@Anika55 ќе те означам за прашање, зашто гледам имаш доста искуство. За фебруарско бебе дали да земам потенка вреќичка како на Ело летните или тие погоре на Кикабу со тоа што баш во преоден период ќе ни треба? Или да земам и зимска? Дома ни е доста топло, само со лесен јорган спиеме во зима.
За ова најдобро ако има некоја мајка породена во февруари да ти даде совет. Февруари и март е сеуште ладно ноќе и не знам како е најпаметно. Можеби е ок опција летна вреќичка, па ако има потреба додека е ладно да го допокриеш и со ќебенце, така би ви била вреќичката најискористена. Ќебенцето може да се пикне од страните под оградици или меѓу душечето и креветчето за да не може да му отиде преку глава на бебето.
@Noemi , зависи дали и колку топлите дома. Т.е колку ќе е температура во собата. На од Нанам есенските пишува дека се 1тог, зимските 2 тог. Јас пример скоро 2 години е ќерка за ноќе сега и ставам есенска ама температурата во соба ни е 20-21 степен. За во зима кога ќе почне да паѓа околу 18-19 степени преминуваме на зимска. Уште во бременоста ми беше оваа слика најдена и некако според неа се водев.
Која вреќичка е поубава, есенска од нанам или есенска од sleep and dreams ? За зимска нема да имам потреба барем така мислам (после толку читања дека зимска е баш за ниски температури) а нас дома ќе ни е околу 21 степен претпоставувам.
Ја имам вреќава од Primark од каде да видам дали е 1тог или 2тог? Барав сега и на страната да видам што пишува ама нема само ова пишува ..
Да се надополнам најдов 2.5тог е .. па ајде сега да прашам бидејќу дома ни е 23°-24° како да ја облакам за во вреќава?
Januarsko bebe e moeto.Koga se rodi lani ne uspeav da ja oblecam vo vrekicka nemase potreba so kebence bese pokriena a na nejze bodi na dolgi i tenki spikozni-vo plis ne sum oblecila ni prvoto ni sega ova .Na nozete corapki i nema potreba od pretoplenost.Doma za spienje varirase temp.od 23,24 do 22°. Vrekicka koga bi birala a za prvoto dete imav bese potenka ne zimska debela ne trpat toplo decava sekogas
Мислам дека е дебелка 2.5 тог за таа температура. Кај нас се спушта и под 20 навечер и земав 2.5 тог за моето. Јас максимум би го облекла во тенки шпихозни без боди на таа температура, дури и така може да му биде топло со вреќата.
Мајка од каде ви е перничето за бебчето и вреќичкава исто многу ми се допадна барам и јас да му земам.
Бебка (6м.) спие во вреќичка зимска 2,5тог без ракави. Температурата во соба се движи околу 19-20 степени. Облечена е само по ромпер на долги без чорапи, ама дланките и се ладни, па и лиценцето. Се плашам да не и студи или и на вашите малечки рачињата во текот на ноќта им се ладни.
Мајки ми треба совет, ние добивме вреќа од Sleep and Dreams ама некако мене како тенка ми се гледа, а зимска била дома кај нас во собата е околу 20 степени навечер. Јас сум зиморлива и последниве вечери сум покриена со ќебе и јорган и си викам штом јас сум толку покриена нели му е ладно на бебе да спие само со вреќичката?Инаку е облечено во боди на долги или кратки и шихозни. Некако ич не ми е дебела вреќата. Се мислам да нарачам од ело па да споделите какви се тие?
Од Ело се баш дебели зимските, не знам дали ќе ти одговараат за спиење на 20 степени, да не го потат. Погледни ги во живо ако можеш пред да нарачаш, во Енци Меци во Ист Гејт ги имаа.
Да провериш да не е есенската? Зимската од sleep and dreams е баш дебела, вака според слика. Јас нарачав есенска од таму од внатре е како плишана и некако баш средна дебелина ми е, ќе ти ја сликам после од дома ако сакаш. А зимската баш треба да е како јорганче, жената ми праќаше слики од полнежот кога нарачував
И јас имам и зимска и есенска. Зимската е прилично дебелка, не знам дали воошто ќе ја искористи дека топло ни е во станот. Еве слика за споредба. Извинете изгужвани се малце ама ниедна нема облечено, стојат во плакар . Некако големи му се многу од страна и ми е страв внатре да не ми пропадне. Едит: таа левата со планетите е зимска.
@Dodo1 @marrisa Дефинитивно е есенската, не ја нарачував јас, поклон е од свеки, јас само одбрав дезен, иста е внатре како таа од десно. Мене затоа ми беше чудно зошто жената мене ми кажа 1600 а на свеки 1500 Ако одиме накај Скопје баш ќе проверам во ист гејт какви се на ело.. Да се надоврзам еве слика од нашата