Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Време за одење на повојница

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 22 март 2011.

  1. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    бебе до 40 дена

    Не е тоа ништо важно. Ние ни а од адет не испочитувавме, доаѓаа и со циклус, па и доцна после зајди сонце ма се обратно и пак е здраво право и весело бебе. Уживај и нема врска ама ништо.
     
    На macence4 и friendy им се допаѓа ова.
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Kolku sto jas znam kaj bebe do 40 dena se odi cist t.e treba da si izbanjat I vecerta da ne si imal odnosi I da nemas ciklus. Znaci dovolni se 24 casa bez seks pa da go vidis bebeto. :)
     
  3. kammam

    kammam Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    21
    според мене ништо од сето тоа нема врска. ниту јас за моето бебе пазам на такви работи, ниту пак некој од моите блиски роднини и другарки пазеле, па сите имаме живи и здрави бебиња. напротив, ако мајката се замара со такви глупости, може да настрада некој невин т.е. да си помисли дека можеби детето е црвено или се нафрлало оти го видела некоја нечиста жена (што имала циклус или сексуален однос) се е тоа измислено од народот.
     
    На HeidiDiWalt и friendy им се допаѓа ова.
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.450
    Допаѓања:
    13.490
    Пол:
    Женски
    И јас сум пазела кога одам кај мало бебе, што носам на мене, обавезно раце да измијам пред да го земам, и истото би го правела и за моето бебе кога ќе дојде ред, сите да се чисти барем во рацете пред да го допрат. Ама ова со добиеново и односите... :^) Нема гола да се соблакам пред бебето, па да е битно што се случува со мојата интима. Бабини деветини се тоа, и ако старите баби не го сфаќаат тоа, прва ќе бидам да им искоментирам...
     
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Бабини деветини или десетинки, така останало од старо време, а наше е колку ќе се прифати и продолжи верувањето.
    Јас не одам не чиста кај бебе, а дали дошле кај мене т.е. кај нашите бебиња не чисти тоа не знам, не прашувам, незгодно е и глупаво е некој да ти се најави а ти да му речеш дојди не сексан.... :tmi: :$
     
    На pepita82 и expert им се допаѓа ова.
  6. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Мене искрено не ми требаше многу време за одмор имав лесен пораѓај капав во болница ради бебушот и се опраив за 2-3 дена , ама на бебето му требаше доооолллллгааааа адаптација па грчеви па гасови (преседувавме со нишкање ништо да не можеш да фатиш) кои ја напињаа па повраќање аууууу . Мило ми е што првите гости за повојница дојдоа кога бебуш имаше 2 ипол месеци едино пред 40 дена дојдоа старосватицата и кумовите ама со нив сме си ептен блиски и мило ми беше што дојдоа . Не знам дали дошле со циклус без претходно имале односи ил не сите измиле раце пред даја фатат идоволно мие тоа бтв никогаш ми се нема исфрлено
     
  7. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Кај нас си доаѓаат само мајките по потреба за чување, золвата поминува на кратко да го види и старосватицата беше само еднаш после 40 дена. Друг никој не е дојден во овие 2,5 месеца, не заради тоа дека пазам на адети, колку што пазам од вируси и болести бидејќи сезоната е таква, сите дома имаат по некое болно дете или некоја настинка што ја влечат цело зимо, па не ми се ризикува.
    Еве сега се разубавува времето па ќе викнам гости што по дома, што надвор на отворено.
     
