Јас ако треба да си ги кријам потребите и да се скротувам себе заради некој друг, не би ни била во таква врска. Ако нечија почит спрема мене зависи од тоа дали сум си причинувала задоволства, не ми треба неговата почит. Имам јас други квалитети поради кои сакам да ме сакаат, не заради нечии измислени морални вредности.
Кога ќе рече некој "се работела" "курва" и слично, стварно звучи како да на некој му е криво што некој сака, може и има секс со кого ќе посака. Никој вас не ве вика курви, вие сте скапоцени цвеќенца, ќе одите во рајот каде нема да ги гледате другиве, или може мислите досадно ќе ви биде? Не разбирам што упорно лепите епитети... ако сакам да се "курвам" мене никој не ме искористува, сакам бре, свесно сакам. Врска без секс е нешто кое за себе не би го одбрала. Сакам да знам дека сум сакана и со срце и со тело.
Леле, луѓе, не знам колку години имате, ама ако сте тинејџери, сакам од дното на душата нешто да ви кажам. Чувството дека некој те искористува, нема врска со сексот. Чувството дека некој те искористува значи дека ти не знаеш да се почитуваш себеси во врската. На пример, заљубена си, сакаш да бидеш со него. Тој не ти обрнува внимание, не знае да те ислуша, не покажува некој интерес за тебе. Ти се јавува да се видите за да имате секс. И ти одиш. Имате секс, и очекуваш после тоа се магично да се промени во неговиот однос. И нормално, не се менува. Дали е сексот виновен? Не, туку ти што си сакала со секс да ја добиеш неговата наклонетост. Си го трампала сексот за вниманието, и после те жеже гзот, и сексот бил крив. Или пак, некој те освојува. Долго време. Прави се за да бидеш со него. И на крај, си велиш, ај да дадам шанса. Даваш шанса. Имате секс. И после он не се јавува. Дали е сексот крив? Не, туку он те освојувал за да имате секс. Тоа е она што тој го сакал. Ама ти погрешно си ги прочитала сигналите, си верувала дека ќе добиеш цел пакет, и не си се потрудила да провериш што он уствари сака. Жените се осеќаат искористени кога сакаат со секс да ја добијат неговата љубов и наклонетост, и после тоа џиш, не бивало. Дали е сексот крив? Не, ти не си знаела да процениш, да комуницираш со него, да се испочитуваш себеси, да му покажеш што стварно сакаш. И твојата намера била заебана. Жените сакаат со сексот да добијат цел пакет, и после се осеќаат искористени. Епа. Самите дозволуваат да го користат сексот за освојување на дечко. Ако сакаш цел пакет, љубов, доверба, приврзаност, почит и страст, треба да знаеш и целиот пакет да го побараш и добиеш. Или трета ситуација ми текна. Ова нон стоп го слушам, од жени. Као, јас му се посветив максимално, се трудев за него, се направив за него, а он ме откачи. И после он е крив, ме искористи. Не е он крив. Ти си била таа што си решила се да дадеш од себе. Не си морала, он може и не барал од тебе, ама ти сама си решила се да направиш, за да го добиеш. И не си барала ништо од него. Си можела да олабавиш малце пример, да видиш он што ќе направи за тебе. Зборот ми е, не е сексот виновен за тоа што се чувствувате искористени. Ако веќе сакаш да се сексаш со него, стои си зад таа одлука. Глупо е после да се осеќаш искористено, кога сама си одлучила дека сакаш. Ама разбери дека сексот не ти ја „купува“ љубовта ниту врската. За тоа треба да научиш да се почитуваш и да комуницираш со дечкото.
Работата е што вие само си кажувате мислење, а јас кажувам искуство. Чиј став е посилен, м? Повелете пробајте ако не верувате, а не рекла казала само.
Уште не можам да разберам зошто наметнувате туѓ став .. На Битер и е убаво во врска без секс и мисли како што мисли.. Вие мислите спротивно и викате дека врска без секс не е врска.. И двете страни сте во право.. Едноставно е, оставете ги луѓето да си живеат како сакаат, без да навредувате и наметнувате ставови. Така им е убаво, ОК... и толку. Ниту вие ќе ги смените ставовите на Битер, ниту таа вашите .. и тоа е ОК. Луѓе сме.. Прифатете дека постои нешто поинакво како за промена..
Најдов нешто таман за тебе, ќе ти се најде. https://www.facebook.com/events/119...tory_type":"regular","action_history":"null"} Таман ќе научиш што е зрела сексуалност.
