Majka ne ja pravi poroduvanjeto edna zena tuku odgleduvanjeto na deteto. Zarem majkite sto ihmaat posvoeno dete ne se majki? Zalno e sto ima vakvi razmisluvanja pa i uste da se napisat na forum.
А што е со подароците на повојница имам приметено дека на бебињата им ставаат привезочиња некои плави окца, а некои дека морало да му се однесе на детето златник или да му се остават пари. Мислам дека ова не е потребно ама....Што мислите вие?
Оф мори Трајанке, нели за бабини деветини збореше, нели рече јас Ангела да не се викам ако има мајка што не почитувала бабини деветини. Не туку врти сега царски природно породена, не беше тој муабетот. Едно ќе ти кажам недај боже да ти дојде ред царски да искусиш, ќе ја смениш песната тогаш.
Obicno kaj muslimanite stavaat zlatnik i plavi okca,a kaj nas koga odis prv pat kaj bebe se ostava paricka(koj kolku saka)i podarok se nosi.A toa za okcata i zlatnicite go vidov kaj edna prijatelka koja e turcinka,a mozebi i kaj nas nekoi stavaat,do sega licno nemam videno
И јас не верувам во суеверија и разни глупости, ми имаат другарки дојдено овие дена на гости, најблиските нормално доаѓаат,а и ние со малиот имаме кај моите одено. И ај бидејќи пред некој ден именден на мм рековме ќе чекаме гости кој сака нека дојде. Родниниве дали без осет или од милост значи ми идеше да избегам со бебево. Го фаќаат за лице, се натпреваруваат кој да го крене, тетка на мм дури го шлакна на лице со кармин замислете. Не знам колку пати го измив. 15 дена бебе еееј јас на лице не го бакнувам што се вели. И така нервозна си легнав и уште ми е криво, да беше некоја поотворена може и ќе ја избркаше ама ај..
Нека се и бабини деветини, ама еве заради вакви случаи може подобро е првите 40 дена да се поминат без посети. Сепак, мало е бебето, а и на мајката и таткото им треба време да се аклиматизираат, не па гости да чекаат. И уште вака кога ќе прочитам дека ги шлапаат со кармини мали бебиња Значи стварно без осет! Две недели бебе мене ќе ми биде страв да го држам во раце, не па да го бацувам. Другарка ми се породи пред месец ипол, ама чекав да поминат 40 дена, па сега планирам да отидам да ги видам.
Така слатко сум се изнасмеала на темава. хаххаха Зарем во вакви работи се верува во 21 век. Кукууу... А сестрите и докторките во болница треба да се прашаат дали имаат добиено или се подразбира дека тие неколку дена се слободни
Периодов многу плоден и треба да идам на посета кај неколку бебуши слатки и мислев да им земам цуцличка лажливка флуоросцентна (да не си го изгубат бебето навечер ), лигавче со срциња, чорапчиња од најмалите се разбира. Уште нешто да земам или пари да им оставам на родителите?
Zavisi kolku ti se bliski,ako ti se nekoi pobliski mozes da zemes i nekoe bodi ili spikozni,a ako ne si tolku bliska ne e potrebno poveke da kupuvas,a za cucla ne ti preporacuvam da im kupuvas,ako neznaes kakva cucla cuca bebeto.Ima razni cucli i bebeto na koi e naviknato od pocetokot samo takva ke fati
Јас па мислев црвен конец на вртата значи - не влегувај, имам секс. Бар цимерката така правеше. Може дете чувала, јас па будала кај ми одел паметот.
Летале пердуви низ Македонија на Валентајн Се шалам еј . За тоа да се почека бар 40 дена додека пркне бебето апсолутно се слагам, секако од медицински аспект ради бактерии, нели колку повеќе народ повеќе бактерии па вака или онака си носи поголем ризик. А тек па тоа бакнување со кармини, оно мало нежно, никако не оправдувам. Јас кај другарки не одев одма туку после некое време (а и зависи од блискоста со другарката), додека кај поблиски роднини сме оделе и порано, нормално со осет, кај бебето само накратко и толку. Што носев, хм, па обично земав некоја играчка тропка било што, по нешто на родителите, бонбониера и сл., и паричка на бебето. А другава страна ми е толку last century што не би коментирала за тоа, и така изгубив неврони додека читав...
