Сестра ми пред малиот да има една недела го шеташе во парк, таа беше на свадба (на саат-два) две недели откако се породи, не се практикуваа никакви бабини деветини, детето не е крстено, најблиското семејство одевме кај неа, а и таа кај нас и никогаш не се прашувавме дали некој има мензис. @s1a1n1d1r1a1 Нормално, пред да се оди кај бебето ќе се истуширав или барем ќе облечев чиста облека, влегување со кондури никако, од врата право на миење раце и бебето никако не се бакнува, поготово не по лице. Малиот порасна нормално, никогаш не бил посериозно болен и е прекрасно момченце. Мене ми се оправдани овие бабини деветини пред 100 години кога немале тоалети, влошки за менструација и ( за сегашно време) основни хигенски услови.
Луѓе нормално мислам дека капени, чисти, не болни, не настинати луѓе одат да видат бебе. Значи то е мислам нормално размислување. И да има некоја менструација сигурна сум дека ќе си води хигиена нема по нозе да му течи. За бакнување на бебето знам дека не треба оти можат да се пренесат бактерии, тоа е нежно океј има логика. Ова со менструацијата ме заинтересира... Последен офф.
Вакви адети и глупости има само кај нас верувајте. Посебно тие семејства што живеат во заедница со постарите членови..... Абе Господ да чува. Мајката да не излага надвор навечер, бебето никако да не се вади надвор 40 дена, да не оди никаде ни мајката, ни пак некој подалечен да дојде кај неа итн итн. Ја прашував баба ми за таа работа со менструација и бебе, вика можеш да појдеш да го видиш ама претходно на мајката на бебето да и кажеш дека имаш добиено И така ништо нема да му биде, а ако го видиш така "нечиста" , без да кажеш на мајката, ќе се нафрлело бебето со брунчиња и црвенило. И исто не смее да се оди кај бебе ако си имала секс претходната вечер Ваљда и за тоа треба да ги известиш новите родители..... Не знам на кого му текнале вакви работи, во времето на диносаорусите вакви работи измислиле (кога не воделе толку грижа околу хигиената) а ние уште си ги почитуваме. Ете пред 2-3 месеци ми се роди братучетка и кога одев прв пат да ја видам, требаше да ја викнам вујна ми насамо и да и речам: Абе, вчера јас имав секс да знаеш ако му се појави црвенило на бебето, ете од тоа му е
Лее не ми се верува што читам. Колку треба да си заостанат за да поверуваш на вакви бесмислени суеверија која факинг поврзаност ја има циклусот на некоја девојка со бебето??! фак лоџик.
Да искрено полно не има такви кои не веруваат во пагански работи:како магичен циклус кај жена или ставање нож под перница кај бебе,за да истото не фати уплав.
Toa so MINUSracijata najverojatno e povrzano so higienata,vo smisol porano nemalo uslovi kako sega za odrzuvanje higiena pa se smetalo deka zena koja ima dobieno e prljava i zatoa najdobro da ne odi kaj bebe bidejki pak bebeto e podlozno na sekakvi bakterii i infekcii. Vo denesno vreme nema mesto za vakvi somnevanja no jas koga ke dojdea da go vidat bebeto na smea na sala insistirav da se mijat race prvo,a vtoro,kupiv sretstvo za dezinfekcija vo dozerka i ako sakaa pak da si 'igraat' so bebeto racete so stedstvoto si gi flitaa
Kaj bebence ne se odi da go vidat prvite nedeli samo zaradi bolesti sto moze da mu se prenesat.Moze gostinot i da ne se oseka deka e nastinat no bebceto ima slab imunitet i da ne se prenesi.Za drugi raboti isto sum slusnala no ne veruvam.Sin mi so meseci lezese vo bolnica i koj znae uste koj ne go vide pa ne se nafrla bruncinja a veruvam barem ednas se pogodila sestra ili doktorka so ciklus ili imala odnosi.Koga sestra mi se porodi bev kaj nea za da i pomognam posle nepolna nedela ja setavme vnuka mi vo park (za vo Francija zboram) i se smeevme da bevme sega vo Kavadarci ke ne napravea nenormalni moze i centrite za socijalna sluzba ke gi izvesteja
Епа добро од денес Трајанка ќе те викамееве јас буквално ништо не ги слушам старите, па ништо не му фали на син ми. Мислам од која ера е бре тоа со менструацијата и сексот. Значи после 10 дена од раѓањето бевме секој ден надвор на шетање. Беше топол месец и идиотизам е да го држиш затворено детето, па ултравиолетови зраци трева да фати бре, за витами д. Се разбира не го пикав меѓу народ, туку си го шетав во парк. Ако ја слушав свеќи треваше метла, лук и нож во креветчето да ставам, мислам нож бе нож. Лудачка работа. А да и на рака требаше да му ги перам алиштата, не во машина да нема грчеви. А јас се во машина перев (царски породена, неможев да се веднам) и синко мој немаше ниту еден ден грчеви. А да и навечер да не му ги пружам алиштата. На евтина струја пуштам машина, тоа ти е. И еве не здрави прави.
