Жената на газ не може да си седне, а гости да пречекува ??? И бебето е премногу мало, кревко, самите родители допрва треба да свикнат на ситуацијата, а не уште да се пречекуваат и угостуваат гости. Секој нормален и свесен нема да дојди до 40 ден. (Освен по лична покана, ако ти е некоја блиска другарка и сл.) А, за поклоните, секој нека си носи колку му дозволува џебот, а не ова-она требало. Многу адети ни се останати од бабите, ама мислам дека на нас младите е да ги менуваме некои работи кон подобро и порационално.
Сноу ти асално си го опремила малото, добро кумови сте ама немој до толку да претеруваш, утре кога на твоето дете нема да му донесат бар пола од тоа ќе ти биде криво, а и како да не ти биде, ти си одвоила од твојот буџет толку многу пари, а и ти си во иста состојба како и неа, се спремаш за твоето дете нели. И да не ти биде криво, ете мене не би ми било затоа што многу повеќе сакам да подарувам отколку да добивам подароци, ама на сите тие работи кои си му ги купила нормално е дека сега треба да купиш нешто поголемко, затоа што е ете повојница и официјално одите кај бебенцето за прв пат. Јас би ја прашала сега мајката што и е потребно а што нема бебенцето, дубаче за понатака, столче за хранење, релаксатор, столче за во кола, што нема од тоа, и тоа би однела, сепак се работи за кума и сите од неа очекуваат поголем подарок нели Е сега како правам јас, исто како тебе и јас претерувам со подароци, па така носам подарок и за мекици, и за повојница и за крштевка. На внуката од братучедка на мм за мекици однесов благо и играчка, за повојница еден куп работи од играчки, облека и за мајката помагала, за бањање влошка, бањарки, свашта буквално... После неколку месеци правеа и крштевка и тогаш реков доста е, купив едно комплетче фустанче со пумпарици, едно кутивче во кои свекрва ми ги стави парите што и ги даде и чоколадце, инаку немаше да има стоп, и се ближи сега и роденден па што ќе и купам тогаш ако уште сега претерувам со огромни подароци. Искрено зависи и каде и за кого купуваш, не се припотресувам баш за секого Твој избор но ти препорачувам да си ставиш граница уште сега бидејќи кога самото детенце ќе порасне ќе те гледа само како извор на подароци, верувај ми се има случено, од искуство ти кажувам.
Девојки што се купува за женско бебе кое е малецко скоро една недела, кога ќе одиме на повојница нели после 40 дена, што треба да однесам, јас сакам облека, ама незнам што, и треба да купам за околу 5 месеци, таман да и биде точна бидејќи сега е многу малецко.
Девојки утре одиме во посета на внучето на дечко ми, земав боди и направив интересна диплома со податоци за бебето (тежина,висина,час) ,благо и сега колку пари е доволно да се остави?
Ме интересира зошто кај новороденче не треба да оди жена со менструација? Дали има некакво научно објаснување или само бабини деветини?
Јас некни прв пат го слушнав ова. И баш оти нема апсолутно никаква смисла прашвам да не има нешто плус..
@s1a1n1d1r1a1 Најверојатно живеат во некој минат век каде менструацијата ја сметале за болест. Немам коментар.
Затоа што се исфрлува бебето со црвенило и брунчиња.Не се оди до 40 дена и немажена девока која е сексуално активна.Домашните може, ама други не.Ете и во тема прочитав дека на некоја и дојдела некоја со менструација и веќе 3 години секој месец на истата дата детето било со брунчиња и црвенила, го носеле секаде, но пак се појавувале тие.
