Мене на почеток ми беше непрактична ради што се случуваше да менуваме памперси ноќе, да прокисне дете, па да ја перам и чекам да се суши или да бљуцка сред ноќ и нормално пак не перење, не ја оставав така да мириса. Од тој аспект ова со скроз новороденче @be.unique
Ве читам и боди и шпихозни облакате за спиење, на колкави бебиња и на која температура? Мојава е родена април и само на почеток облакав два слоја после по еден и така си остана. Не ми ни текна сега одкога подзалади дека може треба уште еден слој мада во спална 23 ни е ноќе се уште.
Какви два слоја на 23 степени, немаш потреба. И кај нас е таа температурата 21-22, син ми спие во боди на кимони, пижами, боси нозе, покриен со тенко кебенце и таман му е.
Па пак се технички два слоја тоа, само што нема ракави два слоја Два слоја со долги ракави облекував кога се роди на крај на јануари, ладно беше. Сега моментално исто како Bella_Stella ја спијам и мислам дека нема да променам тоа зимава (освен што наместо на кимона би ставила боди на кратки), само што ќе ја ставам во дебела зимска вреќа затоа што кога заспива е 22-23 ама навечер знае да падне до кај 20 во соба
Мојава само по шпихозни спие и се поти, а пола вечер е откриена, еднаш во вреќа ја ставив сега ко залади цела ноќ ме остави без спиење од што кенкаше и се вртеше. Јас по кратки горе и доле спијам сеуште. Два слоја сум облачала на син ми кога било ептен ладно вон грејна сезона .
Не знам точно кој тог се, не е означено на нив (на подарок добив), дебелки се прилично ама мене воопшто не ми се погоди. Материјалот од прво перење се направи со топчиња и некако чудно се стесни и сега на бебо му е кнап кај стомачето, а релативно ситно бебе е. Имам големина 0-6, а бебето е 2ипол месеци.
Гледав овие вакви вреќички за надвор за бебе што треба да се роди во јануари. Практични ли се за кога ќе го изнесувам надвор зошто е мало заскафандери или вие како ги облекувате?
Мојата се роди крај на јануари. За изнесување од болница беше со тренерчиња дебели, боди на долги, чорапи и ќебе затоа што и така само од врата до кола технички бевме надвор. А и се погоди топол ден. После за шетање исто во слоеви и покриена со дебело ќебе, не мрдаат кога се толку мали па немавме проблем да е покриена со ќебе
@LivingGlam дали е оваа страната https://direct.asda.com/george/clothing/10,default,sc.html?q=sleeping bag
Да, таа е. И да потврдам уште еднаш дека не сум видела поубави вреќички. Сега купив од Ело, пример. Поскапа е а неудобна, малото не ја поднесува.
И јас се мислев за тие од Ело, добро што не зедов. За колку време ти стигнаа до адресата во странство? И дали знаеш од Sleep and dreems какви се? Вака на слика убави дезени имаат ама не знам дали се меки.
Јас имам од Ело, предобри се. Нас ептен и удобна и ни се погоди баш зимата и еве за оваа земав сега исто. Јас ти ги препорачувам на Ело.
Имав од ело брзо ја порасна и малку тешка ми беше за облекување со патентот околу. Сега имам од Ergobaby и мн ми е полесна за облекување и неа за спиење и има можност за да се отворат од страна ногавиците за кога ќе прооди, она и сега ако и ги отворам си ги вади одма и игра со чорапите. Вреди за парите и после перење е иста.
Тие што ги спиете во вреќи со ногавици, што правиме со голите нозе? И не, да ми извинете, ама чорапи не се опција Јас едвај чекам да ги соблечам чорапите навечер да ми подише ногата
Со голи нозе е. Она сама си ги соблака чорапите , па си легнува да спие. Знам да фрлм некое тенко ќебенце на нозете, али се тоа трае прекратко.
Истото се мислев и јас и на крај и ги сошив ногавиците со неколку кончиња и сега се затворени ако сфатам дека сум направила глупост лесно се отшиваат