Наводно ја апсорбира влагата во воздухот и ја ослободува кога ќе се вклучи и загрее. Не знам колку е ефективна, ама сум пробала кога ми бил посув воздухот да ставам хималајска сол во здела со топла вода и да ја оставам во соба кај што спиеме. Па ваљда таков ефект има и лампава. Само не знам дали вреди.
Ако влажноста е добра, не ти треба навлажнувач. Исти модел имав, само друг дезен. Топлат вреќиве, мојот жива вода се правеше ако му облечев повеќе облека со ваква вреќа и 18-19 степени. Инаку, ми текнува за вреќиве, ги зборевме и во Труднички, ми текнува дека ќе му ја облекуваше пролетта, баш ти пишував дека е многу топла. Мислам дека се водат како 3.3 тог. Пробај прво со боди на долги и долна пижама штом кај вас е под 18. Истата ја имам, не знам ни сама колку вреќи имам кај нив купено. Јас по 3 имам од бројче, се изнакупував за да менувам почесто. Тамам ќе му е така на бебе како што опиша. Ако забележиш дека му студи, ќе облечеш плус. Топлат иако ти изгледаат тенки.
Фала ти Оли. Сега е облечена во боди на куси, шпикозни и чорапчиња и покриена со јорганче. Ама спие со нас и ја покривам ко ќе се открие. Чекам да ги извади забиве веќе, сите 26526 што и растат одеднаш и да ја вратам во креветче во вреќа, зошто таму покриена нема шанси да е.
@јolene Не сакам да ти се мешам, ама чорапи во вреќа не и' се потребни. Леле тоа покривање мене ми е стресно, не можам. Еден период кога беше ни топло ни ладно, топло беше за во вреќа и ајде со покривање. Понеспана бев отколку во скок, мислам дека на 10 минути отворав очи да видам да не се отскрила. Поголемото уште спие во вреќа, 3 и пол години има и не сум навикната да покривам. Раат е вреќа
И јас ја имам зимската од Нанам, многу глупави се големините само, многу ме нервираат пошо гледам дека од што е голема не може да се врти саглам. Мојов има 6 месеци и ја земав таа од 6-18. Прв пат кога му ја облеков мм се заебаваше, ми вика оваа вреќава до прво одделение ќе ја носи Е сеа кај нас е со парно и е константна температура, околу 21 степен во спална. Ставам само шпихозни и вреќата и гледам дека му е таман. Една вечер го исклучивме парното, за проба, ама падна температурата на околу 16-17 степени и му беше ладничко, па се одлучивме да го оставаме вклучено. Иначе јас го ставам во вреќа откако се роди, преку лето ставав само боди и летна вреќа, не го мислам ич дали бил покриен или не, бар тие 2-3 часа спиење да ми се раат.
Знам, ама ај де. Да не ми настине детето . Еве денес ги соблеков, баш да видам до сред ноќ како ќе биде.
Zenski, crvecov moj 20 dena, preeska srce mi se zdrvi, kako uspeal da go iskloca kebenceto preku glava ne znam Jas vo kujna on vo dnevna na transportno. Srekja odma go vidov. A doma ni e 25-26 stepeni (pretoplo e znam, na centralno sme). Sakam vrekjicka da mu zemam. Ama da ne e debela. Imam edna doma ama kako skafander e mnogu debela. Kade ima da poglednam. Online nekoj gledav, ama ima 0,5 toga, 1 tog, 2 toga. Pretpostavuvam 0.5 toga dosta ke e za zeskovo doma. Inace spie po bodi na kratki i spihozni. I bas tenko letno kebence. @0ли help.
На 25-26 степени не треба вреќа, топло е. Или по боди на куси и вреќа тенка да земеш, многу е боди, шпикозни и вреќа. Од Нанам имам јас, задоволна сум, имаат тенки со еден слој. Ѕирни на сајтот, може и на Фејс да им пишеш, многу се љубезни и ќе ти помогнат за вреќите.
Јас на 24 само по шпихозни ја облакам. Ептен го облекуваш бебе. И тоа на 24 е пуштена во друга соба климата.
Девојки ве молам за препорака. Во спална зимно време ни е околу 16/17степени. Дали да земам вреќа без ракави или со и од каде? И каде да најдам за есеноска вреќа од органски памук?
за ноемвриско бебе какв вреќа треба да земам и од каде? Кој број и за каде се користи вреќава? За по дома за спиење ли?
Моето е ноемвриско бебе. Спиеше во зимска вреќичка од прв ден дома вратени. Бројот е од 0 до 6 месеци. Јас му имав две земено, една од бебе хоум и една од локо кроко. Максимално ги искористивме, до мај во нив спиеше, после го префрлив во летна вреќичка.
За вреќиве, планирам кога ќе залади да земам зимска вреќа. Моментално со тетра му ги покривам само ножињата. Може е глупо прашањево, што треба да се облече под зимската вреќа? Шпикозни и боди на прерамки, или премногу е тоа? Од кога обично се користи зимска вреќа? Моево не трпи многу топло, по цел ден и навечер е босо и само по боди на кратки. И тетрата навечер ја шутира, ама ја мотам околу него.