Аjде еве даа оставиме настрана тие бабини деветини а ова што викаш си била после десетина дена излезена а да си била породена природно и да си поминала низ тоа jако искуство да ja осетиш болката и се што носи пораjгааот на една жена маjка кога сите коски се кршат во телото ,кога при здрава свест каде нема беганjе се соочуваат со тоа преубаво искуство немаше шанси да излезиш првиот месец ке сакаше мир и тн, а со царски рез искрено заспивате и бебето оп на рака ви го носат ,така да колку сакаш пишуваj секо има свое мислене за бабини деветини дали верува така и ти така и jас
Ова за царскиот не знам кој ти кажал дека оп детето магично го вадат од стомак и утре си кукурек. Баш со царски закрепнувањето е потешко, и не те успиваат туку цела операција ја слушаш и осеќаш само што не те боли. Јас 6 дена после царскиот не можев сама да станам од кревет. И немаат врска бабскиве глупости со тоа како си породен. Или веруваш или не, или слушаш стари или ги ставаш на игнор. А ти @Lantra09 како си породена ?
Природно се породив,за 36 часа дома бев и излегнав низ град мидер да купам. Така да Збори си во твое име не глобално. Мене пораѓајот втор ич тешко не ми падна.Ни болки ниту пак шиена бев
Bebeto ke imali grcevi ako mu se perat alistata vo masinanauciv nesto novo,da si znam za vtoro dete ako imam,samo perenje na raka
На гости кај мало бебе може да одиш кога родителите ќе ти дозволат, некои чекаат до 40 дена а некои примаат гости уште од првата недела. А и нема врска тоа дали е крстено или не. Јас сум крстена на 26 дена а дека сум била прво внуче во фамилија и од страна на мајка ми и од страна на татко ми уште од прв ден сме имале гости. Моите ни ми ставале ножеви, секири и други глупости под перница, само одржување хигиена и толку па еве ме сега 30 години подоцна спремам свадба и сум здрава и жива.
И тоа маjка ве прави што не сте го доживеале наjубавото чуство на пород а да маjки сте али на друг начин За тоа подоле жената шо отишла по мидер да маjка ти си од тие модерните jаките шо после пород спремни сте за низ чаршиja шетанjе ,вака немам ништо против вас ама гледам вака арни сте па и jас си земам за право чупе А jас сум породена природно наjyбаво чуство на болка и осет кога го истргуваат докторските раце за раменца откако ке излези главчето и подадено право на срце сеуште папче непресечено така да секоj со свое искуство како поминал и така натаму с за бабини деветини не ми е гаjле ,jас моето мало конечно роденон наместо да си посветам внимание jaс да го шетам нсдвор од дома пф цел живот има време за шетанje нашите 40 дена ги поминсв во уживане дома капенje додека порасна заживеа малку панда види свет погача си кршев за моето наjмило и си имав црвен конец на вратата не сакав да ми доагаат освен наjблиските, после месец сите добредоjдени секоj со свои уверениja
Moeto since se rodi krajot na april,toplo soncevo vreme i go setavme uste vtorata nedela.Site drugarki i rodnini dojdoa da go vidat prvite denovi i nisto mu se nema sluceno
Нешто се напна работата за повојница. Па зависи кој колку е близок. Не обраќав внимание. Мене мајка ми ми донесе и метла и крстена вода кога бев леунка. Метлата била за не знам што, но јас ја искористив за метење, а крстена вода си пиев, си го дополнував шишето со вода од чешмата. Тоа е за мене најпотребно. А за гости, кој кога се најавуваше, си ги примав. До 40тиот ден не излегов за атер на мајка ми, но низ маало одев со малиот до дуќан на пример ако имав потреба. За менструација првпат слушнав дека има некоја процедура кога ми се роди братучетка, јас имав тогаш 13 години, и ми рече мајка ми да сум и шепнела на бебето оти не сум чиста. Не ми беше јасно, ниту логично, јас не се осеќав нечиста, ама ај,послушав. Но немам потреба некого да поучувам како мајка ми мене. Господ нека не сочува сите од секакви помрачени работи.
Моето дете релативно доцна прооде, по совет на мајка ми го однесов во црква да му прочита отецот молитва, и прооде. Свекрва ми предлагаше некои адети со сечење страв, викам нема шанси. Може не е релевантно за темава, но исто не правев ниту адет кога проодува детето. Го прашав свештеникот в црква, рече нема потреба, ние на нашите не сме правеле. Бабите беа стаписани од мојата одлука, мајка ми се однесува ту како паганка ту како христијанка, ама си останав на своето. Сепак си беше ветила некоја баклава и на првата прилика ја направи, за именденот на синот ми. Е така може, во нормални услови да почестиш луѓе, наместо да се идолизира нормалниот раст и развој на детето.
Уауууу се делиме на мајки и немајки, е браво бе! Кој може да ми суди мене дали сум мајка или не по тоа како сум родила?! Па ризично беше бре луда главо, мораше царски, и што, сега не ме бива за мајка оти не ме шиеле доле туку на стомак?! Дека царскиот не боли, заебанција е нели... Ццццц што се нема да прочитам, па и од жена, МАЈКА... Да седам дома до полнолетство на детево, шо велиш, м? за да бидам добра мајка де