Што е тоа бре пријател со бенефиции ? Некој што не сака да е со мене , ама му се е** , па ај што има везе ќе си напраиме мерак а ? После така со втор, трет, пет??? Така иде тоа ? Колку такви другари имате?
Ама зашто само жените ги осудуваш за овој вид „пријателства“? Ако жената е неморална овде според тебе и мажот е исто така. Самите жени си правите да ве маргинализираат ако менувате партнери.
Според мене врска без секс/водење љубов не може да опстане. Реално гледано, тоа е некој чин што поврзува две тела, експлозија од страсти и низа емоции, така се зацврстува една врска. Но, 2,5 години со два пати годишно секс мислам дека е доста себично од едниот партнер. Може таа не го привлекува доволно иако со се се обидела, може да има и друга, а може и тој самиот воопшто нема желба за секс. Јас искрено во вакви случаеви не би и рекла да раскине, јас би и рекла да се обиде да разговара ДИРЕКТНО без да врти теми одоколу. Ако на почетокот на врската не си ги кажале ставовите сега е баш убаво време. Седни го и кажиму дека сакаш секс, сакаш страст, сакаш да се почувствуваш негова, да го почуствуваш во тебе се што ти лежи на душа кажи му, ако после тој разговор увидиш дека нема исход и никаков резултат напушти го, бидејќи кога ќе размислиш за иднината со тој утре треба да имате деца а тебе не те исполнува целосно како ќе го гледаш ти тоа? Друго, мислам дека тој воопшто не се секира за тоа, по ова што го опиша ти ми личи на ладнокрвен дечко кој не го боли уво дали тебе те мачи нешто или не,тој уствари нема ни да те прочита ако сама не му кажеш. Ајде да се 6 месеци ќе ти речев дај му време ама вака... Искрено мислам дека нема болест дечково, може сексот му е слаба страна па не го практикува многу, може чека девојкаму сама да си побара или пак си прави филмови "да не мисли она само за секс ми е, па глупо ми е да и барам.." и такви бла бла муабети.
Пријател со бенифиции е некој што е добар во кревет, ама што ти не би сакала да бидеш со врска со него, а не пак животот да го поминете заедно. Некој кој ти одговара само во сексот повремено, додека не се замараш со ништо останато на пр: дали му се допаѓа новата фризура, дали имаш целулит, дали ке ти се јави за добра нок, со кого е и каде е. Да такви пријатели во текот на животот можеш да имаш и 5 а можеш и еден. Овде не зборуваме за менување ко чорапи, туку за некој редовен во периоди кога не сакаш обврски и врзување. Подобро е да имам еден таков прјател подолго време ако не сум спремна на врска, отколку да сменам 5 дечковци додека сватам дека не сакам врска. Или додека да најдам некој за во правилна врска. Овие првиве ми се попоштени и постабилни.
За мене ова е многу тешко поимливо, кој маж би прифатил такво нешто, понижувачко е, за секс си ми ок ама за др. не, фала. А за да биде ова уште побанално, тој би да ја има ама таа да му биде тука, верна, а не такви уште 4 хаххаха И како девојка веќе има таква зделка како ќе најде некој за правилна врска кога прво скоро сите потреби и' се задоволени, сакале или не сакале да признаеме прво за да си интимен со некого треба нешто да те поврзе. Не е ова математка. А тоа што ќе те поврзе не те прави емоционално слободна и спремна за да имаш вистинска врска. Затоа постои она "жена што менува партнери повеќе за кратко време, следниот го бира за одмазда". Можеби држи место ова. Не знам, свесно не би се нафатила на вакво нешто. Математика со емоции не можам да направам.
Во ред, твое си е ако не те бива со математика ( мала шала де), мое беше да ти објаснам што е тоа пријател со бенифиции. Е сега ако сакаш ти можеш да ми објасниш каква е математиката да си подолго време сама а да користиш секс играчки.
Јас знам дека како што е лошо за мажите што се опседнати со порно, толку е лошо и за жените што подолго си користат играчки. Мажите имаат нереални очекување од обичните девојки и ги споредуваат со порно звездите, а жените пак имаат нереални очекуања од машките, мислејки дека се вибратори и дека исто толку брзо и ефикасно ке ги задоволат, без самите да се потрудат. Се што си дала природата е доволно за човекот.