  8. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    20.908
    1. 40 дена леунство- јас ги сфаќам како период за инкубација и адаптација на бебуш па и мајката. Тежок пораѓај, рани... се си е нормално тоа.
    Лично за мене, освен најблиските (и од моја и од стрна на мм), и по некоја поблиска брачеда или другарка- друг ниту дојде, нути пак сакав да ми дојде- искрено. Кај нас во градот се знае, до 40 дена на гости кај бебе не се оди.
    Од другите прикаски- имала циклус, сексана не сексана...та зајдело сонцето - прибирај се дома и ред други работи.....ама во ништо не верувам. Туку, пустото тогаш уште бевме во заедница а, свеќи си е прилично по тие работи (иако ја приметувам дека си легнува полека на брашното и оладува во последно време), па колку толку внимавав.
    Не за друго , некогаш стварно од никаде негде може и сам шубе да си направиш.
    2. Од подароци - во болница јас си добив по некој буќет и од мм книга Мајка и дете. Синко си доби по некој поклон(шпихозни, обувки, боди) и пари.
    3. За повојница кога доаѓаа, си собра многу многу убави подароци, и од најблиските- количка, столче за хранење, зимски јакни со комплети...итн....
    4. за на маса што спремав (што јас -што свеќи) кифлички во секое време , кои свеќи и мајка ми ги измесија во тони, (се разбира замрзнати па ги вадев по потреба), ордевер, таратор, зелена сезонска салата (за со ракивче) :D , понекогаш знаевме да викнеме и скара, или пилешки прсти или пица.Така не гостеле нас кога сме оделе на повојница, така гостев и јас.
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.153
    Допаѓања:
    36.523
    Пол:
    Женски
    Кај мене на повојница доаѓаа и пред 40 дена. Јас им реков така. Имаше некои што не сакаа тогаш да дојдат, па дојдоа после 40 дена. На свекрвата тоа и пречеше. Иако ми беше гостинка, си зема за право да кажува дека треба да чекам да поминат 40 дена за да примам гости. Јас и реков дека кај нас во Скопје не се чекаат 40 дена. И од тогаш таа ништо не ми рече. Што му фали на моето дете што не чекав 40 дена? Ништо не му фали. Дека на бебето ќе му се случи нешто ако доаѓаат да го видат пред 40 дена, за мене тоа се празни суеверија.
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.645
    Допаѓања:
    22.170
    Пол:
    Женски
    Кај внука ми бев на 40 дена.
     
  11. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    јас сум против овие адети, според мене тие 40 дена се потребни само за да навикнат еден на друг мајката и бебето, и секако да се опорави мајката :) кај мене во тие 40 дена дојдоа само најблиските иако јас им реков и на другите ама тие чекаа да поминат 40те дена, а сестрами дојде со циклус, јас речиси секој ден бев надвор, кога немаше кој, ги испракав кога имв некој на гости, па ете синко си е машала супер, јас секогаш велам само дедо боже да си го чува бебушко, а од овие работи неможе да му биде ништо :)
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Кај мене дојдоа мн гости на повојница пред 40 дена да наполниме со малата ,август се породив ,срека не беше сезона на грипови , сестра ми не можеше да дочека дојде со циклус ,малата не се исфрли , инаку имав гости од странство што доаѓаат поретко во МК, па не можев да ги вратам а и мерак ми беше ,кумовите исто ,золвата , додуша ме прашуваа на телефон , не верувам во бабини деветини ,зошто керка ми си беше плачка по природа ама за свеки плачењето било од гостите,а плачеше и кога немавме гости , така да :?: не верувам , е сега јас искрено чекам кога планирам да одам на повојница да поминат тие 40 дена , зошто знам по мене првите две недели стварно не ми беше до гости имав болки од раната ,градите , и ми требаше мир и одмор , после тоа добро ми доаѓаше кога некој ке дојде се радував на поклончињата :)
     
  13. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    И мојата беше плачка ама кај насобратно стануваше неверојатно мирно дете кога имаше гости со мм викавме и фали гужва некој да ја надвика :) и когаќесе најават гости скокаме од радост сега е далеку помирна
     
    На pepita82 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    феминки, моја пријателка се породи пред една недела и денес се договаравме нешто за идење кај неа. Е таа не гледа многу адети и традиции, како не се иде до 40 дена и незнам што и ни вика што побрзо да одиме да ги видиме со бебчето. Мене ми е потребно да знам што да однесам, дека преска ја прашав на тел одприлика што сака а таа ми вика абе дојдете вие не треба ништо да носите ( сигурно нема со празни раце да одиме ). И да напоменам дека живее со свекрва која баш гледа на традијија и адети и сеа незнам кога да одам и што да носам, па затоа ми треба помош, ама ве молам одговорете ми побзо дека имам само 3 дена.
     
