1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска без секс

Дискусија во 'Секс' започната од bubicko, 1 февруари 2011.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.719
    Допаѓања:
    172.706
    Пол:
    Женски
    Гркот не ти бара?:o
    Барем тие се како зајци..^_^
     
    На BoyL, H.VAGA, ladyySi и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.666
    Пол:
    Женски
    Тоа да, грците имаат етикета на "безобразни" ама не' секој грк е ист , и не секој што бара нешто може и да добие, пред се сум карактер и цврсто стојам до тоа што сум го кажала, а на темава добив коментар дека сум била една од ретките што ги запознал и помалку чудна, ама гордоста пред се ;) Попрво би прифатила да раскинам од колку некој да не ме почитува и ме тера на нешто што не сакам , тоа е секој различно размислува, не' секој се согласува со мене ама тоа е.А и една год врска е премалку за било што да размислувам, баш и не верувам дека ќе сменам мислење.
     
    На VictoriaSan, cresa-jagoda и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  3. BigliMigli

    BigliMigli Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2015
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Ќумрам . Се си е тоа во ред и гордоста и почитувањето. 21век сме, не би можела да помислам на врска вез секс.
     
    На BoyL, Bankarkata и IvaSand им се допаѓа ова.
  4. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.666
    Пол:
    Женски
    Твое право.
     
    На Tanjamm и GrevMk им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    И заглавите цел живот со некој кој не може никогаш да ве задоволи...
     
    На BoyL, Annath, 1209 и 14 други им се допаѓа ова.
  6. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.723
    Многу луѓе се заколнале на целибат ако одиме до крајности, и пак подолго живеат од тие шо се рмбаат 3 пати на ден:smoke:
     
    На Βικτωρία му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.719
    Допаѓања:
    172.706
    Пол:
    Женски
    Секој како што му е убаво. Нема поента да се убедувате во спротивното...
    Како ви е убаво, така да си правите...
    :)
     
    На Annath, Bender Rodriguez, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Имањето секс е природна појава. Треба да се има секс пред брак и потоа. Менувањето партнери во сексот е дел од откривањето на љубовта кон партнерот, но не и целосно. Љубовта кон некого не може да биде само од секс, тука постојат и други работи кои повеќе од половина се важни за врската. Мажите како мажи, добиваат самодоверба со редовен сексуален однос. Тие секогаш ќе бараат некого да легнат, небитно дали е истиот партнер. Едноставно таква им е природата. Има исклучоци и кај мажите, но тоа е реткост. Просекот е барем еднаш неделно за да функционира маж на иста бранова должина после претходниот секс, во спротивно губи самодоверба и лесно им се потчинува на другите мажи во секојдневните активности. Доколку мажот не најде соодветен партнер, се стимулира со мастурбација барем еднаш неделно, но со тоа ја задоволува само физичката потреба, не и психичка.Оттука се тргнува и потребата од секс на редовно ниво коешто стига до вас жените, па која како си го свати нели.
    Жената треба редовно да си го воздигнува мажот до облаци како би функционирал како на денот кога ја запознал. Пред брак мажот си ја бара жената со која може редовно да си добива ист стимуланс на љубов и секс. Најпрво ја гледа физички, па психички, па дури потоа стапува во врска. Врска без секс кај мажите се смета за пријателство и истото се смета дека нешто на мажот му фали од типот на физичка повреда и не се коментира во нивното поблиско опкружување. Брак без деца се смета за љубов без секс и тука едноставно кружи коментарот, немаат деца без да се бара причина.
    Постојат иљадници врски без секс, но тука еден од партнерите не функционира нормално.
     