Не сфаќаш. Тоа што на битер и е убаво без секс си е нејзина работа, проблемот е што таа упорно пробува да го наметне нејзиниот став дека во врска со секс автоматски не постои љубов, дека истата постои исклучиво во врски без секс, дека само таа има искусено љубов, а другите се само искористувани... Еве, прочитај и го постот над твојот, таа кажувала искуство, а ние само мислење...па уште и сакала да ни ги отвори очите, а ние сме и ја затворале устата. Тој нејзин holier than thou став е тоа што ги иритира другите.
Па ако ти не согледуваш разлика во врска со и без секс, јас ли да кажам која е.. Таа се чувствува поубаво, посигурно, посакано во ваквата врска..и тоа е ОК. Не мора да значи дека сите така ќе се чувствуваат И нема потреба да ја убедувате дека сексот во врска е добар за неа. За разлика од сите твои врски, таа ги искусила и тие со и тие без секс па заклучила што и е подобро
@Dust, ние не ја убедуваме дека сексот е добар за неа, таа нас не убедува дека сме курви што не знаат што е љубов.
Не претерувај, никаде не ве нарече курви. Да било така досега избришан ќе беше зборот.. И не одете веќе офтопик, кажете си свои мислења без глумење светици Се останато ќе биде избришано
Избор е, баш како што вика Дасти - кој како му е убаво така нека си прави. Не е за потсмев ваквиот начин на живот и врска, но не е ни некакво достигнување за восхит што те прави подобар човек, не е за „секоја чест“ муабети и „отварање очи“. Но како и секогаш, така е претставено од оние со такви ставови и затоа се реакциите такви какви што се. Едни и исти наметнуваат и осудуваат, веќе е предвидливо тоа низ сите теми Ниеден консензуален сексуален чин со свесна желба од две возрасни страни не може да се нарече искористување. Точно дека сексот не треба да биде најважен и приоритетен во една врска пред чувствата, поддршката и заедничките ствари, но далеку од вистината е дека телесните страсти по дифолт ги исклучуваат вистинските емоции.
Јас си кажав мое искуство и почнаа да ме цитираат убедувајќи ме дека не сум во право, а јас знам дека сум. Јас знам точно за што пишувам. Кога другите почнаа да ме цитираат и да ми кажуваат дека тоа не е точно, не треба ли јас да си го одбранам мојот став?
За кој глупости се фативте боже сачувај, македонска работа.Може ли некако да направам да не ми стигнуваат известувања од темава?Фала
А како би да направиме споредба дали врската со секс или таа без секс биле подобри, кога биле со различни партнери? Па нели е разликата до човекот? Да не се религиозните ограничувања, дали некому оваа љубов ќе му биде сосема доволна, бидејќи сепак станува збор за желба која постои, ама се потиснува? Јас немам против кој што сака да си прави со својот живот и своето тело, само се зачитав назад повеќе страни па се исфрустрирав од некои коментари
@kravce и јас немам проблем секој да си прави што си сака со своето тело. Околу мене имам луѓе кои се во врска без секс, па никогаш не сме го ни спомнале тоа нити сме разговарале. Ама навистина, и јас се исфрустрирав од некои коментари. Не може да се споредуваат две врски ако не се со истиот партнер, а кој те сака и почитува ќе те сака без разлика дали имате секс или не.
Сум пробала. Сеа ќе ти кажам. Јас 19 години, тој 20. Јас смеѓа убава, згодна, паметна, забавна, он висок, плав со кафеави очи, елоквентен, начитан, амбициозен....и ненормално згоден. Аполон. 10 месеци заедно. Домашни седенки со друштво, театар, планинарење, диско. Ме чекаше после предавања да идеме заедно на зелен пазар да си купам накит. Тој купуваше зеленчук и идевме дома кај него. Ми готвеше. Идевме на еден курс заедно. Ко ќе станеше да презентира нешто, сите девојќи се лигавеа по него. Он .... ме гледаше само мене. Се фалеше со мене пред сите. Се гордееше со мене. Мајка му ме обожаваше. Ме опсипуваше со комплименти. Не комплименти од типот, ама си секси, и некои такви клише. Туку, оригинална си. Ме смееш, убаво ми е со тебе. Паметна си ми. Секси умница....и тако даље. За роденден ми ги купи сите цд од У2 пошто случајно му кажав дека ги сакам. Ме однесе на вечера, пица и вино. Пролетта отидовме во Маврово. Јас летам во облаци од убаво, се смеевме многу. На враќање ми кажа дека е геј. Заљубен бил во најдобриот другар.
Леле ме потсети, јас година ипол. Mи кажа после дека имал еднаш секс пред тоа, ама не му било убаво, и се заколнал дека ќе има секс само со таа што ќе ја ожени. И така, супер беше, опуштено, си шетавме, си се дружевме. После ми рече дека женско заробено во машко тело, ама лезбејка, сака женски ама му пречи мандалото помеѓу нозете Кога дојдеше ред до чинот му паѓаше... (јас 18 тој 23 )