1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска без секс

Дискусија во 'Секс' започната од bubicko, 1 февруари 2011.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    И што ќе направиш после брак, ако сексот е за никаде?
     
  2. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.163
    Пол:
    Женски
    Боже сачувај какво прашање, па она е возвишено битие, нејзе не и треба секс, не е курва како нас, неспособна за вистинска љубов.
     
    На Priroden, Annath, 1209 и 20 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Абе фино секој си искажува мислење и си ќути и тогаш се наоѓа некоја светица и најморално битие на светот, а полна со предрасуди, па ги направи сите што мислат различно од неа курви, изгубени души или беднички што никогаш не почувствувале љубов.
    Од целото мое мислење во кое пишувам дека не ми е потребен сексот и дека без размислување би останала во врската без секс ти единствено што разбра е дека сум имала секс, а @Bitter-Sweet?
     
    На Mishela, Gosh, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  4. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    2.276
    Пол:
    Машки
    Не напаѓајте личност што не ја знаете...немаме...немате сите исти карактери,сваќања и ставови...секој став треба да се почитува.Никој/а не е божица или светец ако имал/а или немал/а однос или што да е.Секој има право да го прави тоа што го исполнува и прави среќен....останатото само си доаѓа.
     
    На Priroden, anonymous16, Someonespecial и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Сексот не е она што мене ме исполнува... но еве ќе ти одговорам. Ако во бракот испадне дека интимните односи не се добри или ете се, како што викаш, за никаде, отворена и искрена комуникација ќе го реши тоа. И никаде не нареков некого

    Моето си го кажав и мислам дека беше доволно.
     
    На cresa-jagoda, Таа Сум и carangigia им се допаѓа ова.
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    96.161
    @Bitter-Sweet КОЈА е разликата помеѓу љубов без секс и љубов со секс? Ако е љубов, љубов е бе девојко. Крај.
     
    На Babyby, Kitten, Mishela и 19 други им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Па веќе ја напишав разликата. Нема потреба да го повторувам истото.
     
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.719
    Допаѓања:
    172.706
    Пол:
    Женски
    Дечки и девојки, не е предмет на дискусија интимата на Битер.
    Разговарајте на темата, без навреди ве молам.

    Благодарам за соработката :)
     
    На cresa-jagoda, Dadusicka и elimkd им се допаѓа ова.
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    96.161
    НЕМА разлика. Ти можеш да полемизираш на темава до утре и назад, ама ако има поддршка, разбирање и надополнување меѓу партнерите и сето тоа е заокружено со водење љубов, не гледам јас разлика. Оти како што реков, ја нема.
     
    На Babyby, Doozy, PiaMia и 9 други им се допаѓа ова.
  10. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    3.097
    Сексот е многу повеќе од само физичко задоволство. Ако се сакате инаку со партнерот, сте го почувствувале тоа. Деца се раѓаат ради секс, нема тука ништо срамно или понижувачко, или скраја да е, одвратно.

    Не е најбитен, тоа се согласувам. Многупати ради би лежела и би се гушкала отколку секс. Многупати сакам да ме сослуша и разбере, отколку да ме посакува.
    Го имам тоа и без секс, и со секс. Зошто е љубов.

    Најдете си особа што ве сака и во двете ситуации. Па како ќе си правите, тоа е ваше.
     
    На Luminary, Babyby, Kitten и 17 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Од каде си толку сигурна дека нема разлика?
     
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    96.161
    А ти од каде си толку сигурна дека има?! Само врски има во кои сексот е движечка сила, нема такви бракови? Нема бракови без љубов? Демек ако е брак, има се. Немој да се лажеш, а уште повеќе да се трудиш да убедуваш некој друг во твоите небулозни математики, некој кој можеби има далеку побогато животно искуство од тебе.
    Ти мора да си 'најпаметната' во секоја дискусија. Другите ништо не знаат.
     
    На 1209, Babyby, Yowannty и 8 други им се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.103
    Пол:
    Женски
    Си пиша битерка искрено, а вие полни со осуди :clap:
    Што убедувате гледајте си за себе како ви е убаво
     
    На celineparis, Vitaly, Dadusicka и 3 други им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Да не беше наопачки случајно?
     
    На Babyby, Mishela, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  15. железната лејди

    железната лејди Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2017
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Разговарај со него, прашај го што е проблемот. Доколку ти сакаш и си спремна, а верувам си затоа што иницијатираш.
     
