Зашто? Затоа што е машко? Прво на секого може да му се случи да налета на таков тип кој ќе ти се закачи и ќе ти симнува ѕведи додека не те легне само за може да се „пофали„ после, муабетот е дека како јас да се чувствувам искористено ако сама паднам на тоа и сама одлучам да легнам со него? Е сега ако збори сам си докажува колку е прост и не вреди да се нарече маж, ама од секој таков има уште побудала од него па нека проба. Конкретно за мене ти кажувам таков пекол ќе му направам што ќе зажали што ме стаил у уста, а резил ќе го направам пред неговото друштво пред кое се праи јак мангуп. Ама ок, јас сум една од тие што не глумат жртви туку работите ги преземаат во свои раце и умеат да се пресметаат со секаков гад на каков што ќе налетаат така да... не аптам од ова, неможе никој да ме искористи толку колку што можам јас него да му направам да се осеќа уште помизерно.
Дали некаде си видела да осудат машко што споделил голи слики од риба што ја легнал или од бивша? Да, ќе го нарекуваат гад лицемерно, но воедно ќе му се воодушевуваат затоа што ја „одработил„ рибата. Без разлика дали му е мал или голем или колку ја работел во кревет сепак ефектот дека ја работел ќе биде далеку посилен отколку првото. Дури и женската популација повеќе ќе се солидаризира со него отколку со условно наречената искористена жртва.
Женската популација секогаш ќе осуди. А и мажите што имаат барем 2 грама памет.. Туку темава е врска без секс..
Да не ја тераме офтопик темава, ама ти кажав од „силниот„ секогаш има некој што е „посилен„. Може да збори додека има јазик, а може и без јазик или заби да остане затоа ти реков дека барем јас си имам начини да замолчам некого милум или силум.
Не мора да бидат толку ,,чести'' односите, ама не чини и на два месеци еднаш доколку партнерите имаат големи нагони и апетити. Иако, верувам дека преку договор може да се постигне компромис. Патем лично, досега немам чуено за пар кој не практикува секс во врската/бракот. Ваквите луѓе ми се сведени со митот за Јети..Знаеш дека можеби постојат, али ги немаш видено.
Не ни сакам да имам искуство со таква работа, тоа е чудно и забегано според мене. Освен сеа ако не ги рачунам у средно мини врските кај што се лапавме по клупи, ама тоа не ни било љубов. Ако сакаш можам да ти напраам споредба на секс од љубов и секс без љубов.
Нема потреба да ми споредуваш, овде темата е за врски... Нема поубава врска од таква врска (без секс), поискрена љубов од таква љубов. А штом ти лично немаш такво искуство, те разбирам зошто велиш дека тоа е чудно и забегано. Лошо е да се биде роб на страстите...
Уште полошо е да на толку јака љубов да се нема секс. Или.. Да дознаеш дека партнерот го добивал сексот на друго место. Како би ми објаснила ако веќе знаеш каква е таквата врска само една причина зашто да се нема секс? (Здравствени причини се ок, врска на далечина е исто така ок, чекање до брак ајде пак ок е, друга разумна причина не гледам зашто да се нема секс ако толку многу се сакаат некои?)
Ќе напишам нешто од искуство. Многумина нема да се согласат со мене, но да повторам, искуство. Кој не ја знае споредбата, апсурдно е да ме демантира кога јас ја знам. Поназад една страна, имам еден коментар, ќе го цитирам. Имаше период кога практикував секс во врска, сметајќи дека е тоа нормално, дека е тоа љубов. Имам многу коментари тука на форумов, каде што тоа го одобрувам, оправдувам... Потоа, се најдов во врска без секс, нов свет пред мене се отвори. Дел од тој свет е опишан во цитираниот коментар. Има една изрека: ,,Она од кое паметниот се срами, будалиот со тоа се гордее". Така јас, си споделував тука се и сешто што правев, божем е тоа за пофалба... 3 или 4 години сум живеела во илузија, што денес им се случува на 99% од луѓето... @Bankarkata , ти ме праша од која причина би биле изоставени сексуалните односи. Јас велам, заради искрената, чиста и вистинска љубов. Сексот во модерното време стана ептен злоупотребен чин... Некогаш тоа беше чин кој го практикувале единствено во бракот, заради репродукција но и заради одржување на односот општо како брачен пар. Но нема да навлегувам во тоа како било некогаш а како е денес, да се навратам на моето искуство. Такво внимание, грижа, посветеност и љубов како што добив во врската без секс, не сум добила никогаш претходно. Ми стана кристално јасно дека во претходните врски немало љубов, и кога го вратив филмот назад, ми текна дека сексуалните односи беа она што не одржуваше заедно, а не вистинската љубов. Да не беа тие, врските ќе се распаднеа многу порано. Факт е дека тие создаваат зависност како и дрогата или некои други пороци. Најважното што го сфатив е дека сексот не е љубов, сексот е само страст и интерес. Но денес луѓето толку го величаат, што сигурна сум дека овој мој коментар ќе предизвика низа критикити и нафрлувања. Но јас ќе кажам, затоа што јас пишувам од искуство, ако некој не верува, нека провери. Искуството никогаш не лаже. Откако ги изоставив сексуалните односи, сфатив какво животно сум била некогаш, слепец, неразумна, нерационална, не знаев да ценам, можам да кажам и дека не знаев вистниски да сакам. Затоа бев и незадоволна, општо. Затоа имаше и расправии, љубомора, навреди, понижувања... тоа го прави сексот во врската. Луѓето мислат дека ги спојува, но всушност разорува. Со новата врска буквално во нов свет влегов, нова личност станав. Убаво ми е и среќна сум вака затоа знам што е љубов а што е лага. Одлично ги препознавам намерите на другите. Премногу научив за врските, за меѓусебните односи но и општо како стојат нештата во животот.
@Bitter-Sweet Сакам да те прашам добро хормоните не ти ли работат?Немаш ли потреба ос секс?Тоа е природна потреба и кај двата пола.
Немам потреба, ниту размислувам за тоа. Размислувам за љубов. Страстите се нешто што се контролира. Во врска без секс, нормално е телото да реагира на бакнежи или допири, тоа е природно, но разумот на човекот не дава да се препушти на страста. Тој што цени љубов нема ни да помисли да ја помати истата.
Ке те прашам нешто поинтимно ако сакаш одговори, ако не.. ок, почитувам. Настрана од тоа што не практикуваш односи, мастурбацијата доаѓа во предвид?
Мастурбацијата е речиси исто што и сексуалниот однос: истата страст, истата потреба, ист вид на задоволство, разликата е само тоа што мастурбацијата е нешто што човек го прави без својот партнер. Така што, дали доаѓа предвид, одговорот е не.
Јас на оваа тема размислувам како да сум векови наназад Еднаш сум рекла и се придржувам до тоа,секс пред брак Не х 500 пати.Малце можеби застарено размислување но се си мислам дека ако пред брак го направам тоа ќе имам грижа на совест и сл