    На Luminary, Mishela, Bankarkata и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Ако имав однос со сите дечковци со кои се гледав, ќе се срамев сама од себе. :| Зборам "сите" како огромна бројка, не се 20, но поради тоа што кај сите гледав интерес само за таа работа, затоа беа и побројни а и брзо завршуваше секоја моја врска.
    А и да сум ги сретнела на улица ќе си бев гневна на себе цел живот.
    Не знам што е толку чудно што не сфаќаат? Хормони работат да, но не е потреба како храна, вода.
    Се може, за однос никој не умрел, туку од однос. Молион болести, абортуси и.т.н.
    Не ти е застарено мислењето, баш напротив сосема трезврно размислуваш.
    Иста бев и ништо не изгубив. :)
     
    На cresa-jagoda, celineparis, WinterGirl16 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880

    Мило ми е што си доживеала поубава љубов од претходно, но сакам едно нешто да ти кажам.
    Жал ми е што си имала такви искуства да го прогласиш сексот за непријател во љубовта, и знам точно на што мислиш, сум имала и јас такви врски. Тебе искуствата ти биле такви да заклучиш дека сексот и љубовта се исклучуваат едно со друго. Кажи ми искрено, не познаваш брачен пар кој зрачи со љубов, почит и разбирање, притоа и страст? Јас, за моја среќа познавам еден куп, што 30годишни, што 50 годишни , кои се почитуваат неизмерно и со очи се пијат, и едвај чекаат да се превртуваат по чаршафи и после години заедно :)
    Сексот е далеку од само страст, а пак интерес уште подалеку. Сексот не е само биолошки нагон.
    Сексот е животна енергија. Сексот создава и буквално нов живот, и нас не полни со животна енергија.
    Сексот може да биде најубаво духовно спојување на две души и две тела, емоционална и физичка екстаза.
    Ти си решила да имаш само љубовно пријателство, а не љубовно партнерство. Зашто сакаш да го исклучиш телото во животот? Сметаш дека е грешно? Тоа е како да сакаш се откажеш од храна, или од една нога. Ти како да му праќаш порака на телото дека не ти е битно, само со ум ќе живееш.
    Љубовта и физичката интимност се една целина, кога е пар во прашање. Да, сексот не прави ранливи, ама што вреди во животот да живееш безбедно и заштитено, во стаклено звоно, никогаш да не си дозволиш да бидеш ранлив за да не може некој да не повреди? Ондак никогаш не си си дозволил вистински да сакаш, целосно, со сите предизвици и ризици дека може ќе бидеме повредени. Кој може нешто да ни гарантира во животот, дека ќе трае вечно? Никој. Можеме само да го прифатиме предизвикот целосно, со срце, тело и ум, да влеземе. Јебига, радоста што можеш да ја доживееш вреди за секој ризик. А ризик, има во секој чекор и во секој момент во животот. Али вреди. Ти реално во оваа врска си си скроз безбедна, немаш секс, не си му се предала целосно и физички и емоционално како ни тој тебе, и сигурни сте си, нема шанси да се повредите еден со друг. Имате само духовно пријателство, и сигурни сте дека тоа може да трае цел живот. Ама, немате партнерство. Ако немате секс, значи сте се откажале од идејата за деца и потомство?
     
    На Priroden, Annath, 1209 и 23 други им се допаѓа ова.
  11. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Да не испадне дека ружи ми цветаат и се фалам, јас и сопругот сме ти таков пример. И без однос неколку год. и по однос сме исти... Еве во нејзино име одговарам, јас се извинувам , но и она го знае истово.
     
    На Βικτωρία му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Искрено, нема таков во моја околина... Но како што пиша @Petra777 , донекаде запознаена сум со нејзиниот пример. Но јас не зборев за брак. Во бракот се знае кој на кого припаѓа и во ред е да се има целосна препуштеност, но во врска тоа е себично. Целосна препуштеност треба да се дозволи само на една личност, а тоа е животниот сопатник. @Βικτωρία еве тоа го знае. :) Секоја чест девојко. :clap:
     
    На cresa-jagoda, Petra777 и Βικτωρία им се допаѓа ова.
  13. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.163
    Пол:
    Женски
    Добро Битер, разбравме дека си била зацапана во некој, а тој не те сакал,те користел само за секс, но тоа не е причина да забегаш во некој филм дека сите девојки што имаат секс се искористувани
     
