Девојки, дали ќе можете да ми помогнете... Сакам да купувам вреќа за спиење, за кампување, ама не знам каде во Скопје да барам. Знаете ли барем како им се движат цените?
Би требало да има онаму каде што се продаваат работи за лов и риболов, планинарење и слично. (не ме прашувај каде точно - не сум од ск) Иначе мојата ја купив околу 2000 денари.
Имам фобија од вреќиве Бидејќи многу немирно спијам ,кога бев помала редовно ме ставаа во вреќа за спиење ,демек да не се отскривам навечер ,да не сум настинела Се чувствував како Дракула во ковчег ,ни можев да мрднам ни да претнам
Ме изнасмеа! Јас баш сакам многу вреќи за спиење. Само мрзам што секогаш морам внатре уште едно ќебе да ставам зашто имаче ми е многу ладно!
Имам дома една мислам дека мајка ми ја купи од метрото во бугарија а за цената не се секавам инаку откако сме ја купиле ја нема никој спиено во неа
Ако нешто ви значи, вреќи за спиење има во YUSK, CITY MALL Мислам дека беа од 600 ден. до кај 1200 или 1500