Можеш да видиш дека имам коменари на различни теми, така да не си во право и не се контрам туку само проширувам видици на останатите.
Во врска со проблемот на девојчето, дечкото си има некаква мака штом толкав период не му доаѓа потреба и желба за секс. Каков проблем и да си има, крајно нефер кон неа е што не разговара за тоа. Срам да ви е на сите што ја советувате таа да смени и да преземе нешто, посебно кога и самата си кажа дека направила се во нејзина моќ. Да ослабела, да се дотерала. Јас качив 10 кг откако ја почнав врската со сега маж ми па тоа не се одразува на сексот. И во грени пентис да му шетам по дома пак ќе си имаме секс. Се работи за 5 годишна врска, тие за овој период си се имаат видено и во најдобро и во најлошо. Алал да ви е жени, таа пак проблемот да си го бара во себе. Во меѓувреме да си се самозадоволувала. Тоа може да го прави и со редовен секс. Па сексот не е само брцни извади и готово. А тој нема уста да отвори, да каже зошто не му се ебе? Па и да се запуштила, тој треба да и каже дека тоа му е маката. Проблемот е во него, а се одразува на неа. И тој има одговорност кон неа. Ние може тука уште години и години да погодуваме што му е маката, он си ја знае. Демек можда имал здравствен проблем, кутриот. Ако има здравствен проблем зарем не е ДОЛЖЕН да и каже? Па живеат заедно, финансии делат, живот делат. Ама она да не го вознемирела, да не напнувала. Две години гола му лежи у кревет до него а он не ја пипка, демек она била уморна (пази молим те, јас сакав ама ти си уморна!) али битно она да не го вознемирувала. Она сама да си ја спасела врската. А во врскава не се двајца, не! Проблемот тука не е само во сексот, туку и во комуникацијата. Што и да е, он си има должност, обврска и одговорност да и каже! Па ако двајцата се сакаат, ќе го решат. И јас еднаш така сакав еден што не сакаше да си каже каква мака си има, па го отсакав и после него пак засакав друг, уште повеќе! И на другиов муабет што се отвори како офф топик: аман доста се убедувате дека ако има фак бади е курва, не се почитува, ова она. Ова не само за девојчето со проблемот, туку општо. Не сте вие тука морална полиција па да кажувате кој со кого треба да се ебе. Додека двајцата (или тројцата) се согласни, ок е. Вие ако не сакате секс без обврски, не мора да го имате. И не ми отворајте коментари од типот „ама ако едниот е во врска, брак ...“ бидејќи и сами добро знаете дека во такви случаи не станува збор само за сексот. Вам никој не ви се обрати со етикети, ама затоа вие одма со куршумите: КУРВА! КУРВА!
Избегавме од темата ама ... не прашав јас што е пријател со бенефиции хаххахах мене ми е јасно како ден што е. Не го оправдувам и мојот начин на живот и знам дека не е ок иако не вклучува играчки хахахха само не можам да го поимам и не се нафаќам затоа што вака ние кога си разговараме е зделака која на двете страни им одговара. А во реалноста се случува нешто друго, зш вака опишано ми се чини само човек во врска или во брак прифаќа баш вака напишано, друг маж тешко т.е важи се тоа ама за него, тој да е слободен, а жената ааа не, тоа не може така хаххаха Така излегува тоа брзо брзо се прешалтува сето тоа зш слободен ретко кој и да сака после се предомислува.
@Outlook со должно почитување понекогаш влијание има и околината и нивните предрасуди. Мал град поголем ризик, голем град и на сите баш им е гајле. Некој навистина не се ни замара што како кажеле другите, но кога ќе се прошири низ град тогаш е лошо. Незнам зошто некои кои не виделе со свои очи за другите даваат етикети курва, па курва. Јас навистина не ве разбирам зашто се мешате во туѓите одлуки. Мислам курва е сексуална работничка која незнае ништо друго освен секс за да заработи за парче леб. И тоа е избор на таа работничка. Сите сме девојки незнам зошто ги сместувате во некакви категории. Курва, па курва колку да ви се наслади устата. Страшно значи...
Znachi sekoja tema stanuva vakva, ke kaze nekoj problem, sleduvaat odgovori i posle se kontraat tie sto odgovorile na problemot za nekoi stavovi sto si gi imaat a ne se vo vrska so problemot. Ima tema prijatel so beneficii izjasnete se tamu. Da ne bidam oftopik, sigurna sum deka iima dolgi vrski so vakvi problemi, vsushnost sekoja dolga vrska se soochila so ovoj problem poveke ili pomalku. Problemot e sto partnerite se prezasituvaat eden od drug, vrskata nalikuva na drugarstvo i koga ke se trgne po toj pat veke nema nazad. Mislam deka koga ke se izgubi strasta megju partnerite poveke ne znaat kako da se odnesuvaat eden so drug vo intimna smisla, navleguvaat vo nekoja rutina. Jas mislam deka nema sto mnogu da se razgovara za odnosite, pogotovo ne dve godini, nema sto poveke da se razgovarate na taa tema, ke stapis vo akcija, bi te sovetuvala da prevzemes inicijativa, ti da pocnes prva, mozebi toa sto si se sreduvala edno drugo, decko ti ne go svatil na toj nacin deka sakas da imate odnosi. Bitno e i toj redok sex koga go imate, kakov vi e, onaka rutinski ili ima cuvstva?
