Zdravo na site,nova sum na forumov,ne naidov na soodvetna tema pa otvoriv nova.Majka sum na 5 i pol mesecno bebe so vroden beleg na kolenceto vo oblik na modra sliva so dolzina od okolu 2-3 cm,vo isto nivo so kozata,bukvalno samo kako intenzivno pigmentirana koza.Dali znaete za slicni ili isti belezi od ragjanje,fala mnogu,pozdrav
И јас сум родена со таков белег,мајка ми стално ми велеше тоа е колаче што го украла не знам како и од каде ама децата мои немаат и никој од фамилијата нема,јас сум единствена
Сестра ми е родена со белег на раката во близина на палецот, но не нешто голем. Мислам дека не треба да се замарте со тоа, единствено ако представува естетски проблем кога детето ке достигне одредена возраст може да го одстрани на пластична хирургија.
И јас имам, мислам дека се ретки оние што немаат. И јас сум слушнала дека демек во бременоста нешто ако украдеш детето со таков белег ќе ти се роди. Имав еден другар што на главата само еден прамен имаше чисто бел, а инаку има кафеава коса. Збореа дека мајка му украла јамболија пред да го роди Нема што да се замараш за тоа, не е ништо страшно ниту грозно за изглед.
Стрикно ваквата флека ако е е една најчесто не е страшна. Мислам дека не смеат да се шират и да бидат повеќе. Јас имам еден куп вакви по телото. Секако се испитувани. Прашајте го вашиот педијатар, ќе.ве упати што да правите.
Јас имам три белези: Емо - мајка ми вика имало некоја фирма Емо и таму не доплатиле нешто кога купувале. Бројот 4 го имам. И што беше третиот? Да се расонам па ќе ми текне... Ааа крст. А кога бев трудна крадевме сливи и другарка ми вика за да не има белег бебето да се фатам со раката на мене и ја на стомак се избришав демек и ми се појави слива на стомакот. Не верувам во овие работи, а ете ми излезе белег. Ваљда не е рак на кожа. А овие Емо, 4 и крст којзнае како испаднале така прецизно напишани на мене.
Крадев сливи и ми рекоа фати се за задник, ја за стомак и син ми има како на Мари сличен на меше и под лево раче (ама понезабележлив таму). Очигледно толку сум верувала и ете има. Не се ич гадни ,баш се симпатични.
Моето дете има шкорпија на вратот. Сигурно не сум крадела шкорпии а јас имам некој цвет на левата нога што кога му е сезона на цветање појавува црвени точки
И моето има белег на ножете на бутчето одпозади, не се сеќавам да сум украла нешто, и не личи на ништо. Го прашав педијатарот ми рече обична хиперпигментација.
И оваа тема кандидат за во под форум насмевка Ме насмеавте денес. Ме интересира што украла мајката на @gjoker4e за 4 да има. Затоа имаш 4 и во никот? А дури 3 пати прочитав да разберам за Емо, мислев вакво имаш... Сигурно 4 миљарди останале недоплатени на емо Јас едино сум можела несвесно да соберам пенкало или хартија од негде по канцеларија, среќа дете нема нигде фасцикла ниту прибор за пишување како белег. Изгледа умна сум била
Бабите не лажеа дека од долниот спрат кај свекрва и си ја однела без прашање горе на нивниот спрат Па рачунај плус од свекрва крадеш може да има катастрофални последици не дај боже.
Може ја проколнала инаку јас имав белег сега го снема па да прашам мајка ми случајно да не го вратила тоа што го земала
И јас имам такви белези "од крадење" Два. Еден на десниот бут и еден на задникот. На бутот личи на грозд, а на задникот на срце.
Јас имам на челото на средина ми е како да сум удрена,потемен ми е тој дел а кога ќе се намрштам доаѓа повеќе до израз....не знам што украла мајка ми
Аааааа те излажала другарка ти. Јас пак знам треба да се фатиш за земја,никако да се допираш по тело,затоа што кај ќе се допреш таму ќе се нацрта нештото што си го украла И синко има белег на десното бутче,јас јагода имам скинато од комшиски двор без нивно знаење,сигурно јагодата му е нацртана И ова е сигурно некоја бабина деветина,за да си го објаснат "необјаснивото".
Јас имам сличен белег , уште потемна боја од сликата кај коленото Ех сега според некои верувања на Индијанското племе тие велат дека во предходниот живот настанала насилна смрт и од повредата постанал белегот