Чекај,стоп малце,ако ја нема љубовта досега ќе раскиневте и ние тука немаше да знаеме што те мачи. Ти си очајна и очајно сакаш да си ја спасиш врската и вратиш честотата на односите. Послушај ми го советот да не се повторувам еве оваа една недела или еден месец па после пиши што биднало. И крши нога... П.С.за раскинување секогаш е најлесно, а и најлесно е некој да те накошка да раскинењ па да ти мава сеир,секаков народ има,а ти лесно можеш да паднеш на 0 во очите на дечко ти со раскин-муабет и молчиси за тоа флертовите со колеги и други и понастрана од такви напријатни ситуации ЈАСНО?
Еве навистина не знам што да мислам веќе, дали е врскава навика или пак не, али па ако нема љубов, нема ни да се малтретирам самата себе ни пак вас да ве прашувам за совет. Но како и да е, веќе главава ми е попара станата, не можам да размислувам трезвено од сите нервози и проблеми што ги имам. п.с. Ќе гледам да ја средам врскава, па што ќе биде ќе ве известам
Не. Ние самите жени не се цениме. Ете пишува во твојот пост. Значи ако некоја девојка не сака да има врска во наредниве година или две, не смее да има и секс така? Значи таа е курва? Е дека ние сами си ги лепиме тие етикети, за тоа на мажите им е лесно. Ако некој маж немаа врска две години, може и 200 жени да легне и тој е ебач така? Така.
Во тебе е моќта да уништиш или зајакнеш. Биди мудра. И да се уништи се пак ти ќе зрачиш со сигурност.сексапил и ќе привлечеш друг што ќе ти се радува на тебе. Ама знам дека ќе се среди се кај вас барем така предосеќам. Се сакате но тоа е што е сега за сега.ќ е го надминете и ова кризиште.
Не се филмови тоа. Секоја жена си има право на избор дали ќе има траен пртнер 2години и само со него редовна интима или пријател за сексуални потреби. Тоа е сосем нормално физиолошки гледано. Е сега има и такви ко @Petra777 така што размислуваат па своите сексуални нагони ќе ги решат или со секс во долга моногамна врска или со самозадоволување. Тоа е тоа. Никој не смислил топла вода. Тоа се женски потреби.
Не е ебач , него клошар. Човек да не сака да се врзе за неекој , значи се плаши од нешто или му фали нешто. Не гледам причина зошто да не се врзеш. Мн буквално го сфааќате тој збор "врзување". Долга врска како да ги гуши. За мене секс без врска е само задоволување потребаа , што може и без маж да се направи.
И јас размислувам како тебе,порадо сама би отклоку со маж без обврски, но не ги осудувам тие што го прават тоа. Секоја жена си има право на сопствен избор.
Да не звучам грубо , таков секс го доживувам ко животински нагон. Пре би да цркнам со помагала од секс шоп , него со идиот кој глеа како на предмет за задоволување потреби
Интересен став ... од ова си патиме ние жените, па грешката да не е до мене (не сум му доволно згодна бер, ајде де, како на колегата му е таман?) да беше брак ќе се сложев, ќе трпиш, налет нека е за тие деца па, ако бркаш работа на страна тоа е. Таа сама не може да спаси ништо, тој тип не е паднат од марс па, не знае што е и како е. Плус тоа тие живеат заедно, значи легнуваат и стануваат заедно и да имаат односи 2 пати годишно, извини ама понепријатна ситуација од тоа, здравје. Има кај нив навика, љубов можеби има ама рано е некако за онаа љубов од 60 или 65год. Кажи како ќе кажеш и морално и етички е подобро крај отколку со друг на страна, зш тоа ќе се случи порано или покасно.
А размисли дека можеби ОН има здравствен проблем и се повлекува во себе си. А она ако си вложи во себеси и физички и душевно со самозадоволување НИШТО НЕМА ДА ИЗГУБИ нели? И дајте не избрзувајте во советодајна служба со непромисленици. Во брак да трпела ради деца а врска да прекинела а? А што е бракот а? Исто врска само на папир заведена...Бре во врска сум се ми се може,а во брак ќе трпам и ќутам бре во БРАК СУМ,ДЕЦА ИМАМ,ШТО ЌЕ РЕЧАТ МАМА/ТАТО/КОМШИЛУК???Е од ова си патиме жените, од ВАКВИ МАЛОГРАЃАНСКИ ВИДУВАЊА. Останете ми со здравје. Раскинувајте одма врска ако зачкрипи и трпете деструктивни бракови,да има што да се кука на форум инаку ќе го затрворат ФОРУМОВ ако НЕМА ВАКВИ СТАВОВИ И ПРОБЛЕМИ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД НИВ.