  16. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Најпрво треба запознавање помеѓу партнерите, да знаеш дека врската ти е стабилна а не утре ќе те шутне и ќе се каеш што толку си се ,,отворила" не само телесно туку и душевно пред некого.
    Кога веќе имаш доверба во партнерот и тој во тебе сексот си доаѓа сам по себе. Не зборувам да планирате свадби и сл, но да се има врска која не стои на стаклени нозе.
    Не се согласувам дека треба да се чека до брак исто како и што не се согласувам со тоа дека партнерите треба да почнат да живеат заедно само после брак. Секако, доколку се има начин и услови најдобро е да се проба пред брак и заедничко живеење затоа што многу кажале дека брак и врска не е исто.
    Но, сепак ќе речам ако ја сакаш личноста и знаеш дека тој е вистинскиот за тебе секогаш ќе има начин. Преку разговори, промена на навики, испробување на нови нешта и откривање на меѓусебните желби и страсти и сексот може да постане подобар, ако тој претставува проблем во врската.
     
    На Плавуша123, Dadusicka, YoungandBeautiful и 3 други им се допаѓа ова.
  17. aleksandra4444

    aleksandra4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Мене ми е глупаво ова си имала односи,па сега чувај се за љубовта демек.|(
    Секој со своето,сите си имаме различни ставови.Врска без секс за мене не е врска.Сакам целосно да си бидеме предадени еден на друг,се знае дека во креветот најголемата љубов се добива;)
     
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.719
    Допаѓања:
    172.706
    Пол:
    Женски
    Добро дечки, последна опомена.

    Да не бришам, не сме деца..
     
    На Βικτωρία му/ѝ се допаѓа ова.
  19. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    880
    Врска без секс - не е врска.
    Братско-сестринска љубов. Другарска љубов. Да.
    Врска. НЕ.
    Да се разбереме дечки.
    Ако немаш секс, не си во врска. Можда оние каде што некој од партнерите доживеал медициска повреда некоја и не може да има секс ( ради хендикеп на пример), ама се договориле да останат заедно во животот. Ама тоа е друга приказна.
    Ние сме дошле на овој свет и тука разглабаме сега бидејки нашите родители имале СЕКС :D
    Нашето постоење на планетава е ради СЕКС.
    И тоа е она што го прави сексот најдоброто нешто на светов. Пошто ствара ЖИВОТ. Дали ќе створиш живот со платонска љубов? НЕ. И не можам да разберам како некој може да го потценува сексот, да го прави небитен, или грешен.
    Едино ако не е нешто религиски поврзано и условено, можам да разберам.
    Тоа што некој се осеќа искористено во некоја врска, нема врска со сексот. Има врска со тоа што можда не знаел да се почитува себеси. И тоа пак нема врска со самиот секс.
    Можеш да сакаш некого без да имаш секс со него.
    Можеш и да се сексаш без да сакаш.
    Дали можеш да имаш врска без секс?
    НЕ.
    Партнерска врска е физичко и емоционално спојување. И ништо помалце од тоа.
    Убаво рече некој претходно, во таква врска без секс, едниот од партнерите има некој емоционален или морален проблем ( и поради тоа крив му е сексот), а другиот е фригиден/импотентен, прикриен геј.

    Кутриот секс, што све мора да трпи од нас луѓето и нашите бубачки :D Жими све, со дискусијава жал ми падна за сексот.
     
    На 1209, Babyby, Kitten и 6 други им се допаѓа ова.
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Како што не е нормално да тврдиш дека е здраво да се има секс секој втор ден со различен партнер, исто така не е нормално да немаш никаква сексуална привлечност спрема партнерот со кого си 1000 години во врска.

    Во двата случаи нешто здравствено не штима...Треба да се испитаат хормони, жлезди, инфекции, и триста други работи.

    Секој си одлучува за своето тело, ама да имаш потреба за однос со 5-6 различни луѓе во текот на неделата...или... да немаш воопшто потреба ни за однос, ни за мастурбација, а да си млад човек, стварно не е здраво и никој не може да го тврди спротивното.

    Сите девојки знаеме како функционира женското тело, знаеме какво е телото за време на циклус, после цикслу, 15 дена од циклус...Сосема нормално и здраво е во одредени периоди да чувствуваш поголема потреба за секс, а некогаш да немаш никаква потреба.

    ВО ред е ако не сакаш да имаш односи со партнерот (може не е тој вистнскиот), ама упорно да тврдиш дека константно немаш никаква потреба (дури ни за сама), стварно треба во најбрз можен рок да се посети гинеколог.
     
    На 1209, Babyby, Kitten и 12 други им се допаѓа ова.