    На Priroden, 1209, Mishela и 22 други им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Откога си се препуштила, малку касно ти е за целосно да се чуваш на една личност.
    Туку, еве, јас од лично искуство да ви зборам.
    И јас конечно ја најдов љубовта на мојот живот, онаа повисока љубов, она кога си сигурен дека тој е вистинскиот.
    Многу брзо од кога ја започнавме врската знаев дека тоа е тоа, ама не знаев каков ќе биде сексот, и тоа и те како ме јадеше. Ми беше страв дека сексот нема да биде добар, тоа нормално ствара фрустрации. Како може да функционира еден пар (еве, не мора во врска, нека е во брак) ако знаеш дека партнерот не те исполнува сексуално, знаеш дека има нешто далеку подобро, дека некој таму некаде може да те задоволи.
    Среќа, на сексот не можам да се пожалам :rofl:
    Сега веќе врската е далеку поцврста, кога е исфрлен тој сомнеж. Имаме долги периоди кога сме без физички контакт, ама не ми недостига ниту секс, ниту имам потреба да мастурбирам. Ми недостига тој, но не како сексуален објект. Тоа е една повисока љубов.
    Дали заради тоа би се оградила од секс во врската? Не! Кога двете личности се психички зрели и здрави сексуалните односи нема никогаш да предизвикаат разор, негативни чувства или љубомора.
    А ако некој си има психички проблеми, подобро во врска да ги откриеш отколку во брак.
    Затоа постојат врските, да ја запознаеме личноста со која го продолжуваме животот. Во спротивно, слободно би можеле да се мажиме на слепо.
     
    На Priroden, Annath, Babyby и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Попаметно е човек да учи на туѓи грешки, така? Но пуст инает.
    Куп женски се искористени без да се свесни за тоа и уште да се правдаат, жално е. И машките и женските го прават тоа. Работата е што тие всушност се во заблуда. Мислат дека сакаат и дека се сакани а всушност се робови на своите тела. Не е љубов да се грижи човек дали партнерот ќе биде добар во кревет. Има поважни работи за грижа.
     
    Последна измена: 28 септември 2017
    На cresa-jagoda, Orthophill, Vitaly и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.163
    Пол:
    Женски
    И ти тоа го научи од твојата грешка, дека не треба да имаш секс до брак и дека треба да ги навредуваш сите што имаат?
    Кој те излажа дека не можеш да бидеш повредена ако немаш секс?
    Ете во врска си неколку години, без секс, го сакаш, му веруваш, убедена си дека ова е тоа вистинското, дека вие имате нешто за кое другите може само да сонуваат и оп, еден ден дознаваш дека типот цело време си се задоволувал на страна. И сега ти нема да бидеш повредена само затоа што "не си му дала"?

    Кога имаш чувства за некого, секогаш постои можност да бидеш повредена, без разлика дали имате секс или не.
    Не постои стопроцентна заштита од повредување, може само да го намалиш ризикот со тоа што ќе размислуваш трезвено и објективно, ќе бидеш резервирана, барем на почетокот, а не да леташ во облаци само затоа што некој ти симнува ѕвезди и најбитно, немој да правиш со сила нешто што не сакаш само за да го задоволиш дечкото(не мислам само на секс).
     
    На Priroden, Annath, Babyby и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Со што ги навредив?

    Тоа не може да се случи, затоа што станува збор за љубов, сфаќаш? Оној кој вистински сака некого, се грижи и се труди со сета сила и сите средства за него, да биде среќен, да се чувствува сакано. Не верувам дека ти си доживеала таква љубов, затоа не знаеш да направиш разлика.
     
    На cresa-jagoda и Таа Сум им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Не, само ти знаеш што е љубов.
     
    На Priroden, 1209, Mishela и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    На кого тоа му се обраќаш не знам, но ќе ти кажам

    Ова сигурно не е.
     
    На cresa-jagoda и Таа Сум им се допаѓа ова.
  20. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.163
    Пол:
    Женски
    Јас па со цел памет тргнав добронамерно да ти објаснам некои работи.:o
    Терај си магарето, еден ден кога ќе дознаеш дека дечко ти има картичка за редовни муштерии за пред македонска, или дека е импотетентен, или евентуално геј, падот од замислените височини во кои си сега ќе биде многу болен.
    Само еден Господ знае во кој филм тогаш ќе влезеш.
     
    На Priroden, Babyby, Mishela и 10 други им се допаѓа ова.