Мојава почна многу да се врти на стомак и обратно па затоа земав, плус за нишкање е полесно вака ако треба, со целосната се мислев ќе ми падне од раце
Оваа од Ело доле ногавиците можеш да ги затвориш, се превртува тоа. Ама мојата со боси нозе спие, чорап не сака да види, и преку ден исто без чорапи е дома.
Со шпикозни со стапалца спие па одгоре вреќичката со ногавици. Ама 1.5тог е вреќичката не е предебела. Зависи колку степени ви е во спална, ние на 23-4 вака спиеме. @Ouravanture презадоволна, ама имај,во предвид дека не се многу дебели тие со ногавици. И летна и зимска(поскоро есенско пролетна е) земав од нив, стопати перени одлично се држат.
Јас па едвај чекам термо чорапите специјални за спиење да си ги облечам, и на син ми му облекував за спиење. Мм ќе ме утепаше
Јас да споделам дека земав од Нанам. Навистина се многу меки, тоа беше еден од клучните фактори и второ дека пишува на нивната страница дека се 100%памук. Малку се разочарав кога ми стигна дека внатрешната постава не е памучна туку само надворешната. Јасно дека полнењето на зимска вреќа ќе е полиестер за да топли меѓутоа ако имаш декларација дека е 100% памук очекувам таква да ми стигне. И друго што приметив дека димензијата беше пократка за 5 сантиметри од тоа што е пишано на страната (ова пред перење).После перење разбирливо дека ке се скрати малку. Секако бебуш го собра па не беше толкав проблем големината ајде.
За големото дете земам постојано од Happy Kids. Многу се квалитетни и удобни. Има отвор за нозе. Изгледа како класична вреќичка меѓутоа стапалата се слободни. Може да се врти и да мрда колку сака. За бебето имам различни и класични и како скафандери меѓутоа не ми се практични овие како скафандер. Кај би можела јас со такви дебели ракави да спијам закопчана, не па бебе.
Од Нанам имав јас за малата. Со отвори за нозете доле и опција да не ги вадиш ноџињата ако сакаш. Ракавите се вадеа ако сакаш. Ептен ја искористивме максимално.
Потврдувам за Нанам. Многу се убави и мекички. На летната душата и ја извадивме, еве сега на зимната. Одлични се. Мада може и пролетна да си земам дека е доста топло кај нас, па со таа ќе ни биде таман.
Јас земав пролетна/есенска како и да се викаше таа од 1 тог дека и кај нас е топло со парново. Супер е и мислам таман за цела зима.
Имаме на подарок добиена вреќа за спиење со ракави долги... спиеме со клима, не е ладно. Вреќиве ги користите баш за спиење или за шетање? Кога беше бебе имав една без ракави и во неа спиеше.
Вреќа за спиење е за спиење. За шетање скафандерче или јакничка. Со долги вреќичка има мојата, од мало бебе до сега.
Спас се вреќите за спиење. Штом цело време ти се открива најпрактично ти е во вреќа. Ние сме цело време во вреќа и сум мирна дека знам си е покриен цело време.
Маж ми вика топло ќе му било, затоа што климата дува ноќе а се мислам веќе да почнам да го ставам во вреќа
Зависи колку ти е дебела вреќата и колку степени ти е дома. Јас имам две, една е дебела, една е тенка. Следи ги насоките на етикетата, би требало да пишува како, кога се користи. Многу е и битно како ќе биде облечено. Подобро да биде поладно, отколку да биде прежешко. Со оглед дека генерално над 24 степени се грее во МК, тие дебелите вреќи јас не би ни ги користела. Освен ако по маица и гаќи спие.
22-23 степени ниме во соба ноќе... па подебелка е вреќата да. Инаку си спие во кратко боди и плус тренерки долни и блузичка или пижамки
Имам вреќа од 1 тог и 2 тог. Кога ја користам потенката, за спиење ја држам температурата 19-20 степени. Не се поти, таман му е. Јас веднаш знам кога му е топло дека син ми премногу се поти. Кога ја користам подебелата, температурата ја држам 17-18 степени. За спиење ми е облечен на претенки шпикозни без ногавици и бос. Според мене ви е многу таа температура за спиење. И не знам дали не објасни добро ама и многу облека тоа за спиење. Со дебела вреќа ќе му биде топло. Макар и со пролетно-есенска. Симнете ја пример на 18 степени и со вреќичка.