кога ми се сврте и само ме праша : ти да не имаш добиено, не смее ако имаш кај бебето!
    Снаа ми уште немој да и се лутиш стара жена е, се грижи , внуче и е. И кажав : Што ако е стара, не смее така дрско и некултурно да ме прашува уште пред да влезам, ни здраво не кажала господичната веднаш тоа ме праша... Сестра и ќути, ништо незнае да каже..Ме разбесна жената, свекрва ќе ми кажува за дете!
    Мајката е таа што треба одлучи, она го носела бебето 9 месеци, она го родила .
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Pipito

    Pipito Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    58
    бебе до 40 дена

    феминки како сте настроени кон адетите за бебиња до 40 дена. Пример колуреме не тфеба да имате сексуален однос за да одите на посета как бебенце.