  15. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Ајде и јас овде :) Другарка ми се породи пред десетина дена, а јас како што сум си дечарка по природа едвај чекам да поминат тие 40 дена за да ги видам :inlove: Е сега муабетот ми е што да однесам. Се мислам да и земам од тие плишаните пижамчиња (квалитетни се, веќе проверено :) ), плус и бебчето си е есенско-зимско. Добар ми е изборов или? Ќе земам и нешто ситно, чорапчиња, некоја тропалка, лента за коса. Некој ваш предлог?
     
  16. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Секоја мајка треба сама да одлучи дали ќе чека да поминат тие 40 дена или не. Јас лично, имам една одредена група на луѓе за кои ќе чекам, луѓе кои не ми се многу многу сигурни, ама за блиски роднини, кум старосват, нема да правам проблеми.
    Не дека од моја страна иам роднини, ама тоа е.
    Туку сега е нова мода, дека ни слика не смеело од бебето да се види до 40 дена. Е ова не го разбирам.
     
  17. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.829
    Допаѓања:
    39.873
    Пол:
    Женски
    Nati.P добра идеја ти е со пижамките , можеш исто и бодиња интересни како подарок !!
    Еве и како добар подарок е Радосница !
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  18. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    уф, цела тема ја прочитав.
    И се изначитав и се изнасмеав.
    Циклуси, секс, дење, ноќе, алиста пружење/собирање...
    Јас имам многу другарки што имаат деца, никогаш не било проблем за одење, ама не сум била.
    Најмало бебе што има видено е 43дена, комшиите го шетаа пред зграда (сега дури сватив дека претходно ги немав видено, најверојатно чекале и они). Најмало бебе што имам држено во реце е речиси 3 месеци.
    Кога ќе се роди моето бебе идејата е да се соберат кој сака, сите во еден ден, на мекици.
    Ми одговара така затоа што јас ќе бидам во болница со малата а дома моите ќе се замараат со гости :lol:
    Искрено, јас не разбирам што е разлика помеѓу повојница и мекици. Мислам дека нема потреба да чувствуваат притиско да дојдат по 100 пати и да торшат пари.
    Од овие горе наведениве суеверија/адети ништо не верувам и не почитувам.
    Немам намера да чекам 40 дена ни за да ми го види некој бебто, ни за да го носам надвор иако ќе биде зима. Единствен проблем ми е шлапањето на бебето. Не сакам да ми го бацува никој, ни најблиски. Не. Ама тоа затоа што и мене лично ми е не убаво да ме шлапаат (тетка ми... :x Уф, бљак.)
    Исто се мислам за фаќање за раце, бебто ги става рацете во уста така да и тоа малце ми е фуј.
    Значи заклучок-не ми е важно кој кога ќе дојде и што ќе донесе, малце имам проблеми околу хигиената и тоа е тоа 8)
     
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Девојки, што носевте за кумашинче на повојница?
    Дајте ми идеа? И колку си одвоивте вие од буџетот?
    Зошто јас прв пат кога го видов(како кумови) ми беше глупо да не пружам ништо, и му купив тогаш три работи облека, а мм пружи до него 500ден.
    Вчера кога ни беа на гости за 40дена, и купив боди, радосница, и држач за цуцла-штипка.


    Ама сега за повојница навистина незнам на што да одам и колкав поклон да биде тоа?
     
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    хмммм нас кумата ни донесе, играчки, чизмички(за дотерување), потоа не изненади со панталончиња, блузиче и елече... Онака ништо специјално или да се потресуваме дали баш за повојница или за што е.
    До сега сте дале , така да мислам дека за повојница и не треба многу да се стрсуваш.

    Јас кај што бев старосватица за повојница однесов од гардероба(од ептен бебешка па до поголеми алишта), до 2пара чевли, ќебенце со играчка, оградичка за креветче...
    Но, искрено да сум со овој памет и да сум кума некаде не би се замарала многу. Сепак повојница е само симболично одење на гости, потоа ви следат родендени, крштевки... па и немора да има некој посебен повод за да се подари.
    Како што знаеш ти Сноу, има да биде секоја недела преплавено со чудесии :lol:
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.