1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врската со него ми е чудна

Дискусија во 'Канта' започната од kalinka89, 27 март 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kalinka89

    kalinka89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    8
    Последниве 3 месеци се гледам со еден многу чуден дечко и стварно неможам да го сфатам и не разбирам дали проблемот е до него или до мене. се договоривме да се гледаме но сеуште не сме дечко е девојка а зошто ????? можеби поради мојата претходна долга врска по која не е добро одма лугето да мислат дека влегвам во нова врска еднаш му реков така и тој рече ок е и онака и него не му одговарало да има девојка ????( имал катастрофална 2 год врска во која бил ужасно повреден, и не сакал повторно така некоја да го уништи ?????? цела сум прашалници неможам да го сфатам. а му реков да прекиниме а тој не сака вика кажи што ти пречи ке мениме.цела недела пукнав од нерви оти не ме бараше а после дојде со оправдување дека работел прекувремено до кај 23 часот па да не ми пречел толку доцна и рече ако сакам може секој ден да се слушаме не било проблем.незнам што да правам дали да продолжам да се гледаме или да прекинам.кога сум сама и ги анализирам работите некако незнам мислам да прекинам оти ставарно доагам до заклучок дека не му сум многу важна и потребна во животот но кога ке се видиме и ке се однесува мн убаво со мене и убаво ке си поминиме незнам едноставно си викам ајде ке видиме понатаму што ке бидни можи ке се смени .
     
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Чудна врска

    Еве сама си си го дала одговорот...Зошто чуден, кажи поконкретно? Седнете и разговарајте, самите донесете одлука дали сакате да имате врска или не, расчистете ги недоумиците и почнете од почеток, не се навраќајте на неговото и твоето минато и искуство со поранешните партнери. Секоја врска е различна од претходната. Со среќа :)
     
  3. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Чудна врска

    Можеби сеуште не сте во врска бидејќи нели ако еднаш се изгориш со благо млеко после тоа и на јогурт ќе дуваш ,значи од претпазливост и страв да не бидете повторно повредени бидејќи двајцата сте ставиле крај на долги врски. Не се мисли за луѓето ама ич ,тие како и да постапиш ќе зборуваат ,тоа им е работа . Ако подолго време немаш дечко можеби ќе речат :- Готово сега се разочара од љубов стара мома ќе остани :D не се замарај со нив ,тие секако ќе зборуваат .
    Самиот ти рекол дека ако нешто не ти чини ќе промени , му значиш а и тој тебе
    седнете и разговарајте за тоа ,да знаеш на што си.
    Поздрав ,се најдобро .
     
    На kalinka89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    5.915
    Чудна врска

    Ако ти е чуден дечково нека не те залажува тоа што убаво си поминувате кога сте заедно . Бидејќи секој може да биде различен за 2-3 саати на кафе или на прошетка . Ако гледаш дека се останува на тоа дека убаво си поминувате, а кога си сама ти е чудно и имаш некое чудно предчуство тогаш не губи време .
    Можел барем да ти се јави и да ти кажи дека ќе работи прекувремено а не да бара изговори дека би ти пречел . :?:
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Чудна врска

    Човекот е горен (како што велиш) па сега дува и на ладно. Ако е така тогаш не е чудно како што велиш чудна врска, туку дечкото чекор по чекор оди. Никаде не му се брза а и веројатно сака сигурни одговори во неговата глава.
     
    На kalinka89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kalinka89

    kalinka89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    8
    Ви благодарам за вашите совети еве ситуацијата некако ко да се подобрува ете вети и почна почесто да се јавува, вчера се јави и рече ај ќе се слусниме утре. но навистина е чуден ми вика ај сонувајме од една страна а од друга страна се гледаме после излегвање одкако ке се испратам со другарките и тој со другарите а незнам зошто а и постојано само то го вели леле само муабети ми вадат леле овај вака збораше.... а не сфакам со има лошо ако некој реце дека го видел како танцува со девојка т.е со мене или дека на бегање заминал со мене стварно не го сфакам а вика немало друга во животот негов. дефинитивно веќе незнам што да мислам и што да правам.поздрав до вас и ви благодарам уште еднаш за подршката
     
  7. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    776
    Не сфатив, не сте во врска а се мислиш дали да му раскинеш ? :?:
    Имал двегодишна катастрофална врска, а вели дека немал друга пред тебе ? :?:

    Како и да е, остави го малку да размисли. За тоа време, боже мој, размисли и ти за твоите чувства спрема него. Го сакаш ли ? Сакаш ли да бидеш со него во врска ? Ти недостасува ли ?

    За луѓето - немој воопшто да се замараш. Секое чудо за три дена. Кој нема свој живот ќе зборува - а ти гајле да си немаш. Ако го сакаш и ако тој тебе те сака - со среќа ;)
     
  8. kalinka89

    kalinka89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    8
    Не се мислам да му раскинам хехе туку да не се гледаме повеке. за сега зборуваме дека се гледа само со мене дека сега во неговиот зивот нема друга а не за порано. Дали го сакам незнам а дека ми недостига ми недостига многу.Сепак фала на советот.поздрав
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.