Сигурна си дека ова е проблемот и дека не крие ништо? Затоа што кога имаш посилни чувства за некого, и сексот е подобар. Не е понижување некој да те задоволи орално, туку е уживање и уште еден сегмент од една прекрасна врска со обострана љубов. Баш сексот ја прави поубава врската, ве поврзува, ви ги зајакнува чувствата, затоа што тогаш сте најблиски. Не може така да продолжите, мораш да го седнеш и да му објасниш дека со таквото однесување тој всушност прави проблем во вашата врска.
Vaka so decko mi sum vo vrska skoro 3 meseci, ubavo mi e vremeto pominato so nego, premnogu e romanticen i site tie raboti, no od negova strana ne gledam iskri na strast.Aj sto dosega ne sme imale seks, no ne me ni dopira, kao 15 godisni da se u vrska..
Можеби премногу те почитува, па за тоа е воздржан ( не верувам дека дома не го фрла во несвест кога помислува на тебе ). Покажи му дека си подготвена и дека му веруваш. Преземи ја ти иницијативата, но не биди нападна.
Чим велиш дека е премногу романтичен сигурно и те почитува многу па не сака да те избрзува.. Направи го ти првиот потег Викни го на “филмче“ или вечера, опушти го малку, почни да го бакнуваш по врат, соблечи му ја маицата.. абе што да ти кажувам понатаму, смисли нешто сигурно ќе има ефект.
И мене ова прашање ме замисли сега. Сега 4 различни градови ќе не делат, барем во ист град студиравме но сега тој ќе работи во некој сосема трет и ќе се гледаме еднаш месечно, и тогаш еднаш тешко дека ќе бидеме во услови да имаме секс. Значи стварно ретко... Се запрашав дали ќе издржиме така или некој од нас ќе "посегне" настрана. Темава ја разбирам во смисла врска без секс со некој кој секојдневно се гледате, но навистина морав ова да го споделам некаде и ако може некој да ми каже мислење... Почнав да мислам дека врскава нема да ни опстане.
Епа вака... Со дечко ми сме 5 години во врска, но година ипол - 2 години уназад, односи имаме на 5 месеци, на 3 месеци, на 6 месеци ПО ЕДНАШ. Го седнувам веќе безброј пати да го прашам што е проблемот, зошто не сака, дали не сум му привлечна или пак има некоја друга, тој се вади со тоа дека бил преморен, дека јас многу често, односно секој ден сум била изморена од работа како демек јас не сум можела. И еве сега, веќе скоро 2 месеци никако сме немале однос и веќе не знам што да правам. Сепак врска без секс не ја сметам за врска. Односот со него најчесто ми е како со другар проблемите да си ги казам и да си ги каже и тој неговите и толку, тоа е се. Интима никаква! Што да правам луѓе, ве молам за некој совет јас веќе вака не можам. Па и јас како жена си барам внимание од партнерот, секако и секс ми треба барем еднаш месечно ако ништо друго. Не знам што ми стана, пред некои 5-6 месеци почнав да мислам на еден другар, во смисла почнав да го гледам поинаку, најверојатно и тој мене па као проба нешто и јас го одбив веднаш со фактот дека сум во врска, иако умирав од желба но останав тогаш со желбата и по некој ден ми помина тој период. А, еве сега, од пред некои 3-4 дена почнав да мислам на еден колега од работа, што толку многу ми пружа внимание што до сега го немам осетено од страна на дечко ми и тоа многу ме влече кон него. Дури и почнав и да размислувам на тоа и да излезам со колегата, но не можам, во врска сум, а да му се скарам на дечко ми, не сакам бидејќи го сакам. Веќе не знам што да правам ќе полудам. Ве молам за совет било каков!
Многу ми е чудно ова кога го читам ... колку и да го сакаш и ти си од крв и месо и ќе попуштиш пред еден што ќе ти го пружи вниматието кое ти недостига. Седни и отворено кажи му, малку она што веќе си му кажала, а не вродило резултат, јас мислам дека треба шанса да си дадеш со некој кој ќе ти биде и пријател и љубовник. Не си во брак така што подобро е да не ги занеш причините за овој проблем ... не знам што си чекала до сега, првиот знак дека нешто не оди е немањето интерес еден за друг.