Малку избегавме од темата ама кога веќе тука се отворила ваква жестока дискусија, да споделам и мое мислење. Не бе, зошто така гледаш на работите? Еве пример, ти не сакаш да си со него. Кога ќе ги земам предвид твоите размислувања од претходно, слободно можам да заклучам дека имаш од 20 до 23 години и дека врската што ја имаш ти е прва онака посериозна. И од срце ти посакувам да трае. Сега веќе умешувам лично искуство. И јас имав таква сериозна врска, го сакав повеќе од себе и мислев слично како тебе во врска со ова - пријателство со бенефиции. После неколку години раскинавме. И ајде паѓање тука во депресии, буквално никаква воља за ништо. Тој период ми траеше скоро година ипол, значи сама - без дечко. И без секс играчки, да напоменам. После веќе малку се опоравив ама пак не бев целосно спремна за врска. И тука доаѓаме до моментот кога сфаќаш дека не ти треба вибратор туку живо месо во тебе затоа што во спротивно другарката ќе ти фати прашина. Не си спремна пак да се врзеш емотивно за некого и не си одговарате карактерно али затоа си одговарате во кревет. И не дека нема ама баш никакви чувства... Мил ти е човекот, интересно ти е со него и скроз погодени сте во кревет ама како да ти објаснам НЕ ГО САКАШ. Немаш едноствано потреба да го чуеш 5пати на ден, да видиш како е, шо праи и со кого е... И вториот дел, ќе си напраиме мерак - не е тоа само секс за една вечер па да си напраите мерак. Туку подолг временски период си праите мерак за да не мораш секоја недела да си менуваш различен партнер за секс - е тоа веќе оди накај курварлук. Малку го отупев ама се надевам помогнав да ти се разјасни ситуацијава. И да немаш мислења од типот "е така се станува к***а со бенефиции." Тоа би ми било океј доколку го кажала баба ми.
Од кај знаеш па ти кога нит проститутка си имал, уште помалку па пријателка со бенефиции... И многу ти е глупа споредбава, тие две никогаш не можат да бидат исто. Од проста причина што оние таканаречени пријатели со бенефиции сами си се одбрале заедно да уживаат, а проститутката може и нејке секс со тебе али мора за пари.
А ти од кај знаеш дали сум имал проститутка или пак пријателка со бенефиции?? И да има проститутки кои мораат да имаат секс за пари ама има и такви на кои клиентот им е привлечен, па ем си земаат пари ем си уживаат, па и тие се луѓе како и сите други, не се од камен направени. Еве ти пример, наоѓам проститутка која ми се допаѓа физички а и јас на неа и се допаѓам, немам никаква одговорност спрема неа, ниту таа спрема мене, туку се гледаме само за секс, така да и тука е обострано уживањето, само што таа плус си добива надокнада.
Според начинот на кој размислуваш заклучив. Клиентот им бил привлечен? На 10клиенти, еве да речеме 1 ќе им се свиѓа. Нејсе, муабетот е дека ти ја бираш неа затоа што тебе во моментот ти се сака. Пријателите со бенефиции си се бираат самите и на двајцата во моментот им се сака и знаат дека ќе уживаат, а не како на проститутката која до самиот чин не знае кој и што ја чека. Убаво викаш, таа плус добива надокнада. Епа тука е разликата и затоа и се вика така како што се вика, сепак првенствено ради пари го праи тоа. Само не можам да протумачам дали стварно не сфаќаш или само се правиш така.
А да речеме дека некоја проститутка си има по еден клиент годишно, има привлечност помеѓу двајцата, си имаат секс, само како што реков таа плус си добива надокнада. Значи не е битно што јас сум ја избрал неа туку дека и таа има желба за секс и тука е обострано уживањето. Па и пријателството со бенефиции едниот го предложува сексот а другиот го прифаќа само што тука надокнадата е исклучена. Еве да заклучиме дека не е исто ама е слично. А може и на друг начин да го толкуваш ова, на пример бенефиција за мене е што добивам секс, а за проститутката што добива надокнада.
Дечко, ти од Марс да не си паднал? Знаеш ли ти воопшто што е проституција? Свесен си ти кој пекол го живеат проститутките? Девојките се дрогирани, тепани и третирани полошо од кучиња, за какво црно уживање зборуваш ти? Уживаат тие во сексот исто толку колку што ти би уживал и ти кога некој принудно би ти го ставил.
Да, живеат во пекол оние уличните проститутки кои малку заработуваат и точно е дека тие се дрогирани, тепани, малтретирани и лошо третирани ама ти изгледа не знаеш дека постојат и друг вид на проститутки или таканаречени елитни проститутки а тие знаат и самите да си изберат клиент по нивни критериум, да си уживаат, да си заработат добро и да си живеат живот на висока нога.
Сашко! Те молам прошетај малку по другите теми (прошири видици) доста си се закатанчил во темите за секс и само се контраш.