Нашиве луѓе си ги знаеме и ако нема нешто ќе си измислат, мора занимација да се има и да се заборави на своите проблеми. А чудна работа тие врски без обврски се толку модерни и применувани и жените маркирани вака или така,а тие истите истото го прават. Тоа ти е нашов менталитет гредата во окото не си ја гледа, а трепката кај друг во око му смета. А ако мислиш предрасудите сметаат за да се одржи таква врска не верувам, тие на кои им одговара тоа народ може да крека од јутра до сутра нив не ги занима. А за слободните вакво нешто тешко, ниеден маж или жена нема да прифати или ќе прифати и сам себе ќе се лаже.
здраво девојки сакам да видам разни мисли Имам дечко помал од мене 1 година јас имам 21 а тој 20 но пробавме не ни успеа неколку пати и од тогаш нема спомнато за секс сме останувале сами но никако да каже ајде да имаме а и не му е доволно цврст..
Врска без секс (мислам на врска со пар постари од 18 години) не е врска... Не е се во сексот ама јас кога би имала дечко кој често одбива секс ако не би го решиле проблемот каков и да е јас би го оставила.. Подобро да го оставиш, а не да бараш фак бади па да го лажеш па вакви муабети излегле онакви..
Сигурно има и вакви Ако си се спогодат и двајцата или си се најдат слични, зошто би било проблем Има и асексуалци па не ме чуди ништо веќе..
Врската без секс е всушност далеку подобра. Чиста љубов наместо страст и илузија. Колку е убаво кога имаш покрај себе некој што не сака да те искористи, само да те сака и да те усреќи. Секоја емоција се забележува, со колку љубов другата страна пристапува. Ова е нешто што не може да го сфати секој, ретки се оние кои знаат како изгледа вистинската, чиста љубов и колку е посебна и најубава.
Имам врска од две години за тие две години имаме само орален секс и ништо повеќе...Во последно време почна да ми се одмилува и тоа и желбата за секс од безброј одбивања...
Како ти се одмилува желбата за секс ако воопшто немате секс? Зашто тој одбива секс и сака само орален? Сте разговарале за тоа? Всушност ако не сте разговарале сте требале одамна да разговарате за ова, сериозен проблем е. Незнам како може да функционирате 2 години само со орален секс, и не гледам разумна причина за тоа. И двајцата си пружате меѓусебно орален секс или само ти на него или обратно? Објасни ја ситуацијата поопширно за да можеме да те советуваме. Не се согласувам, каква е таа врска во која нема физички контакт, само во очи ли ќе се гледаме? Нема доволно љубов ако нема страст и желба постојано да сакате да водите љубов со некого. Затоа тоа го гледате како искористување? До кога ние жените ќе се правиме жртви дека ако имаме секс со некое машко сме искористени? Зашто искористени, не било тоа силување? Не ти било убаво во текот на чинот за да се осеќаш ко искористена? Па ние жените не сме порошен материјал за да бидеме „искористени„. Премногу бедно ми е тоа мислење. Зашто за промена вие не „искористите„ некое машко за задоволување на сексуална потреба? Па исто ни се може нели, човек не е потрошен материјал. Ако се согласам да имам секс со некого зашто да се осеќам искористено кога доброволно со желба сум го направила тоа. Како тоа ме сака некој ако нема секс со мене? Значи го добива од друго место, не е возможно, едноставно не е. Не ни сакам да имам таква врска, сакам врска со секс. Ако љубовта е толку вистинска и чиста и се нај нај нај не гледам причина зашто не би имало секс? Не е логично едноставно! Едниствената логика е дека едниот си го добива сексот на друга страна. Вратете се во реален живот и запрашајте се зашто би сакале такво љубов без секс. Чудно...
Искористување е да легнеш некоја за една вечер и подоцна да ја исмејуваш, шириш приказни за неа кај други машки. Надоградување на љубовта и врската со секс не е искористување. Не особено со личност која ја сакаш и чуствуваш за дел од тебе. Барем тоа е моето мислење.
Ако гледаш така и јас можам да го исмејувам и да ширам муабети за големината на неговиот полов огран и за кратотрајноста на сексуалниот чин, па да видиме кој ќе биде повеќе избрукан и „искористен„. Само незнам зашто некои жени уживаат да си ја препишуваат на себе улогата на жртва. Нели?
Врска без секс = детска љубов Никој не е искористен ако им е убаво и на двајцата машко-женско и обратно.
Тогаш уште повеќе ќе паѓаш во замката. Него никој нема да го озборува. Пред сите ќе зборува како те откачил и сега од љубомора тресеш глупости. На него многу повеќе ќе му веруваат отколку на тебе.