Јас да су ке му кажам во лице, или со тебе ке се плескам редовно или ке најдам некој само за таа работа, па ако сака така да го тераме животот ок, ако не среди се или да си одам по свој пат. Човече, млада девојка да нема редовен секс= фрустрација.
Ако го плеска на секое за тоа само се повеќе ќе се нервира, а тој 1000 оправдувања ќе има и ништо од тоа пак. А за параван што ќе и е ?немаат ни деца, ништо за што да се жртвува. Само колку да се рече во врска е ? па, подобро сама отколку така. Не тоа за џабе, искрено, подобро таа прва да замине отколку да дознае нешто ... во ваква ситација подобро да има друга.
Не не, јас не реков таа да најде друг, туку така да каже на сегашниов, па ако тој си ја среди психата тогаш ок, ако не да си замине, ама да си му кажесо време, да не биде после таа ваква таа таква.
Таа секако ќе биде ваква таква ако замине прва, никаде не пишува дека тој е нервозен, љубоморен и тн. ништо не укажува на тоа дека тој има некој проблем, плус тоа 2,5 год. тоа не е малку време. Подобро да биде ваква таква отколку со странец во врска, реално без интима како што треба не бива ништо и не е добро за ниеден од нив.
Да ти кажам и имаш право. На неспособните и така секогаш Цацко им е крив. Дај муклоца бе девојче, најди си нов. Немора одма врска, туку пријател со бенифиции некое време, ем да уживаш ем да си немаш обврски.
@amaranth24 мислам дека еднставно сте дошле во фаза на ладење на интимни нагони.Не го чепкај на таа тема ич ќе имаш контраефект. Почни да си посветуваш повеќе внимание самата на себе си,малку пролепшај се, почни да си преземеш сама иницијатива, самозадоволување ќе почнеш да зрачиш со самоувреност,сексапилност,сам ќе ти бара односи. Послушај ме, сакам да ти успее врската дека велиш го сакаш. Пробај го советов ништо не губиш. Дај Боже да те читаме се оправи се.
Јас не верувам во тие пријатели со бенефиции, нека си оформи врска како што треба. Ова претходно не верувам дека е неспособност, 2,5год. има интерес и го бива, после не го бива ... нема логика.
Немој одма ваков совет,она пиша дека го сака. Ти си потемпераментна но ете таа може е помека и ќе пати. Малку да бидеме повоздржани во советувањето инаку и твојот совет си е на место не дека не е,ама малку повнимателно за емоции станува збор.
Ајдеее од кога тоа е љубов кога почнуваме да мислиме ( веке пола год) на пријател, па на колега итн. Нема тука љубов има само пријателство и навика, ама девојкава уште не е свесна дека љубовта си заминала. Девојко ти не го сакаш и тоа е. Не си го троши времето. Врскава ваша ми е ко 30 годишен брак. Сигурна сум дека на моиве родители им е подобро од вас во секоја смисла.
Ве разбирам сите во потполност што сакате да кажете, но луѓе сепак станува збор за 5 годишна врска, не можам 5 години туку така да си ги фрлам во вода. Па платите заедно ги распоредуваме, заедно ги трошиме значи правиме се заедно, проблемот е само сексот и интимата што ги нема, а можам и јас да кажам сега ќе му раскинам, али не можам да се замислам како го правам тоа. Значи го сакам навистина, но како и секоја жена што сака внимание и интима сакам и јас, па затоа бидејќи тоа го немам, сексот го немам, почнав колегата да го гледам така, бидејќи ми пружа некое внимание...
Па види, можеби и си во право, а јас пак да не сакам сама себе си да си признаам дека љубов веќе нема ...
Пријатели со бенефиции а? Е така се станува к***а со бенефиции. Многу летате бе еј ! Не е на арно ова со америчкиве филмови . После нѐ не ценеле нас жените !