Видов во Tilla објавиле дека имаат есенски вреќи за спиење. Најмалиот број како што пишува е од 0-6 мес, дали е ок за новороденче или е големо?
Големи се, но не пречи. Син ми во таква си спиеше од прв ден. Не ни има помали, секаде е тоа најмало бројче.
Многу се мислам дали да земам вреќа со кратки или долги ракави. Мислење? И дали од Тила сте задоволни или да гледам Локо Кроко и Енци Менци?
Јас земав со долги ракави од Тила и ја немам искористено дека ќе му е топло.. Со ракави повторно не би нарачала. Нарачав од Sleep and Dreams есенска и зимска со закопчување на прерамки ама големи се . Ми е страв да го ставам да не пропадне внатре со главчето.. Најубаво да отидеш да видиш на лице место не како мене па да се чешаш
Јас имам од Локо Кроко, Нанам, Ело, Бебе Хоме и зимски и летни. На Нанам вреќичките ми се покажаа најсоодветни, а и тие од Локо Кроко ги износе убаво првата година. На Нанам ракавите им се вадат, јас никогаш не сум ги употребила. И таман е дебелината. Ело се убави, ама така подебели се зимските, а може и материјалот е таков, се потеше синко во неа. Исто и од Sleep&dreams имаме зимска, многу е убава ама не ја облековме, предебела е.
Неее, многу се убави. Баш ваква имаме и сина и зеленка. Првата зима во нив ја помина. Сега кога ќе ги видам не ми се верува дека го собирало во нив Освен ако не ви е многу ладно ноќе, по кратки се подобар избор. Бебиња не трпат многу топло, посвежо подобро ќе поднесат.
Јас се мислев од нанам да земам есенска со ракави што се вадат, ама за зимно време, дека ќе се топли кај нас дома. А за овие од кика бу на српскиве страни пишува дека е 3.3 тог за околу 16 степени ако е собата, тие мислам премногу топлат. Што мислиш за есенска на нанам?
Не знам колку тога се, ама од кика бу вреќичките се најтенки од сите зимски. Нанам се одлични сите, есенска за во зима само ако е многу топло во собата ноќе (20 степени или повеќе). Препорачана температура за спиење на новороденче е од 16-18 степени. Јас така ја одржувам температурата ноќе.