Nema vrska toa so menstruacijata i bruncinjata.Koga se porodiv drugarka mine sakase da dojde prvite denovi,bidejki imala menstruacija,no jas ne veruvam vo nitu edna babina devetina ja ubediv da dojde.Moeto dete nitu edna brunka nema isfrleno,ne veruvajte vo takvi raboti,kaj nas vo mk gi ima samo
Како ќе се нафрли бебето жити се од некоја шо има меструација? Освен ако земи да го мачка со менструацијата, ми нема друга логика. И немажена девојка која е сексуално активна? What the fuuuuuuck? Каква е релевантноста? А демек мажена сексуално активна можи? Значи добро ова тотално се бабини деветини, мислев да не има некакво логично објаснување поврзано со хормони и слично ама океј. Фала ви на одговорите.
Смири хормони Сандра, немораше да ми се обраќаш.Твое си е во што си веруваш.Не е само примерот на феминката, знам и јас сум видела сум чула, знам дека на некое му избива на некое не.Да не знам да солам памет, ама и онака си кажав само мислење, немора да ми псуеш тука и да ми попуваш, јел јасно? Можеше како Мими културно да кажеш дека не се согласуваш со мене, а не вака.Јас пре не би да одам никаде до 40 дена освен блиски ако ми се.Нека се навикне и мајката, друго и бебето е поголемо и не плаче толку.А и на мало бебе нема што да му гледаш, искрено мене мали страв ми е да ги гледам или држам.Исто во црква не одам ако имам добиено.
Де бре. Не беше за тебе коментарот не се притресвај. Општо за адетот. Фала за одговорот ти реков ако не. Одма се вреѓате. Ват д фак не е псуење бтв. Нема да вервам никогаш во вакви глупи бабини деветини измислени од 40та ко се сметаше жената за валкано и недостојно биче. На крај краева мајката ќе си кажи како си сака. Ц ц ц
Ima vistina i vo toa ,koga ja se porodiv 40 dena ne izlegov nikade osven doma-vo dvor se smeta tie 40 dena za zenata se najranlivi (a i taka e porodena dete izleglo od nea ,seuste kolkovite ne i se sobrani na mesto kako prettoa posebno ako imala epiziotomija ne moze na gaz da sedne a ne da izleguva na tie so se pravat moderni majki kiznaj kako mu uspeva toa odma so bebe od bolnica i na setanje) moze se da ja napadne primer dzinovi i tn a gi ima samo druga dimenzija se ne mozeme da gi vidime a tie nas da za menstruacija jas veruvam vo toa ,od mene iskustvo imam koga idea na povojnica-ponuda i nosea sto kupile za bebeto slednata den mojata Gorice seta bese brunki na liceto i togas kazav na moite i pitaa koj bil jas kazav i na zenata so bese dojdena taa kaza bila so menst nemozela da doceka pa zatoa dosla , nekoi veruvaat nekoi ne ,ama sekoja majka si gi pravi tie raboti za mazeni nemazeni seksualno aktivni nema vrska toa izvini na referatov golem *^▁^*
Најнормално е дека им треба период на прилагодување на новата промена и начинот на живот, и на мајката и на детето, како и приспособување во средината. Тоа е ок. Ама работи од типот немажена, со менструација, рогови на глава, мислам колку треба да си заостанат да веруваш во тие глупости од 13 век?
Да тие што имале иск кажуваат , а тоа за девоjки немажени сексуални ова она тоа нема врска да ,ама ова за крвта можеби има , крвта нечиста се исфрла од телото па може новороденчината осеjкат миризба или па можеби има нешто каде има чад има и оган сигурно не е измислено .
И детето го носиш на вакцина, преглед некој... и почнуеш по сестрите и докторките: ти имаш добиено? А ти? Ти немажена си? Секс си видела? И си идеш дома, нема кој да го прегледа. Бараш маж, доктор, женет и маж мед . сестра да го боцне.
Паметна ли сакаш да се покажиш Ако има маjка што не слушала постар и тие бабини деветини jас ангела да не се викам ако има такви што не слушале воопшо стари.
Не се покажуам, паметна сум си. Поштуам стари, ама глупости не Не се нервирај Ангела, мајка ми никој не слушала, па еве ја внука чека