А зошто сама да се мачам со пластика и силикон, коа може мевце да си имам кога ке посакам. Мене па играчкиве не ми факаат око, а најмалку па за глумење поштеност пред народ. Еве една година не сум во врска и се неам плеснато. Аха да.
Има разлика од брак до врска, ДЕТЕ НЕ Е МАЛА РАЗЛИКА. Колку и да не ти се допаднал ставот и сакаш да го исмееш ако за нешто вреди да се жртвуваш, вреди за дете. А изборот е нејзин во што ќе вложува, дали во самозадоволување кое тој сигурно нема да и го цени и нема да рече браво мила, алал да ти е. Кое зачкрипи читај, 5 год врска од кои 2,5 два пати годишно секс. Ако има здравствен проблем се решаваи се работи на проблемот, а не се чека 2,5 год. Не ти е издржан муабетов.
Ок мисли си дека не е издржан муабетов. Јас мислам дека твојот став е многу издржан да се седи во БРАК по секоја цена ако се има ДЕТЕ. Деструктивизам до максимале ама има ДЕТЕ,трпи ќути,детето нека гледа се што нетреба и после кога ќе созрее и тоа ќе има '' прекрасен '' БРАК,за да имаме што да коментираме по ФОРУМОВ инаку маф ние работава. ЈАС АКО САКАМ ВИСТИНСКИ,ГО СПОЗНАВАМ ЧУВСТВЕНО И ДЛАБОКО ЉУБАМ И СО НЕГО И БЕЗ НЕГО МОЖАМ СО ГОДИНИ БЕЗ ФИЗИЧКИ КОНТАКТ СО ДРУГ.А ќе се самозадоволувам не велам не,со мисли кон саканиот. И да не ми е идржан муабетот во право си затоа што сите а ви се укаже прилика одма раскин и рашир нозе на секој втор смрдле. Честитки и со среќа во врските,бракот иако искрено жените со вакви ставови полесно минат низ се зошто мува не ги лазе. Што знаат тие што е ЉУВОВ,ПОСВЕТЕНОСТ,ПРЕДАДЕНОСТ,ОДГОВОРНОСТ????
Извини, колку години имаш ? зборуваме за брак без секс или за ДЕТЕ НЕКА ГЛЕДА СЕ ШТО НЕ ТРЕБА или за што? ... ти задоволувај се, тој нека си брка работа со друга или друг во најлоша варијанта и понатаму со вакво размислување немам намера да коментирам.
Читам овде и не мис е верува што читам. Врска без секс, неможе да опстане. Луѓето во врска влегуваат поради уживање и обострани задоволства а овде спаѓа и сексот. Ако партнерот не сака секс, тогаш треба да се запрашате -зошто. Секс еднаш во три месеци не е нормално и не е природно.
Знаеме дека не може ама ете погоре девојчето се запнало може и може, а по се изгледа никогаш не осетила, дури и да сакаш некого до бол и да не можеш др. да те допре, и да се контролираш и контролираш еднаш жив здрав маж што те посакува ќе те добие. Пишувам реално не некому како би му одговарало.
Ај што не чини, не чини. Туку пазете му изговор на типот: не може или не му се сака ама тоа зошто таа е изморена, втф? Овој или си плеска на страна или е геј. Барем да не го мачи девојчето, ако е се во ред сигурно ќе каже нешто на таа тема колку и да ја преќутуваат, ама штом не му ни текнува...
Незнам дали на некого му одговара врска или брак без секс. Тој што во врската не бара секс или избегнува, нема сомнеие дека нешто не е во ред со него.
Интересен муабет и интересни размислувања. Ама најмногу ме пецна кометарот или поточно коментарите на @VIK-KIV . Немањето на секс во брак и насилство/кавги во брак се две различни работи, кои различно и се решаваат. Во овој случај долкулку е во прашање немањето секс во брак, тоа не е е причина за развод или неверство. А второ, не секое зачкрипување на врска/брак посебно брак се решава со развод, а на ова ќе додадам и деца во брак што ја зголемува тежината за развод. Бракот е нешто што трае..цел живот. И тоа е успехот на една двојка да го помине и истрае во се (па и најголемите проблеми) заедно. Пред да го коментираш ова распрашај се како им е на деца со разведени родители, па после ќе размислуваш поинаку кон разводот за банална (читај недостаток на секс) работа. А кон @amaranth24 : прво пробај да лоцираш проблемот пред да видиш дали е решлив или не. Како што спомнаа претходно можеби дечкото има здравствен проблем...итн. Да не повторувам размислувања.