Па поубаво на повојници да одиме и да се собираме за убави работи. Во ова време кога 70% од друштвото од детство ти е отидено во странство и не планира да се врати се радуваш на сите кои останале. И баш се радувам за секој мал бебуш кој треба да го видам
За жал има сѐ уште многу луѓе со вакви размислувања околу менструацијата. Како да треба да сме обележани во тие денови, не знам... Не само за посета кај новороденче, еве и за одењето во црква. Ми се случи ова еднаш со една колешка од факултет, бевме излезени низ град, имавме некоја работа и поминавме покрај една црква. Решивме да влеземе, да запалиме свеќи за здравје. Пред да влезам ме погледна значајно и ми рече ако имам менструација да не влегувам, не се влегувало со менструација. Се сепнав, немав слушнато такво нешто и автоматски реков дека немам (а имав, последни денови ми беа), зборовите сами ми излегоа од уста- како една реакција и одбрана за ваквата дискриминација. Зошто не би можела да влезам во црква ако имам добиено? Што е овде мојата грешност? Вака сега кога пишувам си мислам што е со оние невести кои имаат мензис на денот на свадбата? Дали тие смеат да влезат во црквата и да се венчаат или не? Исто и за посета кај бебе. Мислам дека секој свесен и совесен човек би отишол на посета среден и здрав. И секако не би го гњавел и кревал тоа мало и кревко суштество. Јас лично никогаш не сум кренала толку малецко бебе, нити сум го бакнувала, само некогаш прстињаа му ги фаќам или стапалцата или му давам да го фати мојот показалец и толку. Секако претходно ми се измиени рацете. Сум одела и во денови кога сум имала добиено и никого не сум известила за тоа, па бебињата не добиле никаков осип од мене- мислам тоа ми е апсурдно, ако некогаш случајно се погодило некое бебе да добие осип веднаш да се поврзе со ова како кај феминката погоре. Па веројатноста дека некоја од вашите роднини е со мензис или претходната вечер имала секс е многу голема, и што треба контакт да имаат само со бабите и дедовците (ова под претпоставка дека истите се повозрасни и веќе во климакс и сексуално неактивни). Вакви мислења очекувам да слушнам од некоја баба, нив не им ни замерувам, ама од млади, образовани девојки ми е запрепастувачко.
Тие 40 дена се навлезени длабоко во нашата традиција. Уствари, не само кај нас, и кај муслиманите, евреите, будистите, хиндуистите - кај сите има традиции со 40 дена. Не е нумерологија и такви глупости, туку свети списи. Еве во христијанството 40 дена е поврзано со постот, периодот во кој Исус се појавувал пред учениците и други луѓе после воскресението, деновите што Мојсеј ги минал на Синај, и други детали од Библијата. Па бројката некако навлегла во традициите за крштевка, повојница... ако сте верници, веројатно треба да прашате свештено лице дали треба да се почитува тој период на 'леунство', зошто и како. Не треба да ја бараме вината во бапски обичаи. За мензис и црква ич не ми е јасно. Не можам да сфатам како може да е нечиста жената во тој период. И тоа немажени а сексуално активни да не одат кај бебе мислам дека се глупости.
Вие не правите дистинкција од религија и суеверие, да ја познававте подобро религијата немаше да верувате во народни измислени суеверија. Какви не суеверија имам слушнато навечеер не се фрлало ѓубре, нокти навечер не се сечело, косата со пешкир не било ок да ја сушиш ќе ти опаднела, мачка црна да одбегнуеш треба цел живот у параноја да го пројдеш ако поверуеш на свака кажана глупост а ако сте религиозни бидите до крај и прочитајте што и како стои напишано а не она што зборат маалските оговарачки.
Celo vreme scitam mnogu ja prodolzivte ne mi se citaat komentarite veke ni pak ke gi otvoram,seto sekoj se dokazuva de ova de ona se vaka de taka,ajde fit koj vo sto si veruva neka si veruva. Za lantra ne e vazno kako e rodeno najbitno e iznoseno e 9 meseci zivo zdravo eee 9 meseci ne se malku da se kapi zenata vnimava na plockite nedaj boze da se lizni nanared potoa jadenje hranata se bira mn ra se pazat sekojbden vo bremenost, sekoja cest i na tie so carski i nekoi od niv sakale prirodno pa moze situacijata navela do toa da bidi izvrseno carski ,edno e site se MAJKI ne e vazen porodot se dodeka se grizat za tie najmili podaroci od gospod tolku od mene ,izvin na latinica nemam mkd vo telefon pozdrav
За ова добиено и црква имам прашано поп и добив одговор дека може да се влегува во црква само да не бакнуваш икони и да не палиш свеќа.Иначе кога му земавме на малиот голема молитва на 40 дена попот првото што ме праша беше дали си чиста јас му викам да и продолжи со молитвата.Кога излеговме мм целиот во прашалници ми вика што му значеше она: ДАЛИ СИ ЧИСТА? Кога му кажав се изначуде и ми вика така а нему му кажуваш дека ти завршило а мене не.